Ќути шо не поминав јас со таа жена ,среќа не е отепана. Ептен требаше да си оставам дете за во затвор да одам... Туку вие со по 2 деца... 33 та недела терам а сеуште незамисливо ми е да донесам бебе дома . Се плашам како ќе реагира ќерка ми ,како ќе се поделам јас... Како ќе се снајдеме ,не сакам да ја испуштам не знам зошто вака се чувствувам како да ја изневерувам. Постојано и повторувам дека секогаш ќе ја сакам ама она е и малку повеќе љубоморна уште сеа знае да даде коментар од кој ми се плаче Пример станува сабајле и ми вика ти мене како ќе ме гледаш таму бебето ќе биде него само ќе си го гледаш . Ми се плаче напати дали хормоните си го достигаат врвот или не знам ама мачно е многу. Утешете ме
Детево ми порасна. Веќе не е тоа мало бебе кое цицаше и ме галеше со рачето. Овој септември - прваче. Го извади и првото запче. Кец доле, првото забче што излезе на 5 и пол месеци. Извади и две 6ки. Се повеќе му припаѓа на светот а помалку на мене. Си игра со деца, си има свои активности, оди на шах и спорт. Само навечер, пред заспивање, го имам за себе. Уште е мал и сака да ме гушне со рачињата пред да заспие. Шмрц. Конечно е пролет и има сонце.
Каде оди на шах? Има ли школа за мали деца? И моето е иста возраст и многу сака да игра. Ама мислев дека се мали А тие пораснаа
Знам дека темава не е за совети ама овде сте нај активни.. Дали нека мајка пиела нешто за смирување дури дои? Како што имам пишано сама сум со две деца трет месец веќе, мм е во странство помош од никој немам.. Трпев терав некако ама прегорев изгледа.. цело време сум под стрес, напната, нервозна се ми смета, викам по големиот неможам ништо да поднесам.. ми е страв да не се разболам од стрес, или скраја да е да ме стрефи некој удар Психијатар и општ доктор ми велат несмееш ништо дури доиш, а јас нејќам да го одбијам, 9 месеци е ама незнам ни вака како да се совземам... За еден месец се надевам ќе си одиме и ние кај татко им, се надевам полесно ќе ми е, и знам дека колку шо можи ќе ми поможи ама до тогаш незнам како... Овде секој си гледа за себе а јас се изгубив скроз, и да излезиме да прошетаме нема со кој, сите дома затворени, викенд ако се видиме со некој и толку е... Големово по цел ден и тој дома досадно му е, а јас како да постигнам се... Се изнапишав можи ќе ми олесни барем малку
Еее го отпишав тоа ми е најголема грешка.Си реков тешко ќе ми е сама да го носам и земам, дека не ми е баш блиску градинката, ама сега си велам така по ќе се организирав отколку сега.. Ама то е да е жив и здрав од септември ќе почни на училиште.
Ako mozes da si dozvolis finansiski najdi si kukna pomosnicka a tvoja edinstvena obvrska da se decata
Сестра/мајка/другарка/свекрва побарај помош, ако не сега па кога? Малку да те смени на некој саат. Не е срамота да побараш помош
Можеш чај од маточина. Таа ја има и во чаеви за доење, и за бремени жени е безбедна. И батали дека се мора да е намирено. Остави еден ден лабаво.
Мајка зошто си правиш притисок да постигнеш се? Гледај деца најадени и да има што да облечат суво, толку. Има кога да ти биде дома чисто и средено и се да биде испеглано и под конец и ти да бидеш дотерана, ама ова не изгледа како да е период за тоа. Се во свое време. За шетање никој не ти треба, си имаш друштво 2 дечиња, што е поубаво од тоа. Спакувај ранец вода, некое сендвиче, грицки, шетајте по паркови, сонцето е неверојатен лек за лоши мисли. Може така и ќе запознаете луѓе во слична ситуација како вас.
Ај нема веза , си го отпишала си го отпишала. Уште месец два ќе си одите кај маж ти. Шо се замараш да постигнеш? Убаво е времето, двете деца надвор. Шо бараш дома?
Овде подалеку ми е паркот, кола имам ама немам возачка, не е една работа шо ме "кочи" низ маало шетаме, деца неможиш да видиш жими се во Авганистан да бев по ќе се снајдев, незнам шо е со луѓево, вас шо ве читам ви блазесвам.. И јас така се тешам за месец дена бегам, ама онака ко ќе се насобери се на психа ме мава...
Здраво мајки. Одамна не сум пишала , како сте ми? Ние добри, фала му на Бога. Бевме болни, ама сега сме супер. Го користете ли времето за прошетки? Ние сме секој ден надвор. Многу ни годи и на бебе и мене. Многу поубаво ми спие навечер. Си фативме и рутина, најдоцна до 19:30ч ми е заспан, па имам малку време за себе. Кога ќе заспие само гледам што побрзо да подраскренам низ дома, туш и во кревет. Некогаш знам да се загледам на телефонот и да го почекам до кај 10:30/11:00ч за првото млекце и ме снемува. Уште некој ден и бебето ми прави 3 месеци. Ми порасна моето мало бебенце. Не ми е веќе новороденче. Секој ден тагувам за тоа, а кога го минев тој период едвај чекав да помине. Би сакала да добијам втора шанса и одново да му бидам мајка на моето новороденче, ама овој пат без депресија, трауми, плачки, антидепресиви. Ќе бев повесела мајка за син ми, бидејќи сега знам дека е период кој мноогу брзо поминува. Ама тоа е, нема назад. Важно сега сум најсреќната мајка на свет, фатен ни е редот и животот ми е исполнет со среќа и насмевки од тоа мало човече што ми излезе од меше.
Kazete so zamorov sto ke se pravi. Nemam sila za nisto. Kako voz da me pregazil. Ne sum depresivna samo mi smeta neredot, alista na sekade. Toa sto nemozam da postignam nisto. Kilognamite…
Провери си железо и пиј си по една лимунада дневно. Нередот ке го средиш бебе кога ке пркне. Сега гледај да функционираш само. Кога ми беше бебе ококу 4-5 месеци така некако кулминираше мојата нервоза од непостигнување и умор и неспиење и една навидум "блиска" ми кажа како спиела додека спиеле децата и се постигнувала по дома и ручеци и се. На такви ако налеташ, прескокни ги. Уживај си со бебето, лета времето. Малово мое е 9 месеци, на работа тргнав и фатив некој ритам, ама далеку сум од тоа што претходно правев. Едно роботче правосмукалка вклучувам и имам некоја организација кога малиот си лази и се игра нешто.
Сите сме поминале низ исто. Се помирив дека со бебе , а после и кога ќе порасне, нема да е исто како пред бебе. Сакаш во инбокс слика како ми е дома, за да те утешам? 3 испрани машини си стојат во корпа, зимаме што ни треба само. Сега па како што стопли, дома не се вртиме. Ама ич ич не ми е гајле. Ручек или мајка ќе прати нешто, или Тетекс нека се живи и здрави. Денес шпагети со сирење и кечап. Килограми ќе се средат. За сила, земи некои витамини, направи си вода обичка со резанки лимон и пиј си по цел ден. Сите сме исти, не ги слушај тие што имаат се под конец. Ене ја имам една таква, ама до 2 една баба, после 2 додека дојде маж и друга и се и е пиц пец.