Јас коа беше толку мала морав да ја оставам у транспортер у веце да ме гледа инаку не можев да се избањам
Мојава не е за во транспортер. Ај што не ја собира, туку ќе изрипа од него де. Се бањам кога е мм дома. И да, понекогаш ако му плаче, стојат на врата и ме гледаат
Си живееше во транспортер на времето, мирна, премирна. Таа во транспортер, јас на балкон алишта да ставам, да соберам. Таа во транспортер, јас како човек да си зготвам. Е сега ми наплаќа за сето лежење до прв роденден.
Леле и мојава рипа во транспортерот го дига газот и се свлечкува надоле скроз, исто и во релаксаторот тоа ми го прави
Се тоа прави, ама иди па види да се сврти. Боже сачувај. Го спакував откако почна да ми се крева за станување релаксаторот. А транспортерот од 4 месеци не ја собираше веќе, тој чека наредно бебе хахахаха
Јас почнав пари да му барам на мм за тортурата шо ја трпам секоја вечер, а тој па земал компензира со флаша вино у дневна и чека у какво расположение ќе се вратам
Мојот некогаш ќе фатеше да цица додека јас сум на шоља. Повеќе не мора да ви кажувам. Вчера не сакаше да спие до ниедно време, на крај му повишив глас и му реков ќе те карам веќе аман да спиеш. Знаете што ми рече. Мама не карај, кажи убаво, ќе слушам. Мочле мало, он на мене кажи со убаво. Е ради ова дете јас не знам да бидам строга. Инаку со мм се чуваат нели, со него е виножита, секогаш ми вели не знам што се жалиш од детево кога е предобар и прелесен за чување. Само што ќе влезам низ врата, боцки искарува не рогови. И така.
Добро шо, барем културно ти кажува Мене ми вика Не се дери , слушам. Имам уши, ги глеаш? Со ушите слушам.
Како најлесно да разбудиш бебе од цврст сон? - Свари си кафе… Ко селска маларуша станав за кафе раат да се напијам.
Кај мојата сензорот е на јадење. 90% од оброци кога и да земам лажица во рака она е будна, си направив проблем со желудникот пошо сите јадења откако е родена ми се за 3 минути, освен маж ми кога е дома. Еве сабајле заспа, после 20мин земав овес да јадам значи нула звук, до втората лажица она стана. Секој ден се туширам пред да искочи маж ми за работа а она е будна, нахранета, весела. Тушот навечер ми беше ритуал ај се навикнав дека не може навечер пошо се будеше само што ќе искочев од спална. Ама вчера коса ќе миев, стана во 6 и не презаспа, нормално се раскенка, абе како да знае. Денес на финта, ја презаспав во 6 и станав додека уште спие на раат да се избањам.
Твојата е малце поголема, веројатно каде и да е и он ќе почне да ми вика не се дери Ама луѓе јас природно имам многу пискав глас, мислам со висок тон. Јас и ако зборам малце повозбудено звучи ко да се карам. И мм стално ми вика полека не се дери, ама јас не се дерам А и кога бевме мали со брат ми кога ќе се скаравме, он стално ми викаше ќе правам што сакаш само немој да викаш оти ми го брцаш мозокот со гласот
И тоа… храната ми се сведе на корнфлекс со јогурт и бисквити со млеко - додека цица. А го легнам, еден чекор во кујна и се размрдува. Некни коса ќе пеглав зошто гнездо ми е веќе од репче, идам до вц да земам пеглата, се враќам он ококорен. Едната страна од лицево ми се свлече од умор, све си мислам некој удар од неспиење сум доживеала.
И мојата ми вика шо се дереш мама,па кажи со убаво,шо си се одсабајле на сите развикала еееее аман од тебе,дерла некоја
Ааа па познато со мама се понашаат така. И јас кога сум дома збеснува и прави се што не треба. А кога не сум, златен е. Тоа е така зошто ние сме им сигурна зона што би се рекло. Со мама може се, безбеден сум. За тоа имам читано.
Јас ја оставам да си поплаче ако ептен сум во спремање на јадење. Кога јадам може да ја земам во раце, ама кога ми е натокмено се на маса. Ништо нема да и биде ако поплаче 5 минути. Инаку мислам дека конечно вроди со плод трудов мој околу ред правење. И за големата и за ова сите ми викаа бебе е остави го, ништо не разбира, па дај му да цицне пред бањање гладно е. До 4 попладне супер сме под конец со ред, после од 4 до 7:30 е уби боже, ама следниве недели ќе ја стокмиме Бањање, цицање во 8 и кома. Почна меколку дена само во 3 еднаш да цица и сабајле во 7 пак. Идеалности. Мора мајкава да одмори, добив дозвола од докторица за да терам исто како и претходно со вежбање и од понеделник почнувам. Толку ми фалеше вежбањево, како дел од себе да изгубив. Ваљда пачава стомак ќе се потсреди. Дете со душа чекаше да можам да ја кренам во раце, ама морав да бидам послушна до преглед. И така од вчера пак ми е тегче од 20 кг. Чучњеви со неа правам, бицепс вежбам, па она ми покажува вежби од балет. Може ќе направиме некое ново нормално секојдневие каде што нема да се осеќам како затвореник. А и веќе 3 дена е со подрастечен нос. Ако и викендов бебево е без симптоми мислам дека ќе се спаси. А сирота послушна е, не ја бацува сега, дури не ја ни држи во раце додека не оздравела. Налет.
Теретана вежбаше? Ја со здрава исхрана и вежбање, без млеко ќе останев, а со јадење еднаш во ден, и не седнување од што немам време, гајле нема млекото… не знам што да кажам, ама моево тело