Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    5.709
    Јас имам еден линк во букмарк за што треба да знаат за одредена возраст ама е до 5 години само и по него се водам. На листата што е за нивна возраст, можат све и голем дел ги прават редовно, дури и доста што се очекуваат подоцна. Ама да се заиграат сами 15 до 40 минути сами одма ги носам на доктор да проверам не се болни

    https://positiveparentingconnection...e-skills-for-babiestoddlers-and-preschoolers/
     
    На Fenix05, LiquidLuna, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    6.509
    Пол:
    Женски
    @RainBow , од братучеда девојче само што наполни 11, машко од 8 години има.
    Се повеќе и повеќе обврски дава, посебно на женското, и изговор што мене не ми се допаѓа е тоа што вика женско е мора да го знае и прави тоа. Машкото демек не мора.
    Од обврски што од поодамна ги дава на женското и ги споделила со нас.
    - да пребрише прашина низ дома, барем на масите и комодата во дневна
    - да измети со правосмукалка
    - да направи брз појадок за неа (девојчето) и брат и, било да намачка леб и стопли млеко или направи чај. Или млеко и бисквити, корнфлекс, житарки итн нешто полесно
    - да стави алишта во машина или да ја испразне машината
    - да испазари основни работи, маркет имаат на 100тина метри од дома
    - да го однесе брат и или земи од училиште ако е слободна или од тренинг. По 200-300 метри се активностите оддалечени
    - да му помогне на брат и со домашните или цртеж за на училиште
    Тоа ми текнува засега
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    7.927
    Многу ми е селски ова давање на женско повеќе обврски, значи скроз затуцано.

    Ко сме кај муабетов на Реин, од тоа брзање, побрзо да завршиме/спремиме/средиме, заборавивме детето на основни работи да ја научиме.
    Ги знае сите букви, броеви до 20, и се што треба за возраст, ама не знае јакна да облече/соблече, патики, чорапи и слично.
    И све од тоа што ние касниме, или ме фаќа нерва да ја чекам па правам јас.(facepalm)
    И така сеа ресет, па отпочеток идеме за многу работи.(facepalm)
     
    На Miss_S, Fenix05, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.714
    Пол:
    Женски
    И мене многу ме нервира тоа двоење. И после зашто машките такви биле, научени од мали така. Навистина се надевам дека се сѐ поретки вакви случаи. Плус, девојчето уште од мало сведочи неправда.
    Да, најчесто од брзање е, немање трпение нештото да се објасни. И ај јас побрзо ќе го направам, ај нема време сега и ете. Ама, добро е да се освестуваат вакви работи и ќе се тргне во правилна насока.
    Затоа честопати се преиспитуваме до каде сме и што сме, што правиме грешно... Нешто ќе помине незабележано и ќе остане искривено сигурно, ама... Нема совршенство.
     
    На Miss_S, LiquidLuna и Калатеа им се допаѓа ова.
  5. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, не ни помислив дали е убава или не, ама сабајлето кога ми ја донесоа во соба, го осетив тоа мајчинското, видов дека ептен слатко бебче родив и секој ден оттогаш, еве веќе 6 месеци ми се чини дека секој ден се повеќе и повеќе ја сакам и го има земено најубавото од татко и, зелените очи, а мало носе како мене. :D А кога ја видов првиот пат, кога ја извадија беше како вонземјанин во главата изобличена, ем од вакуумот, ем од самиот пораѓај. Така да, мислам дека е скроз нормално и природно конекцијата и мајчинското чувство да не се појави преку ноќ, туку се гради со тек на време.
     
  6. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ауч колку лошо тоа на женското повеќе обврски. Некоја идна снаа ќе заглави со мужот гален вака на мајка.

    Само да ви кажам во денешно време никој не трпи уште маж без основни вештини, а не пак во иднина, тие деца што ќе пораснат вака учени.

    Внимавајте како воспитувате, кога тогаш од глава ќе ви се врати.
     
    На Miss_S, Mother of 2boys, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    9.284
    Пол:
    Женски
    Ama i nieden maz ne trpi galena zena :) osven mojov de :rofl:
    Sala na strana, ako gledame taka, i zenskive deca se galeni i i sve na tacna bez osnovni vestini ne samo maskite. Za zal takvi ke bidat idnite generacii.
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.735
    Допаѓања:
    26.963
    Пол:
    Женски
    За обврски, ако нешто ви значи јас миев садови од 3то одделение. Брат ми од 5то затоа што беше позаинтересиран да се удави у сапуницата отколку да ги измие садовите :rofl:
    Ама јадење ме оставала мајка ми пример да го "пазам" гравот да не претече, да му дотурам вода ми има кажано до каде и сл. такви мали работи. Со брат ми откако добивме наша заедничка соба сами ја чистевме, 5 и 10 години деца. Татко ми повеќе обврски му има давано на брат ми низ двор, мене повеќе по дома.

    За ќере имав трпение да ја истрпам нејзината "Сама" фаза па се си се научи без мене :D Сама се облекува, соблекува нели кога не ја фаќаат будалите па да ми каже Мама ме мрзи :x Играчките не си ги прибира многу многу, ама не ја напињам за тоа. Единствено за што е стварно напната е патиките да не ми ги остава низ ходник. Трубев и многу ја замарав за тоа и ја научив :rofl: Иначе од таа нејзината Сама фаза, сега и на нас ни мачка леб и палачинки. Како - така, успева некако :D Банана сама сече, не со тие острите ножеви туку оние шо се за мачкање, секако под надзор.
    ^ Ова не е по моја желба, тантрумишта фрла во спротивно :D

    Е доброто е што за "опасните" работи е разбрана. Острите ножеви не ги ни погледнува, сама си вика Тоа сече. Шпорет нема уклучено ни по грешка онака знаете да штрапа по копчиња, само светлото на фурната ми го пушта да си светело :?:

    Знам дека зборевте за поголеми деца, ама ова малово ко малостаро ми е некогаш. Многу поголема од 3 и пол години ми се чини кога е "во добрите" :D
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    555
    Си летна времето, се вратив на работа, слободно време се' помалку, се осеќам дека цело време трчам и пробувам да фатам ред, ама слабо. Ама ете, рана дремка и време за едно кафе на раат и малку форумот.

    На тема за обврски, моето е многу мало ама цел ми е да го научам да биде самостоен и да знае сам да се грижи за себе, ако е машко. Цел живот имам така малку resentment спрема мајка ми дека јас бев женското и јас требаше се' да се научам, од мала правев доста работи, како за мене така и за брат ми 5 години постар од мене, да го средам мојот шкаф, ама и неговиот, хмм :^)
    Од друга страна, не мислам дека ќе ми е тешко, цел еден маж превоспитав :D, ама ако јас работам, ќе правиме и дома поделено, иако нормално сето оди повеќе на мене, ама small steps. Мажот ми се тројца браќа и гледам дека иако прави се' низ дома, не му е баш по кеиф дека него му се падна една вака прогресивна жена :D
    кога гледа како кај другите се прави жената. Ама барем од сите е фален колку "помага" по дома, а јас колку сум среќна што ми се падна таков маж |(
    Кога ќе слушнат дека сам го чува детето на кој му е родител, се паѓа во несвест од восхит :D

    На тема враќање на работа по породилно, се осеќам оглупавено и не ми се замара. Работата не ми е по ќеиф, моментално е најдобрата опција, па не можам да сменам, ама дури и така секогаш давав максимум. Сега, најосновните обврски ми се мачење, ми треба преголема енергија за да се фокусирам и да научам нешто ново, посебно сега кога ме ставија на нов клиент. Is mom brain real? :D
    Амбициите ми се само на хартија, иако сум свесна дека овој дел дури и биолошки, ме тера да ставам приоритет на бебето, се чувствувам дека цело време каснам, ми бега времето, нема време за се'.

    Толку од дремката :D
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.