И прво земање од градинка ме прашува кај е тати. По цел ден дома, тати, тати.. Тати е на работа, тато час ќе дојде. Океј час. Кога е слободен не го пушта ни во вц да отиде, пред врата му стои. Мама само кога не и е добро и кога треба да се успие.
Исто исто бројче. И тоа тие 2ч сум нервозна ќе го искараж зошто бара да го кренам а веќе е голем се влече плаче мамамамамама до вц кујна спална само по мене татко му не го перцепира па преморена ќе викнам да ме остави раат малце, па плачам после зошто сум лоша со него а тој само сака да си поигра со мене. Ни тие криви ни ние..се бориме трудиме и даваме 200% верувам. Секој ден плаче по мене со солзи кога одам на работа, веќе 7 месеци сум вратена и не станува полесно.. Душички се што знаат тие за нашите тежини што ги носиме ..
И јас се осеќам слично, ми фали премногу одење на работа, сега работев од дома за клиент ама не е тоа тоа. Мислам дека самата помисла да се средиш од сабајле и да излезиш од дома е тоа што ми фали најмногу. Потоа и колеги, колку и да е чудно ми фалат колеги не е исто да смениш просторија и да си направиш муабет со колегите а не дома да киснеш пред лап топ и со бебето цел ден вааа ваа, искрено кога си дадов одказ од работата од 8 до 16 мислам светот ми се распадна иако не ни бев платена колку што се платени за моја позиција и мислам дека тоа беше најголемата причина што си дадов одказ дека не вредеше да трпи бебето ама па сепак трпи моето психичко здравје зошто да излезиш од дома е пола здравје, кој сака нека каже и колку и да е стресно со бебе па доаѓање дома од работа па обврски низ дома сепак мислам дека мене тоа најмногу ми фали, да излезам од дома. Вака се осеќам како никаде да не припаѓам буквално ни афтери ни забава од работа ништо. Ама одлуката свесно се донесе и се знаеше колку ќе биде тешко кога нема можност баби да го чуваат.
Мене пак работа ич не ми фали, особено не да одам. Може да работам од дома, ама ете веќе месец ден одам и ништо убавина не видов од одење, најискрено. Секој со својот карактер, додуша јас многу години работев од дома и некако се навикнав, после кога во Лондон работев по 14 саата, го проколнував секој ден, така да, уште 3г да седам дома со детето, добро ќе ми е.
Цела бременост работев од дома, ретко по потреба одев до канцеларија. Убаво ми беше дома, не викам не, се одморив ко човек. Романтизиран период 100% ми беше. Сред работа можев и да усисам и да средам дома, и пак се ми беше сработено. Ама таа дружба со колегите (имам колешка што ми е блиска како сестра), таа динамика на терен со клиенти, состаноци, службени патувања, шефување … ми фали многу иако во тие моменти ми било пренапорно и само сум сакала да си дадам отказ и да ме снема. Дури и да работам од дома извесен период, нема шанси да имам концентрација да го правам тоа дур чувам дете. Секако мора на 9 месеци да ја пратам на адаптација и веќе на 10 целосно во градинка. Дури и да сум дома со лаптоп. Во нашето домаќинство 80% од приходот сум јас, нема шанси да ја напуштам работата. А на бебче максимално внимание ќе му биде посветено и додека сум на породилно и после тоа. Одмарањето после работа може да трпи.
Lele moram da vi se pozalam zeludnikov od vcera naduen me boli me kine i vo spienje i cel den vo apteka mi kazaa deka poveke se pozalile na ova .. ima li nekoj od vas nekoj sovet. Beba zlaten e naucil da frla gubre vo korpata pa i najmalite troski gi naoga i gi nosi vo kanta.
Што правите во случај кога вашето дете е турнато или удрено? Прашањето ми е во насока, што треба дете да се научи во однос на таа тема. Дали треба да се повлече или да врати. Не знам што е правилно. И двете имаат предности и недостатоци. Ако го учиш да се повлече и да не врати, ќе се изолира и ќе трпи, а неминовни се тие работи кај децата. Ако го учиш да врати, да, ќе има поголема самодоверба, но насилството може да прерасне во нешто поголемо и да настане уште поголема беља. Пред некој ден имавме ситуација, каде ми беше кажано дека некое другарче го бутнало моето дете и моево емотивно си плачело. Јас кажав, ти не смееш прво да удираш, но ако некој ти направи нешто, ќе вратиш. Не знам дали сум во право, но инстинктивно ми дојде тоа прво. Децата се сурови и брутално искрени. Сум била сведок, жртва, набљудувач на секакви ситуации. Ми изгледа како најлоша опција е да преќутиш. Но од друга страна, не секогаш си посилен од другиот и може да настане поголем проблем. Кое е вашето искуство на таа тема?
Јас го учам да се исправи, да си заземе став без да отстапува и да каже - Немој да ме удираш/туркаш. Нејќам да го учам да враќа, ама па и не сме биле во ептен непријатна ситуација досега. Ако се повторува со истото дете, крајно би му рекла да врати. Ама па така тепачка ќе настане и ќе се провлекува и кај него такво однесување, и не знам и јас што е правилно веќе.
Е сега ќе ви ја кажам обратната ситуација на гореспоменатиот пример, дека мајката рече детето сакало да учествува во играта ама не го примале. Син ми има другарка во школо која многу го сака, ама опсесивно дури. Еднаш ја одби, не им одговара играта, она сака едно он друго, башка ниедно детенце не игра со неа поради икс причини и моево не сака да биде поразлично и они не игра (не го оправдувам во ова). И така ја одбиваше неколку пати, она упорна, се додека не ескалираше последно и ја бутнал. Наставничката го искарала, ама и посочила и неа дека не смее да биде толку упорна ако не сака некој нели. Се случи и втор пат и трет пат и јас упорно го карам него, го советувам. Кога конечно ми пукна филмот и и реков на наставничката да ги раздвои. Седнав со детево и ми објасни дека она е нападна, не дозволува да игра детево со друг, мора со неа да е и му влегува во лице му се става за да играат заедно. Му реков, ќе ја одбиваш нема да ја пипкаш, зошто недајбоже ја удриш пак нема да е крива она, ти ќе си. Не сум паметна искрено како да постапуваме, не сакам да ја игнорира и он како и сите други, ама детето има свои навики некои кои другиве деца не ги сакаат и поради тоа ја избегаат и моето меѓу нив. И сега последниов пат и скршил некој привезок, она била нападна, земи го во раце, земи го во раце, он и го враќал она пак, на крај го фрлил на нејзината маса со муабетот дека не го сака и се скршил, па имало плачки, па имало викање. Не знам искрено како да постапам. Единствено не дозволувам да тепа, мора да се брани, ако го удрат, ама да тепа па девојчиња па, никако.
@AngelOfArh а зошто учителката не разговара со родителите на девојчето? Мислам не е во ред деца уште сега да избегнуваат некој, разбирам дека ја избегнуваат ради нападноста, ама деца се и мора да се научат дека секој има различен карактер и треба да се прифати, сепак мислам дека родителот на девојчето во случајов треба да превземе нешто, зошто детето ќе и а последици вел живот од избегнување. На тема за удирање ни јас не знам како би постапила, веројатно ќе го учам да заземе став и да стои на тоа да се реши проблемот со зборови, ама ако упорно некој го удира би рекла да врати. Јас бев од тие мирните што некогаш ги удираа, мислам не сите ама имаше неколку машки кои многу често ме удираа, и моите разговараа со нивните родители и ништо немаше ефект, еден особено беше агресивен, на крај мене ми прекурчи го затворив во училница и го истепав, па после не се осмели веќе да ме удри, уште сме пријатели денес.
Слично Прво и кажувам да се издере Не ме закачај, не ме тепај, да биде гласна и јасна дека некој нешо и праи шо не сака и после да враќа како знае. Знае дека не смее прва да почне и дека не е тоа убаво, ама и дека не треба да стои да ја повредуваат. Нека вришти и нека враќа.
Добро утро (или добар ден) од една мајка што е спиена вкупно 2 саати ноќеска. (Ако ги собереш сите сегменти од по 15 минути ). Во еднава рака спие бебе, со другава се шминкам (пробувам да се шминкам) и пијам кафе, ќе се оди на роденден (и тоа два родендени). Во меѓувреме си трпам и болки од добиено. Барем сонце да имаше да имав малце повеќе енергија, ама ајде.. ќе се издржи и вечер јово наново.
Разговараат многу, имаме убава комуникација во училиште, ама деца се и не може со сила ништо. Мое мислење е дека слаба е соработката и на родителите на девојчето, нема фидбек. Јас секој инцидент се јавувам на мајката и се извинувам, ама не може се јас да се јавувам нели, треба и другата страна да соработува. Другите родители ми велат да го оставам детето на раат, не сака не сака, на сила не може, мора да има зошто не играат 24 деца до тоа едно, ама не сум за тој начин јас.
Трансформерот мој златен денес полни четири години Дете прекрасно мое, љубов моја најмила, не постои нешто што ме прави посреќна од твојата насмевка и нас како семејство, здравје и со бебе за некој месец Благословена сум и секој ден благодарна на небото што баш јас сум одбрана да бидам твоја мајка, љубов моја. Те сакам бесконечно многу Роденденот го прославивме вчера, за да можат децата на раат да скокаат и викаат, а недела како недела, мора да е потивко. За прв пат викнавме две дечиња од градинка и плус децата на пријателите што се дружиме постојано, па се изнаиграа децата, возрасните се изнамуабетивме, се изнасмеавме, времето се погоди преубаво за седење на тераса и си поминавме препреубаво Толку трчаме со маж пред роденденот на малото и сме на сите страни, што кога ќе помине се така најубаво, заборавам дека сум викала - никогаш повеќе нема да спремам роденден и веќе кога ќе си отидат сите, ми поминуваат идеи низ глава за наредна година Ама затоа денес ништо не ми се прави, надвор сонце, ама мене не ми се мрда. Може до после ако се наканам да станам да отидеме некаде да седнеме на ручек или на сладолед или дома да си останеме Сега за сега, мислам дека сум залепена за кревет Само од сабајле направив една брза торта за да прослави утре во градинка и тоа е тоа од мене за денес. Детуле доби велосипед со помошни за роденден од мене и од татко му, ама он е највозбуден за роботот што го доби вчера од другарче од градинка Имам чувство дека деновите поминуваат бавно, оваа втора бременост брзо Знам дека едвај чекам да се породам, дури сум и нестрплива, не знам зошто, како да чекам да се случи тоа, па да се врати животот во нормала А мало морген дека туку така ќе се врати, ама ете јас сум нестрплива скроз Само знам дека оваа бременост ми делува како медитација, ми дава мир во душава и смиреност и среќа што мислам дека зрачи од мене. Добро, најверојатно и тоа дека не одам на работа па сум ваква чилл скроз Па не ме боли глава што, како и зошто и што требало да се направи, него си уживам скроз во секојдневието. Од друга страна па едвај чекам да се вратам на работа, односно да сменам работа. Уште сега сум возбудена за новите предизвици што ме чекаат во животот Ама имам време, со планирано две години породилно, може и ќе ми спласне возбудата до тогаш И сепак одлучија да излеземе, а и доста ми беше лежење за денес, одам да вдишам свеж воздух и да ја извадам мрзата од себе До некое следно читање, мајки
Ве читам. Сте развиле тема , за удирање/бранење. Јас лично би го учела да си зазема став и да се брани без да врати со удирање. Ама ако се повторува често да врати. Така и внука ми ја учиме. Таа е премногу мирно дете. И во градинка има ситуации со едно девојче константно ја закача и куби за коси. Внука ми се повлекува и дома само кажува и толку. И почнавме да ја учиме дека мора да врати ако пак се повтори. И пред месец дена, прв пат внука ми вратила и учителката видела и внука ми се нашла во лошото ќоше. И дома беше плачки дека била во лошо ќоше и дека и дома ќе биде искарана поради тоа. Ама сите и рековме од брат ми, снаа ми дека и утре ако тоа девојче ја закачува, да и врати и пак нека седи во лошо ќоше. Едноставно според мене е подобро да го научиш детето да има став кон одредени ситуации и да се брани. Нормално не да се тепа одма, ама ако се повторува често и тоа да го стори според мене е правилно. За ситуацијата на ангел, тука учителката уз игра треба да им покаже дека сите деца не се исти, и дека има деца ете посебни ( не знам што е маката со девојчето) ама дека треба да бидат прифатени. Имам другарка учителка во градинка, она на тој начин се справува со таквите ситуации. Сите сме различни, ама сепак луѓе и треба да се подржуваме и сакаме и дружиме и покрај тие различности. Вреди да се проба и ангел можеш да предложиш, ако тоа не е пробано. Може кога ќе биде прифатена и нема да е толку нападна. Инаку имам јас комшивка, 10 години е девојчето, нападна е баш, ама сите во улица знаат дека има некој проблем и ја играат и се трудат да бидат толерантни. И одма е поинаку. Се изнапишав. Извинете на долгиот пост.
Hello mums Off topic,no neznam kade da najdam za da kupam cokoladi vakvi, ako nekoj znae pls help me ..❣️ P.s cokoladi samo,ne strani koi sto gi izrabotuvaat
Лелее мајка, и јас добив синоќа бе. Дури после 2 месеци постпартум. Воопшто не ја очекував, барем не волку брзо. Заклучок; ич не ми фалела.
И јас сакам да добијам...веќе 11 месец после пораѓај уште немам,некако се си мислам ако добијам поубаво ,полесно ќе ми биде.