Супер , давај идеи. Сакам да напраам нешто што ќе можам само да и намачкам на лепче и да јаде, не да ми вика Паштетата е СМЕШНА боја и не ја јадам
На 22 почнувам на обука воедно 1 ден работа, обуката заборавив да прашам ама изгледа ќе трае од 9 до 17 и 3дена после ќе работам од дома. Ех тие 3 дена не знам како ќе издржам никогаш не сум го оставила син ми толку долго досега. Ќе седи дома со татко ама мене претешко ми дојде, се изнаплакав. Од една страна убава работа, убава плата од дома мн убава можност ми дојде од др страна психички опаднав за тие 3 дена. Како да си помогнам да ми биде полесно? Вие мајки што одите на работа што сте навикнати каков совет би ми дале?
Или цела вечер или за побрзо со врела вода попари ги. Имаат глатка и млекаста недоминантна текстура, кога се блендирано, убави се. Инаку сачуј боже јас да давам рецепти ем сум здебелена ем бебе ништо не ми јаде, фејкер првокласен Ако стремиш на протеинска храна можеш да си правиш чипс или палачинки од леќа, маршмалоу од аквафаба... На чипс мислам смесата за палачинки да ја испечеш у голем плех, онака не повеќе од 5мм да е.. имаш по нет фантастични рецепти... отидов да мцнам
Ауу ти само три дена, јас секој ден ќе бидам така. Како покиснат глушец сум. Ми се плаче, ама нема друг избор.
И јас бев таква, го немав оставено со никој дури не се вратив на работа, ама ќе смениш рутина, ќе се измешаш со народ, ќе промениш секојдневни муабети за пелени и ќе ти дојде полесно. Ќе си се дотераш, средиш, друго е, јас една година во пижами бев што се вика. Додуше и не знам колкаво ти е. Јас се вратив на работа ко наполни една година син ми, ама се вратив турбо, со прекувремено со се. Ми фалеше промена, ама тешко ми беше бидејќи дома пак сѐ мене ме чекаше, навечер закачен на цицка син ми, од сабајле не ме оставаше едно 8-9 месеци све со плачки искачав од дома дури да научи што е промената и дека така мора да биде, така да кешки да имав опција само 3 дена во неделата топ ќе ми беа.
Со ќеф одев и одам де на работа Шега на страна, не знам за колкаво дете се работи. Јас оставав гардероба, оброци и се средени, баби и дедовци да не му ја мислат за ништо и јас бев и сеуште сум пораат така. Кога беше дома тоа или сега ако мора да е дома. Во градинка си ја носам, друг ја зема и така. Повторно дома оставени резерва алишта, ручек, ужини. За додека стасам. Макар што сум дала одврзани раце ако сакаат да прошетаат некаде и слично. Само да сум информирана за тоа.
Дури трепнеш, ќе поминат три дена, без гајле. Дека ќе имаш активности, ќе треба да се фокусираш и брзо ќе помине времето. Јас со два ипол месеци старо бебе почнав на работа, повеќе во канцеларија сум. Никако не ми поминува времето до одење дома и да си го гушнам бебенцето. И кога сум дома, што попрво да правам не знам. Мојов мозок кога ќе види нешто несредено и само на тоа мисли. Среќа маж ми готви доручек и ручек секој ден.
Искрено дека најздрава храна и давам или органска или не знам каква не и давам. Неделно правам пресметки, значи има 21 главен оброк и 14 ужини, математички тоа. Е сега обавезно неделно, преку 10 различни овошја има внесено, дали како свежи, дали смути, цеден сок, шмукалче. Преку 10 врсти на зеленчук, било салата, готвен оброк, плус мешункасти плодови тука. 3 врсти на месо секако, јајце внесува, млечни производи внесува. Генерално и се опфатени сите категории. Е сега повремено за појадок во градинка имаат кришка леб со еурокрем, мармалад или дома знае да касне кроасан. Некоја од ужините во неделата е пудинг или сутлијаш ама не секоја. Во градинка досега почесто им беа ужините нешто благо, сега се префрлени на овошје повеќе или грицки од типот крекери, смоки. Пак ќе речам, не најздраво ама внесува доволно различни работи, за повремено да си дадам оправдување во тоа што ќе касне и Х работи.
Добро вечер мајки на најубави дечиња. Пишува мајка на голема ѕверка оставена на спиење кај баба и дедо (читај во заграда, втор пат на 3 ипол години) и мал ѕвер кој вади 4ка и и ја вади душата на мајкава. Се вратив на работа пред 1 месец, улетувам во постови на фемина како падобранец, колку ќе пофатам да исчитам. Беблак 1 месец од адаптација, помина стомачен вирус и лудило од вирус со 40 температура 5 дена, а викав има имунитет од дада АМА пу пу цела недела тера сега само со носе растечено со седење 9 саати. Пу пу, да поплукам пак. Некако со второво не ми се враќаше на работа ама откако се вратив на новава позиција сфатив дека ми фали работата. Новава позиција како да е креирана за мене. Одврзани раце, креативност до максимум, да знаев немаше да учам утнат факултет. Ѕверката моја е копија на мама, отров невиден, дели правдини и се расправа со кој стигне.....вклучувајќи ме и мене. Кога го гледам бебе како појма нема од животот не ми се верува дека ѕверката беше таква до пред 2 години. Сега на секое карање ми вика ќе видиш ти, ќе те кажам на дедо ми......и така.... Сопругот си легна во 9, уморен бил, јас пуштив серија и турив едно виски, викенд 4 дена, вечерва едно дете дома, нека иде живот. @LiquidLuna да се убаци во темава и да ја вртиме на секс пак, видов пишала за виното пред некој ден ама ние по дома за викенди се гледаме на таа тема, преку недела не знаеме кој која машина да ја среди попрво. Маж ми вика многу машини имаш затоа не знаеш попрво која, да имаше само за перење ќе се мењавме, еднаш јас, еднаш ти, вака поише машини се дома, него работоспособен народ..... Ај да допијам вискито, ќе почне да кенка бебе со катник доле на повидок
Ама баш те мислев денес кај ми замина, таа работа фатила Реновираме, каков секс. Ако не се испоколеме, може ќе падне нешто За стубот и 38цм се колиме моментално 38 не се малку де Ама техниката е битна, ко ќе го искористиш убо 38 се топ
Не знам што се случи ама сите три заспаа сега скоро.. а планирав да се избањам,да пеглам нешто,ама јок батери азис...ќе си одам небањана,непеглана...а секс? Луѓе како растат близнаците се' понапорни се леле Шеткат насекаде,пипкаат секаде таман едно тргнеш,друго се фатило за нешто што не смее и така во круг. Машкото вади 4 ки,лиги 50см,лигари тон. Можеби и женското ќе има 4 ки наскоро не знам,таа др.ги извади неосетно сите 8. Ептен ми турбо денот,ептен,уморна сум многу сега,а можам да замислам на раб.кога ќе тргнам,ама ќе му ја мислам тогаш. До тогаш ќе уживам во летото . Не кажав ништо посебно.
Преска му викам на мм, ќе се исели па ко ќе се задружиме секојдневно. Ми вика Ако имаме сила до тогаш
Чувајте се сега, да имате за тогаш. На една престана... Освен ако речам ајде надвор. Тогаш преку три соби слуша.
Среќни велигденски празници мајки. Пред се да си имате здравје,мн љубов во вашите семејства. Убав помин овие денови и одморете од негативноста било на форумот било надворешно.
Не стигам да пишам. Малото мое вклучи моторче, и почна да се исправа да стои до гарнитура, да го брка мачето лазејќи и најслатко од се да дојде да ми седне до нозе кога сум во кујна, па ке му дадам некоја пластика да се игра и така си тераме. За работа...се враќам од вторник. Не знам што да мислам, сакав да се вратам, да сменам секојдневие, да се измешам со народ... и ми се иде, ама од друга страна цела недела пуштам солза кога го заспивам... Боже каква лигла испаднав Последниве недели го впивам секој момент, ми порасна детето... Намалив подои за да не му фали за преку ден за заспивање. И во ред го прифаќа тоа, ама јас... јас си патам... не знам зошто сум толку тажна, кога се е како што треба.
Здраво мајки Како сте? Пијам кафе со излеа настинато дете. Стана во 7, легна во 10 па стана во 12. Вчера цел ден мрсули влечевме, ја бришам тие течат. Очи насолзени подзатворени, а вака енергија 100ка, јаде пие трча се со ред. Дадов летизен синоќа, мрсули нема денес. Освен што е поспан и одвали 2 саати сабајлево, а ја фарбав јајца на раат. Многу офарбав цели 20 јајца ке одиме кај моите на ручек па викам ај да не сме без ич Оваа мајка вечер и кафана има договорено ама синот на мајка ме бојкотира. Ако е ваков не одам, мм сам нека оди ако сака. Да видиме како ке се понаша до вечер. Новоста дома е мм му купил голуби на детево (читајте он е детето). Мали пресреќен само кај "гоупката" седи Епа знаете што? Гоупката вчера снесе јајце и ке снела уште едно пошо носеле по 2 отварам фарма за голуби. Пошо ја ги ранам, им чистам големото дете само ги донесе дома и им набави кафез, све остало е на мене јер 50-50 обврски делиме. Да дојдеме до целта на ова Сака некој "гоупки" ? Одма ги давам со се кафез Имајте убав празничен викенд