Да тој случај е веќе друго ,мојава имала ама ради жолтица не сум барала и сум паднала на килажа ,па некоја баба ја советувала млеко со бисквити ,среќа барем од кравата на дедо ми па се тешам дека домашно апла и здраво било за разлика од тоа ако сега јас му дадам на мое дете. Прво не можам да најдам домашно ,а тетрапаците не ми се сигурни до толку. Баш тоа и реков такво времето тогаш Ад немало толку сте можеле/знаеле. Имало и такви со запршка ги растеле... јас имам млеко напредува добро зошто би изведувала со такви работи . Па попрекина малку
Јас сум порасната со кравјо домашно млеко, немала мајка ми. Прво со вода разредувала после и чисто. На 4 месеци ми дала чорба од грав и леб сум спиела 5 саати после тоа. Ден денес имам проблем со желудник и општо се во стомаков знам дека е тоа не правилно хранење дури од мали нозе. Остајте што зборат мајки, свекрви, баби. Слушајте доктори а и се е сега достапно со еден клик на интернет.
Многу поважно е рано да се почне со парчиња, отколку кога ќе се почне со вкусови. Не е битно и на 3 месеца да дале сокче, кога до 3 години ќе му блендираат. Не се развива вилицата, страдаат забите, детето пребира храна заради текстура. Јас лично со двете деца почнав на 4 мес. Едното е нејадач, другото вечито гладно. И двете на годината јадеа со вилушка мали парчиња (од соодветна храна секако) без да имаат бочни заби. Јадачот краставици јаде од пред годината, ни јас не знам како. Не е тоа дека рано сум почнала, туку дека за кратко баталив блендирање. На тоа да се фокусирате е најбитно. Пасирано, рендано, сецкано. Ама тоа на 4 мес не може. Нема доволно стабилност детето да може да седи исправено за да учи да џвака. Не е поентата дај манџата ама блендирана.
Моето слабо јаде количински а сака се да проба Од 10 м кога рече бљак за блендирано ,пудинг,палента такви,овошен јогурт такви ,,кашести работи" ден денес не сака. И тогаш веќе сакала нејќела му давав наши јадења ,одбиваше каши... Сега јаде се освен тие палента ,овошен јогурт, попара нема шанси... Такви работи само во градинка се јаделе
Мајки, дали давате бебуле да гледа телевизија, телефон? Било какви стимулации? Лично јас, не давам. Мислам цел живот има да гледа и да се изнагледа. Дома немаме тв. На телефон само на Вибер на видео повик со моите чат пат. Највеќе ме чачка муабетот кога одам на гости каде што има телевизор, и бебуфка ќе се загледа ко хипнотизирана, по што добивам коментари: ,,Леле греота види ја колку сака да гледа телевизија, зашто не и дозволуваш?" Мене лично овој коментар и прашање ме вадат од такт. Најчесто одговарам дека сеуште не разбира и нема потреба.
Лично мислам дека не е добро ништо да ги анимира а тие да блејат. Искрено ние возрасните сме исто зависни од екрани и мене ми треба нешто да иде на ТВ. Не се гордеам со ова. Приметив дека е хипнотизиран на реклами, па менувам канал пуштам некои документарци со животни. Знае да види ама не се загледува. Некако не сакам да го гасам ТВ како демек дека бранам. Сакам да има опција и нешто едукативно да се гледа. И знае да си идат животни он си се игра, некои звуци на природа идат, ама не му ја реметат играта. Или пуштам Spotify музиче. Јас си имам замислино да не го правам тоа како толку забрането за да не биде најпосакувано. Туку ете имаме ТВ, оди нешто на него, ама не ни го превзема вниманието. Има толку други занимации, што нема потреба да дреме пред Тв.
Таман ти е одговорот. До 1 г не давав ништо после само тв цртани на македонски или без многу зборување ,песнички такви работи. Сега веќе има 4 има и таблет (искршен) реетко се случува да се загледа да не можам да и го земам (со плачки го зимам ) имаат време за гледање.
Давав кога ја инхалирав, без тоа немаше никакви шанси да ја инхалирам, а беше морално. Вака пуштам оние без екран што се. Ама во секој случај, веќе не знам што да мислам во ова време. Се нешто не чини, порано чинело. Да се шекне чоек од што ти прават неубаво за се.
Само нокти кога и турпијам, 5 минути. Dancing fruits и ги пуштам. Знам многу деца со последици од тв и искрено страв ми е, не планирам да и пуштам освен нешто минимално или ете до вц ако треба да отидам, ама ќе видиме, праксата ќе покаже.
Дури од 2 години почнавме да пуштаме по некој цртан, пак ограничено со време (сега не се загледува воопшто, а да му читаш цел ден ќе те слуша). Пред 2 годинки само песнички сме пуштале, некогаш на звучник а некогаш на тв поточиња, златно славејче итн. Не се замарај со глупави коментари.
Има неколку теми за екраните во кои веќе се имам изјаснето. Прееска, земала ја ишишала барбиката, и ми вика, види, косава ко на Тина Тарнер и е и зема да ја пее Simply the best. Ама стварно косата ко на Тина Тарнер беше, умрев. Гледаме еден квиз заедно The Floor, со Роб Лоу, баш е забавен, има она една енциклопедија, па кога одговараат она ги бара одговорите одма. Ептен сакам што си гледаме исти работи. Сакав некоја серија да почнеме, ама стварно не знам што би гледале заедно, а да нема премногу насилство, или сексови, или чувај боже да умре некое животно. А мислев некој ситком да најдам. Пишете некоја препорака ако имате или гледате нешто со поголемите деца. И пуштав некои класици, од таму Тина Тарнер, и ја пуштив Анбрејк мај харт, па после тоа имаше припаѓање во несвест со кореографии, емоции, пеење на англиско/брбешки јазик. И ќе и пуштам нешто и одма ме прашува, а жив-а е? Па следува многу гуглање кој е уште жив, кој умрел... Па збори со бфф на телефон сто саати, беше она на пат, па и купила нешто, леле, припаѓање. Деца и другарства, точно се сеќавам колку беа важни, најважното нешто на светот беа. И мило ми е премногу што си има таква другарка со која целосно се разбираат и се толку погодени. И така, како расне е поинтересно, со прашањата, со дешавките, со муабетите за пубертет. Ми недостасува многу да и читам пред спиење, знам, знам, пишав веќе, ама стварно ми беше еден од омилените ритуали. Да и ги гледам реакциите кога нешто ќе се случеше. А сега си чита сама, ми раскажува, ама не е исто... И викам дај да ти читам некогаш, не, не, подобро и звучело во нејзината глава кога си читала. Ко, не ти сметаше толку години, ама сега сметало. Ќе и речам бук клаб да си направиме и ќе читаме и дискутираме заедно. Не ми е лоша идејата. Ај да се одјавам, се осеќам ко да сум испила шише вино, а не сум, одамна, за жал.
Јас не сум и пуштила ништо од цртани, бејби тв, песнички и слично до сега (за некој ден ќе прави 4 месеци). Е ама телевизоров е пуштен дома и гледам знае да се загледа безврска и тогаш го гасам. Јас многу поголем противник сум за телефоните ама ајде ќе видиме во ова денешно време колку ќе ги допазиме од екрани насекаде.
Колку трае сепарациска? Неможаааам да мрднам од неа. Денски ајде ако се шмугнам некако ок е, или ќе си игра со татко и, или пак ме гледа и зборам, а јас работам во кујна. Ама навечеееер. Аууу, неможам до тоалет да одам. Еве ме легната сум во спална веќе 30 мин и ќе собирам за мочање изгледа.
@RainBow, не знам за колкаво дете се работи, јас и како помала ги гледав често старите ситкоми, Full House, Step by step и слични. Евентуално Дизни серии од типот на Hannah Montana, Suit life of Zack and Cody, Wizards of Waverly place. Со моево 2 годишно сме поминале и во период на скроз исклучен Тв. И да е под терапии, па да гледа Тв многу, ради инхалации, системи. И ограничено по 15-20 минути во цел ден. Сега веќе и сама знае да каже што сака да види.
Кај нас тв пуштаме со музика, поточиња, златно славејче, до пред скоро фаворит му беа Абба,не блее во тв знае така на поминување да погледне на 10сек и продолжува. И кога пуштаме гледаме тоа да е раскажувано од нас па ги покажува животните каде се на Дарко биберко. А цртани не, не ги гледа воопшто не му држат внимание фала богу. Ама мобилен ако види граба скрола и вришти кога ќе му го земеш. А си реков дека нема да дозволам да гледа од нас дека сме со мобилен во рака па да бара и не успеав. Ама ок брзо му поминува го тргаме викам не е тоа мама убаво какано тргаме и си наоѓа друга занимација. Сепарациска, си трае таа.. 15м е се мава од земја по мене не знам како ќе го крштеваме искрено. Татко му не дава да го земе а не па поп и кум. Готвам со него,во вц со него, сè со него залепен за нога па затоа вчера се преврте на плочки влечејќи се по мене. Добивам коментари дека кога го чувале тие (баби дедовци) бил преумен тивок си играм сам знаел граници и кај не смее да оди а со мене бил непослушен и само кенкал. да сум од карпа ќе се распаднев а не па живо суштество со чувства. Преморена го гледам едвај 2ч пробувам да бидам и мајка и жена и да е дома сè спастрено и детето нашетано играно да зборам за да развива говор се трудам да го воспитам да знае што смее и треба и пак се чувствувам дека не сум успеала да бидам добра мајка за него зошто не ме слуша кога викам не и немој. Не знам веќе што треба и што е нормално но знам дека не се чувствувам своја ниту сигурна во себе веќе некое време...
@Fenix05 баш пред некој ден ми излезе видео за вакви деца (и моето е во нив ) дека најсигурни се осеќаат со тебе и затоа се такви... Е сеа тоа некој го толкува како најразгалени ама секој со маката. Инаку да сите со мајките се така еве пример ќерка ми со баба и и татко и и километар пешки да треба да оди ќе оди. Со мене ни 200 м ,одма земи ме. Кога ја карам имам авторитет да ама за пребарување мислам само со мене и е..
Леле крштевката што ќе биде… Незнам како ќе ја фати попот, ама се тешам дека се радува на вода, па кај него може некако ќе успее да седи. Ама кај кумот …. А да, со неа одам во вц кога сме сами. Она пример седи со мм или со моите без проблем, се додека не ме види мене. Ако ме види толку е. Спие меѓу нас веќе неколку дена. Ако и на ова се навикне… А неколку пати се буди во ноќта и ако ме види, допре, продолжува, ако не сум до неа плачки е додека не се гушнеме.
@merriel0 докај година не гледаше, мислам тв беше пуштен ама нешто за нас, дали документарци, музика, серија ако гледам…последните месеци нема тв го скрши тој, не бара да гледа, кај баба му горе гледа некои видеа, некогаш се нервирам оти само така го занимава плус глупи видеа, ама ретко оди таму. Со мм на телефон слушаат музика често, со мене на телефон пред спиење некогаш гледаме лијф влогови, јас сакам да гледам од оние што готват, живот на село, животинки фарми, градинарство, интересни му се и нему…некогаш гледа биби и боби, блуи, пепа пиг, гес хоу мач ај лав ју…генерално не му е забрането и никогаш не било. Ретко бара сам да гледа, ама знае да рече мама ај да уживаме и да гледаме филмче, ќе погледаме некогаш и саат, саат ипол…не ограничувам искрено. Некогаш со денови не гледа, некогаш ќе загледа некој ден повеќе ако сум при крај со нерви, ако е болен… Јас си кажувам дека не сум од мајките кои се строги, не дека немам граници, ама генерално ништо не забранувам освен ако не е опасно, јаде и благо, гледа и тв, прави и глупост некогаш… Се согласувам дека екраните се многу штетни, ама ќе приметиш и сама по детето. Моево ретко се хипнотизира, развојно секако е супер, збори предобро за негова возраст, така да не сум имала потреба да забранам. Некогаш ако има тантрум за телефон, не му го давам некој ден и тоа е тоа. Натаму може ќе бидам построга ако видам потреба, ама за сега, за дете што збори перфектно, разбира, послушен е, ретко има тантруми, сака да чита, си игра сам, 80%од времето е надвор, не гледам штета ако гледа и по некое видео или цртан на ут.
Секако дека е така затоа што ти си мајка и пред тебе се осеќа најсигурно и безбедно да си ги покаже реалните чувства. Мајката секогаш ја добива најлошата страна од нас, затоа што е мајка и нé прифаќа безусловно. Не правиш ти ништо погрешно