Лажела Не се замарајте луѓе со чисто/алишта мислам нормално не да се давите во ѓубре ама не мора ни стакло да е се. Бебињата еднаш ни се бебиња ,тодлерите исто еднаш се толку мали и смешни. Добро де и нервозни Ама има време кога да е стакло ,сега нашето нормално е играчки на сегде и даска секогаш полна со алишта Битно е да се најадени и испрани ,бањати. Се останато може да почека ,не си правете притисок а на тие шо не му се свиѓа нека земат нека ви зачистат или уште поарно ич да не идат
Леле луѓе не зборете за умор... Пре,преуморна сум,не го ми чувствувам веќе уморот,отрпнав Од сабајле со бебињата,после 15ч и дада е тука,мора и со неа.Мм секако е тука во се' ама едноставно со трите деца не се постигнува се' да е како што треба. Кој вика лаже,значи лаже... Гледам јадење да има за сите,ако не можам порачаме,бебиња,дете средени,чисти да се..дома да е чисто онака нормално,генералкиииии мало морген...немам ни сили ни време. Се помирив со тоа дека играчки ќе има насекаде уште бааѓи време и полесно ми е така. Сега кога е убаво времето ,товарам количка,бебињата и во шетња,дома какво сака нека биде. И така
Уморни ке сте, и јас сум, сите сме у иста каша. Ке одберете дали домот среден или детето гледано. Да може да ми биде чисто низ дома, и алишта спастрени, и машини спружени ама ке седи детено во фотеља пред ТВ цел ден. Вака бирам работи што ги правиме заедно "ми помага". Стануаваме, за него доручек додека пијам кафе, после одиме со ред вадиме садови од машина, спружаме алишта, собираме. И го облекувам идеме надвор. Ако сме во двор ставам на тивко ручек да се крчка и за нас и за него,ако сме подалеки доаѓаме дома пред дремка го заспивам, ставам ручек за него, набрзина усисувам, пребришувам плочки, собирам играчки да не се низ цела дневна и пијам кафе тој саат е за мене. Алишта диплам 2 пати неделно иначе стојат на куп тоа е, нешто мора да трпи. Бирам да трпи тоа што е не битно. Во 10-10ипол сум кома, ама затоа сабајле у 6ипол ме буди мамии адеее со најголема насмевка.
Јас им нудам крпа и средство без пардон, на секој што ќе спомне. Ако толку им смета де. Не се бунам кој сака среди, само додека спие беба да не тропа хахахахахха
Па така де... Така свекрва ми ,золвите нејзини се во странство и беа дојдени. Среди ова ќе наминат ,среди она ќе наминат ајде бе да не треба и простум да им стојам. Имавме и кавга ,малата 10 м ,многу сакаше домати а свеки на золва и и направила салата и таму јадењето да јаде и наместила ,ќерка ми си пружила раче си зема од тањирот кога врисна жена НЕЕ мислиш не знам шо бидна. Одам гледам ќерка си јаде патлиџанче викам шо ти е зашо викаш. Па директно од тањирот на тетка ти зема. Викам и шо сеа му се јадело на детето така ли се вика ?. Ау тоа бебе става сегде раце може не секој сакал да јаде... викам кој се гади од моето дете ич не мора да доаѓа земав тој тањир и ги дадов на ќерка ми а на тетката други и направив еве викам ок ли е сеа? Ќутат двете. Мислам стварно на кој не му се свиѓа амбиентот детски и тоа шо детето не знае особено на 10 м дека во туѓи тањири не се чепка туку си се осеќа слободно во СВОЈОТ дом да си земе нешто ич не ми треба да доаѓа.
Еј мајки одамна немам пишано, уморна почнав на работа од дома. Сега за сега лесно, малиот малку јас малку сопругот го чува. Прашавме за градинка приватно ама за сега нрмале место,ќе чекаме да се ослободи. Туку имам др вест, 2 дена ми каснеше менструација и направив тест ииии оп позитивен. 2 жар линии хахахха. После 1 год и 3месеци од царски. Знам рано е ама не очекував дека ќе се случи толку брзо при нередовна менструација без да знам денови на овулација и притоа имав 2 пати менструација тој месец. Ќе биде тешко знам малку ризично ама ако така сакал Господ јас го чекам со раширени раце. Туку вчера правев и бета хцг 3900 ми беше. Некако висока бројка ми се гледа па да не се близнаци???? Е тек тогаш ќе биде интересно хахах.
Честиткиииии рано или не, баш убава вест е!! Закажи си преглед да си знаеш со време психички да се спремиш, баш висока бета е тоа и да го спремиш и малото да знае супервизор на колку зрнца ќе е
Ајде честито! Докторот што ме породуваше, го прашав после царски колку би требало да се почека? Ми рече демек снајди се 2-3 месеци со ова бебе па терај, мислеше ми се брза. Зошто има со помала разлика бебиња. Ич да не се грижиш, да пишеш едно ли е, две ли се
Ама многу ми се интересни кога ќе речат ,,ахх да ми порасниш само па како ќе те шета дедо/баба”. Дека сеа на 3 месеци неможе да се шета, ок.
Nema nisto loso kazano vo toa. Na mnogu im e strav so malo bebe. Koga ke zacvrsne e drugo, mozebi lugeto se samo svesni deka na 3 m majka si bara bebeto .
Не те прашувам иронично туку чисто љубопитно, да не ме сфатиш грешка. Би им го дала да го шетаат или чуваат на оваа возраст? и моите свекор и свекрва го зборат тоа дека ќе ја шетаат кога ќе порасне и мене баш ми одговара зошто искрено не би ја дала сега. АМА и не поканија на свадба сега во мај, свекорот храбар демек ќе ја чувале... нема шанси...
Знаев дека ќе бидам грешка сфатена. Ме нервира само што попуваат сѐ и сешто за околу внучето, а бегаат од него како каснати од оси. Барем кај мене е вака. Нема потреба ни сега да го шетаат, ма ни тогаш. Ако бегаат сега, нека си стои така и кога ќе биди поголем. Тоа само сакав да го искоментирам, а како сте ме сфатиле, не знам.
Postari se mislat deka znaat poveke , sudir na generacii , mozes da si ignoriras i da si pravis po svoe . Bidi srekna dodeka ne ti dosagaat sekoj den na gosti , sigurno se raduvaat i oni pa vnuce im e
Да де. Ама затоа на секое кажува како го чувала внукот од бебе, дека мајка му поридилно немала. Не мора да шета де. Ама еве сега два дена маж со беба се чуваа и ја вадел во двор да седат, беба плаче од неа…