Јас добив по 6 месеци. Поубаво ми беше дур немав, лесно се осеќав многу. Како добив се подув во стомакот, јас имам пцос и дур немав хормоните ми се чини во поубав баланс ми беа, него сега. И јас бев повесела и се, сега сум како потпален фитил, посебно периодот пред да добијам
Денеска ставивме обетки на мојата цуца,а за еден месец здравје и во градинка ќе тргнат. Не ми се верува како лета времето толку брзо,како вчера да беше кога броев денови до пораѓај,како вчера да беше кога со ноќи бев будна поради грчеви... Еве ги сега со по 8 заби и двете,почнав и од нашето јадење да им давам,ептен малку им фали за да одат самостојно,големата дада стана послушна ептен,ми помага Успори малку време...не летај толку брзо
Јас малку оф-топик, ама каде ставивте обетки? Мојата прцла имаше три вакцини денес, и уште обетки и беа кусо... Ама за некоја недела ќе одам да и ставам, подобро сега кога е помала. Ама не знам каде да оам, не ми се оди било каде.
Јас ќе ја носам во Maxim.Во златарската уличка во ГТЦ се. Кај бебиња ги ставаат одеднаш, да не плачат, ако плачат на два пати.
Денес ми излегоа многу сториња на инста, им давале дипломи за херои на мали дечиња и бебенца, што дупнале уши кај нив.
Леле 18 месеци. Тоа се два летни одмори раат. Со првото 7 месеци бев раат, со второто 12. Сега ќе видиме. Хелоу мамстерс. 5 дена полн дом. Полна кола. Полно срце. Полно љубов. Цветање. Не ми се верува колку е мал, сладок и совршен… и мој! Ист е како дада. Она исто бебе што го имав пред 5ипол години си го гледам и сега во рацеве толку реално. Истата мала глава, истата косичка, истиот тен. Темпераментот на бато. Истиот плачко за близина и гушкање. Истите длабоко сини очи што наивно го ловат светот, како на дада и бато кога ги отворија ширум за прв пат. Секогаш кога ќе го погледнам, ги гледам нив двајца во него. Во ликот, во немирните рачиња, кога ќе го грмне гласчето, во мирисот… Ах тој мирис на бебе… Денеска исфрлав неколку кесички измолзено млеко од фрижидер. После една недела на формула и молзено додека беше на клиника, дома се учиме да дои. И научи. Иако сеуште се бори додека убаво фати и не цело време фаќа на прв обид, ама на добар пат е. Не се откажува тој. А ниту јас. Мојата последна рожба. Мое трето чедо. Со кое ќе заокружам се за последен пат одново. Првите солзи. Првите забчиња. Првите чекорчиња, првиот роденден.. уште само еднаш ќе искусам се.. за прв пат. И тажно и среќно ми е ова затворање на една ера од мојот живот. Ми текнува на моите почетоци на темава. Толку бевме заљубени со маж ми во ќерка ми.. не знаевме што не снашло. Се “боревме” кој ќе ја гушка повеќе, кој ќе ја турка количката надвор, кој ќе ја заспива дома. Се љубевме и смеевме до солзи и тажевме со неа на секој плач. Па го имавме него. Мал, бел, мекан смешко. Мислиш знаеш веќе се, а уствари секое дете те учи одново колку расте љубовта со секое од нив. Меден и сакан наш. Со третово сите ќе растеме заедно. Ќе учиме. Ќе летаме. Ќе се сакаме уште многу повеќе, ако е возможно. Ќе се гушкаме уште почесто. И ќе сонуваме до крајот на вечноста.
За обетки некаде после прв роденден не фати, тоа беше врескање, мислам уште ми маваат в мозок плачките од тој ден. Друга тема е што добив денес, си добивам секој месец од 8ма недела после пораѓај. И како би си го поминала денот во лежење и пред Тв ама ќерка има друг план. Ни Тв видов, ни лежење, ни ништо. Ај во некоја друга прилика ќе биде и тоа.
Леле @Yowannty ме расплака (позитивно). Ќе му дадам на мм да ја прочита оваа твоја објава да го убедам за второ Јас добив на 45ти ден, не можев да си поверувам, мислев ќе ме остави на раат малку повеќе, ама ништо... Еве моментално веќе втор пат имам добиено, на 25 дена ми дојде што скоро никогаш не ми се десило На тема дупнување ушиња, на која возраст мислите дека е најубаво тоа да се прави? Ние секако ќе и ги дупнеме, баба и и дедо и веќе и обетки и купија, ама немам памет кога (не ми е битно Благовец или сл).
Што помало. Јас ќерката ја однесов на 4 месеца, никаков проблем немала, еве 6 год има. Или скроз да ја оставиш да порасне па сама да каже дека сака. Околу мене сите што се со ќерки или им ставиле како бебе, максимум 6 мес, или над 5-6 год. Измеѓу пробувале неуспешно. Ставена една, другата не, или само точка ставена на увцето и не седела да се намести пиштолчето. И на 1-2-3 години си ги вадат, па и да ги дупнеш може да зараснат.
И ние не и ги дупнавме за благовец. Баш нешто тогаш ни излезе и не бевме во можност. А тогаш имаше 9 месеци. И ги дупнавме подоцна на 14 месеци. И многу лесно поминавме.
@Feniksgirl Бога молам да потрае ладново да прошетам ко човек. Веќе цел саат шетаме со количка на раат, и кафе испив дури без плачки.
Ние не сме излезени, ама вчера на камен ладноно, ја нозев на вакцина, она си заспа мислиш на плажа ја носам. Ние навечер имаме проблем, не дава да ја покриеш… од се и е топло..
Обетките ставени како адет. Денеска во градинка едвај станавме синока заглавивме со гости. Денеска едвај завршив работа на компјутер. Очите ме печат. Садови ќе мијам и земам одмор до вечерно успивање. Мм ќе ги носел во игротека. Ако...кај сака нека ги носи.