Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Свадба правев и дете имав, некои ги немаше ни за тоа ни за тоа, зборуваме за честитка, а блиски луѓе.

    Се врти кругот дојдоа и тие на ред. Не можам бе, не можам да не изразам радост, пуста јас не само честитка или подарок, обавезно се трудам да сум тука и за поддршка.

    Се нервирам ама не можам, се грижам за луѓето таква некоја енергија тапа.

    Ако со прво ви се смали кругот, дали со повеќе деца ептен?
     
    На LoveIsAllAround, Carolin., Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    832
    Допаѓања:
    898
    Пол:
    Женски
    Клише е ама сите сме биле таму повеќе или помалку. И да, поминува со тек на време кога ќе фатите некој ред и ќе се навикнете и ти на бебето и тоа на тебе. Јас имав ризична бременост, контроли на неколку дена, последни 2 месеци беше ризично и за мене и за бебе. Сакано и планирано бебе и секоја контрола се тресев. Дојде време за пораѓај, одвај ама спасивме жива глава. Е сега кога дојдовме дома.... Мислев ќе е песна, готова лошото помина ама не било така. Немав желба за ништо, седев и си плачев само. Немав желба ни да го земам бебето. Крајно беше што почнав да мислам дека не заслужувам да живеам бидејќи не сум благодарна за овој благослов. Сопругот примети, зема одмор па работеше од дома и се скоро беше на негов грб. Со негова помош и подршка и со помош на мајка ми и свекрва ми почнаа деновите да стануваат полесни. Бебе е веќе 1 годинка и сега тие денови ми се како низ магла, како далечен сон.
    Сакам да ти кажам, не молчи! Не е срамота да кажеш како се чивствуваш, барај помош. Со тек на време ќе станува полесно и ќе имаш време пак за самата себе. И на крај секогаш можеш да побараш и стручна помош.:hug:
     
    На Viveki, strelec231992, Зеленоокатаа и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Женски
    Зачувај го напишаново:)
    Ако имаш второ дете да го прочиташ повторно.
    Сите сме поминале исто. Не верувам дека има мајка која била среќна со прво дете првите месеци.
    Како што кажа и самата, не знаеш кога е ден, а кога ноќ (facepalm).
    Се губиш во обврските и мајчинството.

    Потребата од тоа да се биде дома на место, до облеката на бебе да биде во тон. Станување на секој час или два. Неутешно плачење. Менување пелени ноќе кога нема потреба. Доење на барање. Или приготвување на адаптирано млеко и миење шишиња.Држењето во раце. ..............
    Ама за два три месеци ќе почувствуваш промена. Ќе спие навечер. Грчевите ќе поминат. Ќе престане да блуцка. Ќе престане да плаче а да не знаеш зошто. Ќе почне да јаде оброк. Ќе има три редовни дремки. Ќе седи самостојно. Ќе држи играчка во рачето. Ќе ти се насмевне. Ќе го бара твојот поглед со очињата. Ќе никне првото запче. Ќе се обиде да каже МАМА :inlove:.
    Дури тогаш ќе почувствуваш вистинска љубов.
    Ќе можеш да се почувствуваш исполнета.
    Со другарка зборувавме колку е полесно со второ дете. После 6 години, таа доби второ дете. Сега е самоуверена и знае што и кога да прави. Менување пелени е лесно. Капењето е лесно. Хранењето. Спиењето навечер. Во спиење цица бебе и продолжува да спие. Го оставаш во креветче или релаксатор, и слободно се движиш низ домот.
    Таа вели, се чудев како функционираат луѓето со две деца, ама сега знам дека е многу полесно со второто дете. Па кога ќе се сетам што правеше таа со првото.(facepalm) тоа плачки беа големи, :rofl:не знаеше како да го смири и го прскаше со вода од црква. (lalala)(lalala)
    Да не бидам сфатена дека само оговарам. Иста бев и јас со првото ама не ги бркав демоните од него. Само не знаев кај терам(highfive) правосмукалки, фен, се по дома брчеше и пак имаше плачки.
    Ама затоа кога се роди второто не дозволив да заплаче. :nod: навремено нахрането, ждригнато, наспано.

    Дај си време. Побарај помош околу домашните обврски. Порачај пица. Напиј се една чаша алкохол. Пробај да најдеш малку време за себе пред огледало. Спиј кога спие бебе. Кога е убаво времето излезете со бебе надвор. Излези до некоја другарка.
    Доколку не почувствуваш подобрување побарај стручна помош. Сепак тие знаат како да ти помогнат.
    Ние овде може само да дадеме утеха и да споделиме искуство.:l:
     
    На Sanniii, Ladyme, strelec231992 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.983
    Пол:
    Женски
    Ги читам последниве коментари и само си потврдувам колку ми дојде добро форумов уште од темата Вонтелесно оплодување. Не помага ама олеснува кога ке споделиш или некој друг ке сподели дека поминал низ истото. За првата тема немав луѓе околу себе што поминале низ истото, јас бев прва.
    @Ena05 и @Mother of 2boys риспект мајки. И мнг други пишале кога некому било тешко, но еве Вие двете ме расплакавте. Најверојатно зошто и јас малку се пронајдов во муабетите.
     
    На strelec231992, Stone, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    832
    Допаѓања:
    898
    Пол:
    Женски
    Убаво имаше пишано погоре членката, нема мајка што и било убаво на почеток со бебето. Да го знаев тоа на почетокот може друго ќе беше ама ете помина тоа и сега е полесно поубаво.
    Јас по природа сум на кратко кажано дива ама и многу емотивна и оваа вторава страна никој не ми ја знае, никогаш не сум ги покажувала емоциите. Па така и тогаш ама грешев. Добро што сопругот примети инаку не знам каков ќе беше крајниот исход. И јас само тука се имам искажано, може дека тука е анонимно па полесно е. За расплакување ехее колки членки ми имаат насолзено очи па маж ми кога ќе ме праша што е абе ништо кивнав па ми се насолзија или ми влезе мушичка :D
    Добро што постои форумов, да си дадеме утеха, совет па и да си поцмиздриме :D
     
    На Ladyme, strelec231992, Lady Miami и 6 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.117
    Допаѓања:
    106.992
    Пол:
    Женски
    Јас со првото немав мака, немав време да мислам, сама го чував. Бев пресреќна со улогата, со второто помислив неколку пати Што ми требаше ова?! Ама од оваа гледна точка, скроз сум среќна со моменталната ситуација.
     
    На BellaBibi, Fenix05, Lady Miami и 5 други им се допаѓа ова.
  7. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    2.069
    Пол:
    Женски
    Еве една мајка која плаќа за своите дела (facepalm)
    Петок и сабота се договоривме со мм да се повозиме со моторот кратка тура. Мајка ми беше ок го чуваше петок цел ден, саботата после дремка и неговите го земаа го чуваа пола ден. Сабота доцна стигнавме тој веќе беше заспан, пред да заспие отишол кај урамена слика од нас 3цата што му ја покажуваме и правел дојди дојди со рацете (по кажувањата на мајка ми:D)
    Недела сабајле кога не виде многу се израдува.:inlove:
    Останатите денови си теравме празнично фамилијарно.
    Јас всушност си бев зела 4 дена одмор и планирав неделава да средам тераса, фризер, имаме и блиска веридба, но дечкото се раскашла, растече нос и наместо да оди во градинка, а јас да терам она што имав замислено, еве не сега се успиваме за дремка 40мин.
    Ех тоа ти е. Чим сакаш викенд сама еве ти сега |(
     
    На Izzy_0504, Lady Miami, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.289
    Допаѓања:
    181.807
    Пол:
    Женски
    Тоа веројатно зависи од човек до човек. Ама генерално кругот се регулира по прво дете. Одредени пријателства се раскинуваат, а се зацврстуваат оние вистинските, тук и таму се раѓаат и нови. Секој што сака да ве види и му е битно, ќе посегне до вас и ќе има разбирање. Ама и ти ќе научиш кој е навистина битен. :)

    @Stone она што ти изгледа како несреќа не е всушност дека си несреќна. Туку ти се случуваат многу нови работи со кои секојдневно се бориш и обидуваш да бидеш во чекор, да ги донесеш до некој ред и моментално ти изгледа невозможно. Со прво бебе е најтешко. Колку и да си читала и учела и ти кажувале, бебе не спие, плаче, сака во раце.. колку и да си се спремала, кога ќе дојде до тоа да осетиш прв пат како тоа и навистина изгледа има голема разлика. Ако си тазе породена, нормално е да го сакаш и не дај боже некој да го пипне, ама истовремено да го чувствуваш како да не е твое, туку како некој само да ти го дал да се грижиш за него. :) И низ сите тие нови обврски и особено грижи се изгубиш. Кога ќе добиеш бебе во истиот момент ја губиш безгрижноста и веќе никогаш нема да си безгрижна. И тоа најјако мава. Зошто не си знаела како е да се грижиш за “нешто друго” толку многу. :) Времето ќе помине, бебето ќе пркне, ќе си фатиш ред и ритам и нема ни да сетиш кога работите се смениле, а ти ќе бидеш по исполнета и позадоволна. Со тоа и среќна како што си замислувала. :)
     
    На Ladyme, strelec231992, happygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Женски
    @Yowannty , колку е ова точно. Пресно породена (со 1во) да не сакам никој ни 10 минути да ја почува да не ми ја земи де.
    2+ години подоцна, доаѓа некој, ретко ова ама се случува, да ја земам и да ја однесам во парк, на гости, овде, онде. Уште куфер што не и пакувам за подолго да се почуваат, да видам малку мир и да се видам јас каде сум. :rofl:
     
    На LiquidLuna, jungle, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Е како да им го објаснам ова на свекорот и свекрвата, дека треба малку да не остават да дишеме сега додека е бебе, и дека кога ќе потпорасне малце сама ќе им ја носам на долго време? Да можат уште сега на 3 месеци секој ден би доаѓале, којзнае како - некако се договараме да дојдат еднаш неделно (и нема шанси да се промаши да не е еднаш во неделата), и секој ден мора да се слушнат со мм па дури и на камера да ја гледаат.

    Еве дојдена сум кај моите (они живеат на 3 саати од нас), до завчера беше и мм и се слушаше, им ѕвонеше секој ден, сега сум 4 дена останата сама со моите и свекрвата секој ден ми пишува што правела, како правела |( а плус, што прави бе бебе од 3 месеци секој ден?
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.081
    Допаѓања:
    18.817
    Пол:
    Женски
    Првите недели со бебе сакав само да сум сама дури и мм ме нервираше. Плачев секоја вечер. Зошто некој нешто ми рекол дента и мене тоа ме повредило. Сеа се смеам, ама тогаш бев во хаос. Итен царски уште не доспремно за бебе, а реално се се среди одлично. Уште поубаво излезе од тоа што можеби би било кога би мислела дека сега е се спремно. Помина мноогу време додека сватив дека треба да функционирам на начин од едно влегло од друго излегло и да си терам животот. Најмногу ме опуштаа прошетките со бебо, со саати бев надвор. Можеби околу 3тиот месец, се стабилизиравме и јас и он. Не велат џабе како растат е полесно. Мене некој да ме прашаше до 6 месеци велев ако е вака јас 5 деца ке родам. Е кога почна да се влече сегде, да се исправа и еве ме сега кога сме цел ден турбо им се дивам на мајките со 2 деца, за повеќе да не збориме, им се поклонувам се надевам дека ке имам можност да си ја исполнам желбата за 3, ако не барем за уште едно и да се изнауживам во newborn балонот.
    Ме нервираа сите што доаѓаа не најавени пошо бев со цицки надвор константно, косата заврзана во пунџа и во маици и боксерки на мм.
    Многу другарки ги изгубив, изгубивме и пријатели ама верувам дека останаа оние вистинските. Знам како да се однесувам со оние кои после мене имаа бебиња, и сега баш ми е мило што една другарка ми рече дека кога најмногу и требало јас сум била таму. А знаете со што само садови и измив, и им однесов јадење, го гледав како спие бебето додека она се бањаше. Тоа што мене ми требаше тогаш. Не ми требаше никој да ми го држи заспаното бебе или да викаат "е де само спие" епа бебе од 2 недели што да прави да плете?

    Знам колку клише звучи ама уживајте додека се мали, уживајте во нив додека се такви бебушковци, згужвани и најубави на цел свет:inlove:
     
    На Tea SK, Зеленоокатаа, DELFINA81 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Женски
    Сис, во иста куќа сме, граници никакви. Барем сега кога сум сама со ќерка, ако не ги повикам не доаѓаат.

    Спас нема, само челични нерви. Еве мене и ден денес ми смета, само што легнало дете, на врата ами што прави, кога легна, кога ќе стане. Или сме седнале да јадеме. Јас сакам во мир да јадеме, а не некој позади мене да изигрува кловн и да дефокусира дете.

    Плус кај баба и дедо е се дозволено и после јас сум лошата што не допушта дете да е раат, под раат мислам на лупање врати, брканици низ куќа, криење и растурање по плакари итн.
    Инаку на ќерка и се дозволени многу работи кои јас сметам се соодветни за дома и за возраста. Не дека со синџири и под клуч ја чувам.

    За објаснување ако сами сакаат да сфатат, тоа е тоа. Ако не и на месечина да заминеш, ќе те најдат да ги досадуваат.
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Леле алал нека ти е , јас од градот сакам да се исселам за да не сме во ист град :D среќа мора секое доаѓање да е по договор, иначе пензионери се би доаѓале секој ден, ама па не мора да мора да биде еднаш во неделата без исклучок, нели?

    ама јас не можам да разберам зошто е потребата и зошто не се покажува бар малку разбирање дека и ние сме прв пат родители и дека може сакаме и ние малку да си поминеме време во наш балон. башка почнувам со работа за 5 дена (толку иам породилно) и се утепав од зборење на мм дека ќе ми биде уште потешко и дека сакам да не треба секоја недела да ги мислам кога ќе дојдат (башка кога доаѓаат се ептен на гости - не зборам во смисла да ми работат по дома туку, мн мразам кога фамилијата не се осеќа како дома кај друг домашен и да е слободен и лабав, туку мора сите да седиме со скрстени нозе на дневна и сите 4ца да блееме во бебе).

    ама најмногу од се што ме нервира и смета е мм, зошто сите мислења ги дели со мене, ама не му се замара да се објаснува па он се прилагодува според нив. а јас не можам, 13 години го правам тоа и не ми беше проблем зошто бевме само јас и он, сега сме веќе ние посебно семејство и другите треба да се прилагодат според нас особено додека е уште мала бебка...
     
    На Зеленоокатаа, Yowannty, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Ко сме на темава ,сакам да ја треснам од негде.
    Бремена сум со второ ,бев на боледување до четврток во меѓувреме се разболе малата и викам (иста куќа) да не земам пак боледување чувајте се. Ок
    Се јавувам дента да видам како е ,,како шо си ја оставила - болна ". Викам јас знам болна дека ја оставив ,има ли тт нема ,јадеше... не знам со мт е на лекар бе ми вика :headbang:.
    Нормално отидов кажав на директорот шо се дешава земав пак боледување и си дојдов одма. Цел ден малата со мене доаѓа во дневна вечерта во 22 ч и и вика зошто ти кај мене не дојде цел ден :drunk: ќе си игравме со количките
    Па :swear: нели како сум ја оставила е , нели не сакаш да чуваш кој к** ја бараш сеа ?
    И фати детето у 22 ч отиде таму да си играле со количките...
    И некој ќе ми рече ете свекрва ти ти помага |( ваква помош на душман не му посакувам.
    Инаку да нив тоа му е перцепција за помош измеѓу дремка и цицање да го подржат детето да пуштиш правосмукалка/направиш ручек.
    Така ми велеше ,донеси ја да ја држам ти бркај работа :punch:
    А сеа на лежење додека бев како еднаш правосмукалка не рече да пушти.8-|
     
    Последна измена: 23 април 2025 во 15:33
    На Зеленоокатаа, LiquidLuna, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.289
    Допаѓања:
    181.807
    Пол:
    Женски
    Кога се породив со првото, прв пат во живот сум била толку посесивна. Не сакав никој да ја држи сем мене. Свесна бев дека е до мене и дека е погрешно и не се бунев, ја давав на сите што сакаа да ја држат ама не можев да се фокусирам ни на муабет ни на ништо друго, вриев во себе. :tmi: А да биде уште “потрагично” ќерка ми од прв ден беше многу слободна и без проблем седеше со било кого. Дури и кога сакав да си ја земам назад, таа плачеше по другите. Па ја дома паѓав во депресии оти детето мое не плаче по мене, а плаче по некој колега од маж ми што прв го гледа. :tmi: Сеа ми е смешно, ама тогаш хормоните ме излудуваа. Со свекрва ми сум во одлични односи, многу е фина, не сака да се натура, внимателна е, ама тогаш… се што ќе речеше и дочекував на нож. На сите всушност. Се осеќав како сите нешто намерно да ми зборат. (facepalm) По второто дете, кое ниту имав некој друг да го придржи, само што дојдени 4-5 месеци во странство, ниту кај татко му одеше првите 2 месеца, ниту да го оставам во креветче, со него во раце јадев, мочав, спиев седната со месеци. Тогаш го барав “сценариото” од првото дете што толку го мрзев кога ми се дешаваше. :D

    Тешко е многу со прво дете, не знаеш каков бучкуруш во главата хормоните ќе ти направат. :sweat:
     
    На La mariposa, Зеленоокатаа, Fenix05 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.505
    Допаѓања:
    92.065
    Пол:
    Женски
    Колку луѓе дошле да го видат можам на рака да избројам, на една не на две.
    И некако сега од кога сум мајка поинаку ги гледам работите, не ми е битно за мене, за него ми е. Како за нас, така и јас за другите.
    На мојата фамилија знам да преречам, неговата имам чувство дека не се замара. Малиот има речиси 9 месеци, на рака се брои колку пати го виделе, зборувам за најблиските. Нека е он жив и здрав, другите се небитни.

    Кога се роди чувствував грижа, одговорност спрема него, љубовта почна да се раѓа како поминуваше времето. Секогаш сум се чудела кога некоја ќе речеше дека од одма го сакала детето, љубов на прв поглед. Јас кога го видов прв пат плачев оти е ружно :D
     
    На MeowMeow, Tea SK, merriel0 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    26.935
    Пол:
    Женски
    Ден денес се чудам на ова зашо не сум имала такво искуство :D
    Јас ја гледав и си викав леле Кинез родив :rofl: У очите право Кинесче беше :D
     
    На le.soleil, Tea SK, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    6.504
    Пол:
    Женски
    За лична, лична се роди. Стварно беше убаво бебе, не дека е моја. Ама јас ко труп со неа.
    Сестрите донеси ја в соба кај мене, јас ќе ја ставам на града, млеко немав, малку во раце и после во креветче таа, јас на кревет и спиење пола ден :rofl:
    Колку сме се изнаспале во болница тоа чудо едно.
    Знам дека ко изгубен германец бев само, вака филм ко ќе си вратам.
     
    На le.soleil, Anaroz1, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.081
    Допаѓања:
    18.817
    Пол:
    Женски

    Со спиењево во болница исто аххахаххах :rofl: го носат бебе во 6ипол, поминува визита во 7 и ја и он кома до 11, доручек ми оставиле вода сок јас и он сме спиеле. Сестрата ми рече ви ја затворив вратата да одморите убаво :rofl: Ама искрено од болница едвај чекав дома да си дојдам, да се избањам ко човек и во мојот кревет да легнам. Тоа ми било прво лежење во болница во животов. И пошо си бев супер ден порано заминав, со овој памет ке одморев уште некој плус :lol:
    А грдо бебе родив, со голем нос и косиште :rofl: сеа си убав син на мајка :rofl:
     
    На marama, Tiny Love и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Царица. Како бе грдо бебе. Мене сите бебиња ми се убави. Такви мали кревки, ништо неубаво не можам да им видам. И да се носласти пак се убави :inlove:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.