Dobar den Moze ne e ova mesto za prasanjevo no ako nekoj od vas go ima petlevo od igrackava mnogu ke mi znaci ako vi e raspar da mi go dadete. Barajte bilo sto za vozvrat
Леле колку си мислев за малиов, што ако е грд што ќе му праиме… некои јаки богаташи не сме, ќе треба од 5 години да го пратам на програмирање или за стартапи нешто, кеш да врти.
Леле како бе сите на ист начин сме полудени од хормони? Го гледам малово кога го извадија од стомак, фино, розевко, топличко и си викам баш е убава. Е кога ми ја донесоа го гледам такво збрчкано, мало како глушец, па и капче и баш на ништо не ми личеше. Му викам на маж ми абе многу ни е грдичко детево, ама ај нека е живо и здраво. Првото уште од старт беше моја копија и очекував ова барем на нешто да личи. Човеков со мене некогаш мислам толку очи превртува што во тил ќе му отидат. Ама еве бебе е скоро 2 месеци и се заобли, образи пушти, отвори очи убаво и секој ден и се се посветли. Јас се уште си ја викам глушец, никулец еден.
Нас пак многу ни беше убава уште кога се роди, а бевме со муабет дека каква ќе биде таква, особено зошто на последната 3д слика изгледаше како да има огромен нос, а некогаш со мн тешко срце сме знаеле да кажеме за некое бебе дека не е преслатко како што знаат да бидат бебиња, иако никогаш не сме кажале дека е грдо Сега цело време само си кажуваме дека не дека е наша, туку стварно беше слатка, имаше еден куп коса, едни подуени виснати образи оф леле
Пред моево се раѓа дете на другари, девојче. Значи детето мини верзија на свекрвата, како на фотокопир извадено. Не дека таа свекрва е грда жена или нешто слично ама за моево најголем страв ми беше да не се роди и да личи на мојава свекрва Труднички хормони и труднички памет
Од секогаш сум кажувала дека не сите бебиња се убави и си мислев ќе ми се тресне од глава, како ќе си го гледам така неубаво Кога ни ја дадоа таква крвава цела ја бакнувам и ја гледам, му викам на маж ми убава е Кога се јавив на моите да им кажам дека се породив прво тоа им кажав Сега после 2 месеци кога веќе заличе на човече ги гледам сликите и не знам што толку убаво видов тогаш Абе хормони на најако
Хахаха ме пресмеавте, а ме боли рана од царски неможам .. јас уште неможам да ја сварам на кого личи ќерка во инкубатор е... лелеее ми заличува на девер ми, на свекрвами.. хахах и викам на другарката најблиска што ќе беше ова ќе качи дете некое килце да не ми личи на нив да смени малку. Хаха страшно
Моето кога се роди цело валкано на никој не ми личеше. Ама кога ми го донесоа сабајлето бело бело како снег и ист татко му, плукнат, и без коса ( и тоа на татко му ) а сега го гледам очите како да ми ги има извадено луѓе, крупни зелени со долги трепавици како нашминкани. Колку само мениваат тоа е чудо. Инаку ич не ми смета што нема ништо друго на мене. Свесно си го одбрав мм за татко на моето дете. Како и да е сите си личат на себе и се најубави мали бебиња на овој свет.
хахаха леле и јас бев ваква со првото ме вознемируваше некој да диши околу нејзе освен маж ми, сега ко ќе ми текне ќе видам сеа со второто како ќе се покажам @Miss_S мене најголем страв ми е беше да не личи на золва ми, а богами пошо и ова второво е женско пак ми е страв
Мојава кога се роди, ми се виде како најубаво нешто на цел свет. Розевка, чиста, разбуцкана во образи, со косичка, доооолги трепки уште од раѓање, дупчиња на образите како мене и при плачење и при смеење. Се стопив. Кога ме спуштија во соба од интензивна и маж ми беше веќе во собата, дури чекавме и бебо да ја донесат, само си велевме еден на друг - Виде колку е убава а а а, ич не е збрчкана ни црна. И тој - Даа да, ме погледна веднаш во очи кога ми ја дадоа, и и сметаше ламбата и јас и држев сенка со раце за да гледа поубаво. Мислам дека овој муабет 10 минути го правевме. Многу ми е мака само што првите 3 недели некаде ми е се' како низ магла...
Првото нешто шо му го реков на мм коа му се јавив после пораѓај беше: бебето ни е многу убаво хахах. И така беше кога ми го дадоа бел убав син мајкин, преубаво бебе беше. Ах колку брзо раснат...
Секогаш сум викала дека сите бебиња кога ќе се родат се како згужван весник и многу грди И на тоа добивав одговор ќе родиш ќе видиш најубаво ќе ти биде, љубов е тоа на прв поглед бла бла... И ете родив и не сменив мислење, и моето беше грдо, црно со коса, главата изобличена дека со саати намачено. Е сеа обели, веќе е човече мало, убав син на мајка Како и да е, јас не сум видела убаво новороденче и си стојам на тоа дека сите се грди и после заличуваат на човек и се разубавуваат. Фала на сите членки што мислеле дека детето им е грдо, ме утешија дека не сум само јас со тоа мислење и дека не сум неарна
Имаше влакна по чело и по телото. Реално не беше убав мојот бебуш кога се роди. Си помислив "ке се разубави". И стварно кога обели, па косата негова почна да му расте, па доби лик. Ама ако беше така згужванко кога го родив, ми беше "убав на мајка". Уф се стопив кога ми го приближија прв пат. Тоа црка кутрото тазе извадено од стомак, ама кога си го бакнав заќута. Јас се изнаплакав. Ех мајка, грдо не грдо, мое најслатко си е.
Мојата принцезичка беше преубава кога се роди. Во 5 попладне се роди, вечерта првпат ми ја донесоа во 9, толку беше слатка убава мека и нежна, со едно капче на тоа минијатурното главче како потклапушена беше хахаха. Глувченце мало, секој ден е се поубава.
Жени шо се случува со хормоните, кога ќе се средат оти вака тешко ќе биде. Ја гледам и си плачам не ми се верува дека е моја. Долг пат поминавме да дојдеме до ова чудо што си лежи до мене сега. Како ли се справувате со луѓето околу вас, јас до сега немав проблеми со домашните, свекрва ми живее на другиот спрат ми помагаше во бременоста, се нуди за помош се тоа ама само што си дојдовме од болница со золва ми нападнаа со адетите немој ова немој она, на секое ми викат ќе снемаш млеко ако направиш вака, ако направиш така, им кажав дека не верувам тие работи и да не ми пренесуваат од кого што слушнале и како. Сношти дојдоа пак двете и пак почнаа нешто со адетите и јас заминав во купатило да не ги слушам и сопругот ги избрка му рекле не ја фаќај за стапало ќе снема млеко Кај мене хормони ме маваат, кога си дојдовме дома не знаев дали цица доволно, зошто е нервозна навечер и сл и уште они со адетите. Јас не знам стварно што им е луѓето.