Не сум почнала, од понеделник здравје. Сега лајт пешачење по неколку км само периодов терам. Вежбав теретана до една недела пред пораѓај, така да се надевам дека ок ќе биде се. Полудев по дома месец ипол. Да ми кажеше некој пред 2 години дека едвај ќе чекам да се вратам на вежбање ќе му се изнасмеев во фаца. Имам 3,5-4 кг плус од пред да забременам, со страв си ги пробав фармерките и ме собираат, ама стомаков ми е страшен. И кај спојлерите сум раширена. Налет. А инаку low carb исхрана си терам стандард како пред бременост, па и цела бременост и млеково е супер. Два квалитетни оброка обавезно имам. Толку и имав и претходно само доручек и ручек. Фастинг терав минимум 16 часа, во бременост намалив на 12, а сега еве пак си терам 16/8 и одлично ми е. Навикнат ми е организмов после 5 освен кафе и вода ништо не ми се става во уста.
Мојата само врз мене спие дневни дремки. Значи никако другачије, се е пробано. И веќе се научив, тоа ми е судбината на неодредено време заглавена сум со contact naps околу 3.5-4 саати на ден. И навечер така заспива, па цел саат ја држам и после повивам рачиња и во креветче тера цела вечер. За јадењето, јас јадам додека е будна. Ја ставам на подлога 15-20 минути си игра сама со висечки играчки почна да ги фаќа сега. Дел од будниот прозорец ја занимавам, ја играм, ја ставам на меше ама и дел бркам работи низ дома што не можам додека спие. Знам и со неа да пеглам и да зготвам додека е со мене во релаксаторот во кујна и да усисам и прашина да бришам. Некогаш се осеќам виновна што ја оставам да потсредам по дома ама па сакам и да научи сама да се занимава малку, да не мора цело време некој да ја анимира. Ова е мое гледиште, не знам колку е исправно.
Ехе па мојава цело време сама се игра. Си ги тегне играчките ги пика во уста, си се занимава по пола саат сама. Јас средувам по дома и и правам муабет, и викам и ја проверувам на секое. За на меше сум до неа нормално. Таман работа да седам со неа цело време дома мравки ќе почнат да ми лазат
Исто! Ми вика маж, јас не знам како може со тебе да е најлигава а со сите да е бајче. Со него сами кога се е посебно умна. Тотална спротивност од тоа со мене. Мене редовно живци ми тренира. Редовно ова. Станува обично 7ипол,8. Јас еднаш ќе решам у 7 да станам пола саат у тишина да седам, кафе да испијам и ете ти ја по мене у вц. Ре до вно!
Значи сите деца се ИСТИ. Ако не сите барем поголемиот дел Пред 6ипол е станат, седнат на гз и ми ја мазни косава, лицево јас мижам со надеж дека ке се презаспие. Некое време задремав и вибрира на мм алармот он рипа преку мене директно "татииии долеее каее пиее моааа" Само да излезат низ врата "Мамааа каеее ајдеее долее" Таман реков ке поспијам, нече мочи.
Последната реченица, исправно ти е. Твоето мислам дека е помало, а верувај како растат ем потешки, ем повеќе захтевни се и сега види како ми е, во една рака беба, ао другата млеко правам, па пазам да не го бутне, дека се што ќе види мора да фати, влече. Некогаш и ручек со неа правам, алишта во машина, во сушара, она се кај мене во раце е. Дека кога беше помала, греотка било да лежи и сега на сите што им беше греота, ги боли уво де. Жими мм што си ја занимава и ја тинтра во раце. Со него највеќе се расправав за тоа, ама брзо растеле , ќе помине периодот. Нема везе што ми паѓаат раце, грб.
Ние пак сите би ја оставале на земја да се занимава, освен свекорот и свекрвата оти за нив да ја гледаат било да ја гушкаат ама ај не е мн време тоа. Ама има рефлукс и мора бар 30 мин после јадење да е во раце И само се надевам дека кога ќе направи 3 месеца ќе се оправи затоа што ај што јас правам се со неа, ми фали и време да вежбам со неа, да поминува време на меше затоа што 20-30 мин јаде, 30 мин во раце и дошла нервозата за дремка
Моите свекор и свекрва, кои патем живеат под нас, не ја ни гледаат па да ми солат памет. Знае свеќи кога ќе дојде некогаш да си каже нешто, али не ја ни перцепираме со мм. Ќе се среди се, трпение само.
Ќе се среди и ќе помине, многу ама многу е досадно сега, ама поминува. Мислам после 4-5 месеци почна да се намалува. Сега уште во кола повраќа и кога е болна со шлајм. Сакав да речам полесно се дразни да жблуцне од другите деца, ама напредок има. Најтешко ми беше кога беше новороденче до кај 3-4 месеци.
И јас не знаев. Ама од братучетка малата баш проблем со рефлукс. И на крај испадна последица од кратка ресица под јазичето. Ја решија и престана рефлуксот. Да се редакторам.... Јасна консултантот и кажала за тоа како реален проблем и тоа испадна. Потоа и кај едни две близначки консултанти за доење во србија мислам дека читав исто за тоа. Ресицата не прави проблем само кај правилен фат при доење туку и ствара рефлукс затоа што многу воздух вовлекуваат. Да објаснам подетално тоа што јас го знам како инфо. Можеби некому ќе помогне
Има ли кај нас каде да се реши ако е таков проблем? Јасна беше еднаш кај мене ама не ја гледаше многу за тоа, зошто беше дојдена да ми помогне силиконските да ги тргнеме. Сега ги тргнавме веќе долго време ама нема убав фат, мислев ќе се оправи, ама тешко, па здравје после празниците сакам пак да ја викнам
Од 4м почнавме помалку сега повеќе јадеме ама :/ Проверено е нема, ехо на абдомен добро е мислев да нема стеноза или било што ама нема. Систина ми кажа едноставно такво е бебето може и до годинка да бкучка, а нас од држење исправена не ни останува време за игра
Те разбирам скроз и овој проблем најмногу ме фрустрира. Прави вежби на колкови, нека лежи на грб за главчето, па на меше обавезно. Кога? Кога, кога 20 мин јаде, држи во раце барем 30 мин, а ќе ја спуштам ако ја свртам на меше ќе блуцне и ќе се вознемири, и дошло време да ја заспивам веќе... А трагичното е што во последно време и џабе ја држиме исправено, пак блуцка
Бевме на вакцини денес. Леле кога писна срцево парампарче едвај чекав да искочиме излетав со неа во раце маж по нас со транспортерот, таман ја смирив тргнавме кога си викнав јас да си плачам. Не можам да замислам дека од една мрвка месо ја чуваме и дека утре ќе плаче така за некој мочко.
Не знам мајка што совет да ти дадам. Верувам дека е мачно. Но со ехо на абдомен не се гледа желудникот кој е главен за таа проблематика. Ама и мало е детето, може ќе се среди како ќе расте. Ако не ќе си барате тогаш и други испитувања