Сабајле беше прв пат во негов живот да стане од спиење без да ја крене куќата у вис зошто не сум до него. Станувам во 6 за да можам на раат да какам од него, е до таму е работава отидена.
Јас у 4 со преполн мочен меур се понашав ко таен агент на задача у соба со ласери. Едвај ја поместив да не ме осети, како не се измочав не знам. Имам супер моќи со детево
2 години и 8 месеци уште сме вака Општо многу е поврзана за мене. И сите што ја гледаат ми викаат ми завидувале како ме гледа, колку љубов покажува спрема мене Постојано ме гушка и бакнува. Не знам на кого е ваква јас искрено дива си бев. Сега некако ме смени она па и јас ја гушкам и бакнувам многу. Ама сепак она мене повеќе Ако падне, мама да ја бакне на местото за да помине. Мама мама ако ме нема на видик, или на тато кај е мама? Во вц доаѓа со мене иако има и други луѓе дома. И јас додека сум на шолја следат еден куп прашања. Инаку за гушкањето само со мене е таква, и со татко и ама повеќе со мене. А со други не баш. Не сака да ја гњави некој.
Кај нас вратата од спална колку и го активира сензорот у глава не е можно 3 дена по ред на излегување од спална крцнува кваката и се буди одма
Мене ова ми се дешава пошто имам фалично колено, секоја вечер. Ја не знам како спијат така лесно, како зајчиња
Исти дете имаме. Немам надеж веќе. Тоа е. Она се смести кај нас во кревет и сега не можеме да ја извадиме. Мора и двајцата да спиеме таму инаку ќе стане по тој што го нема . Немога вече .
И мојата така викаше па потпорасна сеа ја вика да спие кај неа. 2 саати ќе лежат 6 пати ќе се скараат и ќе си дојде ,,јас не можам кај баба ти " ќе легне пак до мене . Ако беше толку до мене шо не ја успие
@Fenix05 попот додека пееше на цицка ми дремеше. После бањањето го држеше кумата а он рикаше, мм стално знае да рече недокрстено ни е нас детево Затоа после тоа одвали 3 саати дремка у кафана. 5 месеци имаше, од оваа гледна точка следно дете на 40дена ке го кршетевам, кога уште не знае што се дешава. И со мене е најпалав, и ке биде зошо најсигурни се чуствуваат и тестираат граници. Кога е со моите или со на мм он е бајче. Најмирното дете на свет. Јаде, пие, спие се со ред. Ако ме види мене готово. Одамна спиеме сите тројца на спална и се каам што не послушав еден другар на мм кога ми рече место креветче да купиме единечен кревет и да го залепиме до спална И сигурно ке спие уште долго со нас. Ова сега го има врвот ваљда има некоја сепарациска периодов 20 месеци има, никој не смее да го чепне освен јас. Со него во скут сум во вц, јадам, се облакам он ме држи за нога и така си тераме некако. За дневна дремка заспа со свекрва ми минатата недела јас по доктори кога се млатев, ама за ноќноооо е ваков е. Ако има некој друг освен МАМА. Ни мм не го сака, порано и он можеше да го успие. Викендот бев договорена со другарка да излеземо. Прво го заспав во 9, па излегов. И пошо нашминкана ме тераше пижами да облечам па да сме нанале, е до толку му текнува да знаете Јас денес бев сама со него во игротека, никој немаше. Јас, бебо и келнерот ама ке забегав пошетно. Од 6 е станат, полудевме дома. И пред да влеземе му викам, мама ке пие кафе ти ке играш, добро? Да. И стварно играше саат време му се приспа и заспа за на кај дома. А јас мозок одморив.
Хаха. Јас во 4 сабајле со синко на мочање одев некни . За ништо живо не сакаше со татко му да остане. За врат ме фати и не ме пушта.
Еве сега со полн мочен меур се мислам како да станам. Не мора ништо да крцне, она намирисува одма оти ме нема И право цивили и на сите 4ри рипа од спална како воопшто да не спиела и се пушта во потрага. Леле еднаш кога ми дојде на врата од купатило со се ќебиња, сликата никогаш нема да ја заборавам Ги замакнала и ќебињата еј Сега има нова соба, не знам како ќе е со спиењето. Спиеше со мене на спална, ама сега ќе си спиела во новата соба СО МАМА Зедовме голем единачен кревет, ама пак, кај ќе се бутаме двете, не знам. Плус како што спие растргната на сите страни, јас на толкава спална бев на ќошот, ами сега... И така ми се многу салам и грбот и вратот, ќе ми отидат скроз во неповрат сега, готово
Не ми е прв пат да ми подава тоалетна де Ахх... Тебе те читав дека мочате заедно и си реков И оваа ќе е таква.. и би. Таква.