@Besbes24 честитки! Со лесно да ја поминеш бременоста. Од утре сум на работа. Буцолино нема да го гледам повеќе од 10 часа и не сум спремна на тоа. Мајка ми ќе го чува и знам дека ќе биде чуван како јас што би го чувала. Маж ми ќе биде неколку часа дома во времето кога јас нема да бидам па се надевам нема да и биде терет на мајка ми. Со маж ми се многу блиски, дури мислам него повеќе го бара него ли мене. Он повеќе го игра, го шета и е татино галениче. Дури ме маваат лоши мисли дека со тоа што нема да ме гледа многу уште повеќе ќе се поврзе со него и мене нема да ме ферма.
Цениве за психолози што сте ги пишале ми се превисоки.. ништо против, само ме интересира колку бевте задоволни од сесиите?
Јас бев презадоволна, за цените за жал горе доле сегде е исто приватно кај и да прашаш така се движат. Мислам дека имаше опција и државно да најдеш преку матичен ама психијатар, не психолог, ако знае некој поупатен нека искоментира се немам убаво распрашано. Инаку best decision ever ми беше одењето на психолог мене, сакам пак да почнам, апсолутно препорачувам на секој макар една сесија месечно да се изназбориш со човек што не те познава и нема да е субјективен никако
Кога ќе речат мали деца мали проблеми големи деца, големи проблеми, полека осеќам дека е така, и дека одам натаму. Кога мислиш дека има само расипани "големи" сфаќаш дека има и расипани "мали" така научени од тие големите. Толку многу ме повреди и ме налути една денешна, бескрајно неправедна ситуација баш од тие мали човечиња. Особено оти знам дека моите тоа никогаш не би го направиле на друго дете. Сега се каам што не излегов, и не се соочив со тие деца, да ги прашам само зошто ? И дали тоа ги прави повеќе среќни. Ајде да не брзам,деца се, се надевав дека ќе ми помине лутината. Ама не бре, не ми поминува ми расте само. Не ми е криво што ги излажале, криво ми е што мислат дека моите им поверувале. Колку тежи болката на една мајка, за нејзините чеда.
Како минува времето работите си легнуваат на свое место. Веројатно господ ме сожалил бидеќи знаел колку бев неспремна и уплашена кога дознав дека сум бремена неочекувано и ми го подари најубавото и најмилото и најнасмеаното бебче. Бев уплашена сама да бидам со него а сега си играме цело време не ми се верува дека за помалце од 2 месеци ќе прави година.....фала му на бога што не морам да го носам во градинка и можам целосно да уживам во овој период. Цело време сум излезена со него во кенгурче и шетаме пред некој ден со него се искачив од средно до крст. Кај другарките мои е главен ќе се собереме на кафе и го земам со мене и кај сите 5 по малце времето поминало а јас си уживам на раат кафето. Кај мајками го оставам за викенди и со маж ми и друштвото си искачаме малце музика пијачка. Дома кога мм не е на работа му го давам него и јас чистам и готвам гледам барем да нема садови нечисти и да биде чисто да лази малиот. Треба летово да дипломирам пресреќна сум што успеав и со мало дете благодарана сум што имам помош кога и да ми затреба но гледам секогаш да сум организирана иако некогаш го набивам распоредот и е мачно (девица). Битно е кога стануваме мајки да не се загубиме само во улогата на мајка да не ги заборавиме сите други нешта што сме и што не прават среќни и токму такви сме најдобрата верзија за нашите деца
Се повеќе и повеќе размислувам за враќање на работа, уште од сега ми се плаче. Супер работа, супер услови одлична плата ама.. далеку од дома. Се плашам како ќе се организирам, бебево ќе си го гледам по 2 саати во ден не можам да се помирам со тоа. Додека стигнам и се вратам на работа, 2 саати губам минимум. Уф да можам би си ја чувала дома до 2 години, после во градинка. Ама..
Јас работам од дома, скроз флексибилно, па не сакам да се вратам Требаше иначе веќе од 1ви да сум на работа и многу ми беше тешко сите 3 месеца, а особено последниот кога ќе помислев на тоа, ама се убедив за уште 2 месеца неплатено и ми падна товар од грб. Ама како што течат деновите, пак ми тежи....
Иста сум и јас деновиве, не знам како ќе го поднесам тој период, мислам дека ќе се утепам од плачење, воопшто не ми се враќа, премалку време имаме за нив во работни денови, премалку се и овие 9 месеци, не сакам ниту еден момент да пропуштам од нејзиното растење.
Ужасно ми е. Сите ми викаат ќе ти помине за неколку дена, ама не поминува. Несакам, ама морам. Немам друга опција. Ја чуваат моите преубаво, ама сакам јас да си ја чувам и да сум дел од секој момент. Почнала вчера да вика мама. Не е со значење, ама сакав јас да бидам таа што ќе го слушне прва тоа. Ај се разлигавив сега..
Дали само јас се вадам од такт кога бебето е кенкаво или плаче кога ќе рече некој да не е гладна? Да, гладна е ја оставив гладна за да кенка. Вториот непотребен и скрос иритирачки коментар да не е урочена да и забаат. Значи во тој момент не знам ни како се контролирам. Луѓево само тоа знаат никако на бебето не може да му се случува развојна фаза или едноставно не му е по кејф нешто. Имаш од една страна бебе е треба да плаче а после па зашто плаче? Значи не можам.
Тоа од секој го имам слушнато. И одг "па кај и да е ке е гладен". Нон шалантно. Не знаат што муабет да направат. Од глупоста е тоа.
Мене комшијата ми дојде да ми даде број од жена што баела зашто пази ова едниот многу плачел. Како препозна дека многу плаче само едниот еве не знам. Второ 3м имаа едвај. Една комшивка дојде да праша дали им давам дохрана адаптирано многу плачеле, да не биле гладни.
И јас исто со првото, ми беше страв да искочам да не плаче пред луѓе да не можам да го смирам, ама затоа со второто ооо само саркастично враќам и си терам работа
Моите свекор и свекрва кога не плаче, туку дека сега е во фаза да гука, да си збори, да си претка, па го зборат тоа. Да не спомнувам дека го зборат штом ќе се нацица. Ако не било тоа тогаш морало нешто да има што она гука или претка, ама не постои баш како што спомна ти дека е скок или едноставно нешто не и е на број во моментот. Жими се кукла треба да е детево според нив. Секогаш мислев дека нема да допира до мене, ама страшно ме полудува. Искрено одговарам зависи од расположението, некогаш сум саркастична некогаш се објаснувам...
И јас се нервирав кога плачеше. Коментари за баење имаше многу, а детето или грчеви тогаш го мачеа или скок. Ама на кои заостанати ќе кажеш? Си ќутев, ама се нервирав. Друго што правеше јака нервоза е дали цица оти ако е на ад нема да порасне божем... А сега ме исто нервираат прашања дали се подигал, дали лазел, дали имаме дубак, дали има заби веќе ... Не можам со проста раја, не.... Да се караш ли да игнорираш ли, не знам што е паметно.
Секако дека не си единствена. Тој коментар го добивав од скоро сите и уште знае некој да праша такво глупо прашање. На почетокот трпев трпев и на крај кога ќе ми скурчеше обавезно некој го кркаше. А сега кога ќе слушнам такво прашање враќам со "да, штедам на јадење или на диета е, јадеше пред 7/8/10 саати" и обично заќутуваат. Имав една гостинка што посебно се истакна. Бебево што тогаш имаше 3-4 месеци плаче и ме прашува зошто плаче, велам не знам, се му е намирено. И таа: " Не знам како може да не знаеш, јас на моето секој плач му го знам и знам за што плаче". Нејзиното тогаш имаше годинка и некој месец. И се изнасмеав и и реков аха да еве гледам затоа детево од кога сте дојдени ти кенка и не те остави да седнеш. Остана ваква а мене ми се наполни душава