Верувај не те сфатив никако погрешно, те разбирам и тебе еве јас пак како некој што сакаат цело време да се на гости да ја гледаат, баш би сакала сега малце да е полабаво, па после нека ја шетаат. зошто сега е беба, будна е по 1 саат, си бара ептен мајка... не попуваат нешто многу, барем не пред мене, на мм ми кажува дека после по тел знаат нешто да му искоментираат, ама очекуваат дека сега кога ќе дојдат да ја видат она ќе е будна 3 саати за да ги гледа нив. и кога ќе и се приспие по 1 саат откако ќе ја најадам, со коментари се дека "не требала сега да спие, баба и дедо биле на гости". така што јас сум за тоа дека баш болје понатака и 3 дена да сакаат да ја земат ама сега малце да олабават моето прашање баш беше за мислење, зошто си викам дали сум јас откачена што не би ја оставила ни 15 мин што се вика или нормално е
На почетокот очааајно ми требаа 15 мин. некој да е со беба, да се истуширам, за затворам очи 10 мин. Да отидам до маркет, аптека, да спржам јајца или да ставам тенџерето ручек. Таа ,,привилегија” ја имав 3 пати од свеки. Сега веќе па ич не ми треба помош. Организација со мм си имаме. Моите сами се понудија да ја чуваат , додека појде во градинка. А па како растат, повеќе се приврзуваат за мама, па потешко иде во други. Барем моево е такво. Освен кај мм и кај моите, ако не сум присутна, кај други Боже сачувај да отиде.
Тие 15 мин за по дома среќа ги имам од мм. 3 дена во неделата работи од дома, работата знае да му е захтевна, ама знае и ништо да нема во денот, па ептен си се организираме. Се немаат понудено се уште, освен што ви викам свекор ми за свадбата, ама тоа мислам повеќе низ муабет било, а така е зошто и генерално доаѓаат попладне кога и мм е дома (јас одбирам да е така). Работата кај мене е што јас немам никаква доверба во нив. Последното бебе што го имаат чувано е мм пред 30 години, и моментално фунционираме така што јас мора да сум во близина кога они се на гости зошто "мајка требало да си го смири детето ако плаче". Значи она ако плаче може 20 секунди да се пробаат и после си ја земам. И баш поради ова не знам дали некогаш ќе имам доверба и храброст да ја оставам со нив, затоа што или ќе заплаче и одма ќе ме бараат (што верувам нема да ми смета првите пати) или ќе ја плачат без да се јават за да не не замараат кога сме ја оставиле (што е поверојатно, и што не сакам да се деси). За разлика од нив, на моите им верувам потполно, зошто едно веќе имаат 2 внука од сестра ми изгледано, друго мајка ми она од раце ми ја зима за да ја смири, и прави се со неа што правам и јас освен цицка што не може да и даде ама они живеат на 2 саати од нас. Среќа, сестра ми живее на 10 мин, па ја имам неа здравје кога би сакала да ја оставам. Проблемот ми е што знам дека ќе наидам на кавги со нив и мм кога ќе сакам да ја оставам и кај сестра ми и кај моите, а не кај нив, и тука не знам што како ќе правам.... Додуша, така се понашаат сега кога е мн мала, може натака ќе се сменат, ама мене овие нивни размислувања ќе ме следат цел живот реално
Мојата свеки не се ни труди хахахаха Додека бев бремена и едно време по породување толку ме нервираше, ама сега ми се смирија хормоните и баш ми е гајле што ке каже. Не се ни понуди да го чува дека ке тргнам на работа, мајка и кршеше колк, па се оправи ама пак нема да може и само ке се јави па ке глуми колку голема баба е. Среќа не ја гледаме често. Додека бев бремена кажа работи од кои нема враќање и не го испочитува моето семејство. А имавме мнг коректен однос пред тоа. Шта је ту је, сега одам за да си го испочитувам мажот, ке си поќутам малку и ке погледам ТВ и си одиме. На ниту еден глуп муабет не одговарам. Вака кога ке си ставиш дека не постојат, освен сопругот да не ми е повреден, ништо не морам да правам.
Е погоре што пиша. Кога беше баш мала, ќе ја земе и ќе почне мојава да плаче со зајдување и оваа мртва ладна ја гледа. Јас во спална се пресоблакам и слушам дека плаче и нема веќе глас и знам дека зајдела и трчам и она ја гледа. Викам жено дувни и направи нешто и ќе ми ја врати етее она мајка си сака и низ врата. И да сум ја носела на баење И сега беба не зајдува, ама несака кај неа. Не ја знае. И сега кога ќе заплаче, еее па ти каква си плачка, се кај мајка ти. Викам па дете нели за со мајка е ?
Па ако ја прашаш свекрвче до 1 г не се шета дете ,си седи дома ако е мајката дома со мајка ако е бабата со баба со кој и да е какво шетање на 3 м бог да чува. Леле ко ќе ми текне сеа ми иде да и залепам една замисли тогаш ама ај ковид ,она со проблеми беше со кислород 2 недели и некако страв ми беше ,шо се дозволував од страв Туку не знам дали се хормони во прашање или што е ,ама луѓе јас виновно се осеќам што ќе родам второ... Како да и се одземам на ќерка ми ,како да и скратувам љубов ,внимание ... како да ја испуштам од раце се осеќам...
Жено смени перспектива малку. Ти нема да чуваш две одвоени суштества. Тоа второто ке му биде сестра/братче на првото. Ти му даваш, не му одземаш. За да не биде само утре. Кога ти ке бидеш убедена и детето ке биде убедено дека твоја љубов не се дели на две, туку се дуплира.
Мојата е скоро 4 месеци. Јас за преспивање без мене не би ја оставила никако, ама од прилика 2 пати неделно по 2-3 саати ја оставам на свекрва ми за да се издувам со маж ми сами. И кажувам само кога треба да јаде и кога треба да спие и жената си го почитува тоа. Дури и ми пишува на вибер од колку до колку спиела. Или ми се случува да ја оставам на маж ми сама и да отидам до некој мол 2 саати да тепам време сама или на фризер, депилација, кафе со другарка. И ич не осеќам грижа на совест за ова. Ја мислам цело време, нормално, ама не брзам да се вратам ако сум одлучила да се релаксирам. Освен за итен случај. Кај мене не важи она со пола око гледање ако некој друг ја држи освен мене и неконцентрирано следење разговор со луѓето ако не е во мои раце детето. Кој сака да ја држи нека ја држи, кој сака да ја игра нека ја игра. Не го пазам никој како ја држи, не му стојам над глава, не ја барам назад. Само им кажувам, ако ви досади слободно легнете ја, дајте ми ја и сл. Ако и е време за спиење, пошо пратам будни прозорци, кажувам време за спиење и тоа се почитува. Не знам дали ми е таква околината совесна, ама никој досега не рекол ееее не може сега нека седи будна. За шетање не ми ја барале, а и не ја давам оти јас шетам со неа скоро секој ден па некогаш и ѕвонам на свеки да се најдеме на кафе заедно и заедно ја шетаме.
Е таман за трофеите де. Што има сеа да се нуди. И онака бебла нема да се сеќава на неа. Инаку, понудете психолог. Пропаднав. Очекував барем малку помош од околината. Се фатив како ,,молам" блиски на гости да ми дојдат. Цел живот гурам сама, ама ова не е у ред.
Ти ги препорачувам Себесложувалка, има бројче онлајн, јас одев пред и цела бременост, сакам и пак да почнам исто. Прво зборев со Тиана Ивановска и после зависно од тоа што те мачи/за што би одела може ќе те преусмери кај колега што специјализира да кажам во тоа. Имаше опција и онлајн сесии да држиш, доколку не живееш во близина и не сакаш да одиш на лице место.
Јас кога одев, мислам исто е и сега, беше 1400 денари за саат време сесија. Психологот ти е достапен и телефонски/вибер и надвор од сесиите за адхок ситуација исто.
Institut alternativa , jas ne sum bila no bratucedka mi odi so godini i na individualna i za bracni parovi i e zadovolna.
Јас имам разговарано со психолог кој го најдов од разговор.мк. има апликација и разговорот е онлајн. Мислам дека околу 1000 денари чинеше.
Majki dali nekoj skoro bil vo zoo skopje , sakam da odam ama ova vo oktomvri so pticji grip sto ispadna strav mi e
Здраво мајки како сте? Сè помалце време за било што со детулево мое. 16месеци, не знае за застани успори не трчај. Почнаа тантрумчиња со седнување на сред улица и движење "al dente шпагета" низ раце Пресмешни се баби дедовци што драмат кога ќе направи така пред нив зошто тантруми исклучиво во мое и на мм присуство а со нив е бајче. Се спремаме за крштевка, баш сум среќна купивме облека за тројцата а од друга страна едвај чекам да плаче 40мин кај кумот и попот Ќе го стартнам денот со ракија. Му правам конечно busy board ќе ви пратам баш да видите кога ќе биде готова целосно, ептен сакам вакви креативни мини проекти. Ајде да допеглам пред да стане торнадото