Те разбирам еве 8 м со овие мислења сум па и поголемава смени многу во однесувањето.. за нештата да бидат потешки . За кратко ќе видиме како ќе ни оди
Околу мене тие што беа со мене трудни пак се, некои и веќе се породија. Јас абер немам, не знам некако не можам да се решам. Детево 2 ќе прави во август, викав да направи 2 па ке пробаме пак како иде август јас се си викам ај нека наполни 3 па ке пробаме. Не знам зошо се осеќам ко виновна ко да ќе мора да ме дели со друг. А сега е каде каде полесно од претходно, се заигрува сам оди, колку толку збори, седи со други. Од една страна сакам, од друга не, зошо почнав полека пак да се осеќам своја и послободна. Си велам уште малку да поуживам па после пак со пелени, цицања, грчеви и не спиење. Не знам стварно не знам, каша попара ми е главава.
И јас така бев па 4г наполни... Скоро 5 ќе се разлика. Од денешна гледна точка мислам дека требаше порано.. и сеа немаше да решам ама бидна. Ова само сакаше
Блиска остана бремена непланирано што вика таа кога првото беше 9 месеци. Сега вика со една мака 2те растат. Некогаш мислам ако така останев бремена полесно ќе се помирев дека се две, отколку сега кога дете е 2+ години, веќе се разбираме ко луѓе, спиеме по цела ноќ и куп предности со првово, за да се решам на второ, пак да врвам низ се.
Летото пред малата да наполни 2, исто е август родена, дур бевме на одмор решивме со маж да правиме второ ама да направела малата 2 ипол. Месец дена после тоа тададамммм останав трудна, уште не ми е јасно како, а синко за 1 месец годинка прави. Ич да не му ја мислиш, можда нервно ќе попуштиш ама второ само се чува и ич не му се замараш . Поарно 3 год разлика него 5, со едно да учиш бројки и букви, на друго пелени да му мењаш. Колку повеќе време проаѓа, потешко ќе е да се одлучиш.
Уф, не знам колку е полесно, моиве се 13м разлика! Заедно си растат, еден без друг не можат, во се се заедно, ама јас се чуваствував и се уште се чувствувам како премногу да избрзав, како да не се посветив на првото дете, па ниту на второто, затоа што беше премирен како бебе, има вистина во тоа дека сами се чуваат вторите. На 13м разлика туку што проодело едното, другото се родило, па тоа сака да цица, ова сака да си играш да го занимаваш, буквален хаос е додека да се фати ред, посебно првата година! Секако е тешко да растеш деца, дали помала или поголема разлика, кога се 2 или 3 во прашање е тешко, посебно без помош. П.С. Никад не би се нафатила на трето!
Имаше период при крај на бременоста кога се осеќав така.. користев одмор 2 месеци пред да отворам породилно и многу време поминував со него мислејќи дека кога ќе се породам нема да можам да му се посветам. Но еве не е така. Се уште многу работи правиме заедно, разговараме, си играме, готвиме. Додека бев трудна му кажував за бебињата колку ќе го сакаат, како он ќе биде главен дома и најважен, дека е голем батко и сл. И стварно се осеќа многу важен, дека придонесува, помага, многу е умен и многу ги сака сестричките. Со добра организација ќе можеш и со првото дете да поминуваш квалитетно време, а тоа ќе го препознава и ќе го цени, не се секирај.
Бебе има 4 месеци и онака паѓа муабет за второ, нормално не одма туку онака како муабет. Меѓутоа јас некако сум на два ума. Не дека не сакам ама имам 36 години, за некој месец ќе правам 37. Значи другото би се родило кога би имала 39,40 а не знам дали ќе бидам способна со едно мало дете и бебе. Вака може звучи лошо ама реална сум. Мм вика еве веќе знаеме се што како треба ама не е тоа проблемот. Има време за мислење теоретски ама физички и психички не знам. Некоја да не е во слична или постоечка ситуација?
Може не е слична, ама еве маж ми би сакал некогаш второ, а јас никогаш. Сакам само едно дете, со 2 нема шанси да се справам и сум решена само за едно. Едноставно сфатив дека не е за мене повеќе деца. Инаку имам рамно 30 години, а маж ми 34. Не дека немаме време. Се надевам само дека во иднина нема да настане проблем меѓу нас заради мојата одлука.
Исто и јас не знам дали можам да се справам баш како што кажа. И јас тоа се прашувам дали би имало проблем меѓу нас заради тоа. А реално не би требало зашто сепак мајката е таа која поминува низ се и во бременост и после тоа и сепак треба да се почитува нејзината одлука.
Тука некаде сме јас и ти за 2 месеци ќе правам 36, а буцо тогаш ќе биде годинка. Второ дете не сакам во моментов ама оставам простор до 40ка дека можеби ќе се предомислам. Пред неколку месеци бев решена дека никогаш нема да родам второ ама кога го гледам каков е со братучедите, со децата од улица се појавува желба некогаш да родам уште едно. Маж ми одма би сакал уште едно ама едно е мајка, друго е татко. Он е убеден дека сум имала прелесна бременост затоа што бев многу активна, а јас прокрвавев, морав да одмарам, имав болки голем дел од бременоста, цела бременост повраќав и имав ужасни киселини. Остави на времето, физички да се надеваме дека ќе можеме, има многу жени што раѓаат после 40 год. Е психички колку ќе бидеме спремни не знам
Имам другарка вака и се мала разлика и истото го збори.. Ама еве бе мојава август 5 ќе прави ,не можам да ти објаснам колку смени откако и кажавме дека ќе има бебе... И претходно смени септемврито како се вративме од одмор ама место да се подобри работата се полоша.. Мама ти давај ми да јадам ,мама ти земи ме иако цело време и се кажува дека не можам 14 кг е кај да ја земам... Во градинка протестира не јаде ,не спие плаче по 2-3 пати денот ПО МЕНЕ. Лаже дека воспитувачката и рекла дома да си се чуваме... хаос е уште сеа ко ќе се роди јас стварно не знам кај ќе се пикам. А срце ме боли шо е ваква..
Знам, те разбирам, затоа викам дека секако е тешко со повеќе деца, без разлика колку ќе се разлика измеѓу. Можеби и е период само, можеби нема врска со бебето тоа
Не знам еве две недели секое сабајле со плачење. Јас дома сум сеа ама перам ,пеглам средувам веќе 35 та недела сум. Ако ја оставам дома ни пола нема да завршам од работиве. Дури веќе нема ни солзи да плаче само липа од глума ,те стомаче ме боли ,те ми се повраќа (глуми бљак бљак демек ќе поврати) . Завчера ја однесов со дојдов кога сум седнала да рикам Ама претешко ми дојде ,ваму и со лежење бев 7 ми месец се ми се собра.
Еве сега пред да тргне на работа заради муабетов тука го прашав пак дали би ми се лутел заради мојата одлука некогаш, вика оставам на времето сигурно ќе се предомислиш. Викам не, нема верувај ми, затоа те прашувам. И ништо не ми одговори. Маж ми по природа е многу кроток, прилагодлив, а јас сум подоминантна и во домот и со одлуки и да пресечам. Заради мојата кариера можеме да си дозволиме полагоден живот. Еве кај нас не се ни годините, ни финансиите ни просторот пречка за второ или трето дете, пречката сум јас. Кога ја родив ќерка ми, ете да кажам брутално искрено ми требаше подолг период од вообичаено да се поврзам со неа и да се навикнам на новиот живот. И иако сум навикната, тоа не значи дека понекогаш не ме јадат мислите дека никогаш веќе нема да биде како што било пред да бидам мајка. Ако ме прашаш, едното не е поврзано со другото и апсолутно може да си го сакаш детето најмногу на светот и пак да помислуваш како било полесно во стариот живот. На тема друго дете, често добивам коментари од секаков тип за да имам второ дете, ама ете не сакам. Желба 0 да почнувам пак од почеток. Додека, ова дете што веќе го имам добива целосно внимание од мене, се немаме одделено повеќе од 2-3 саати откако е родена и тоа е ретко, ми работи мајчинското во мене, се роди љубов иако не беше тоа случај во родилиште (пак брутал искрено). Ама второ дете, не.
Мајка а да појдеш на некој разговор за како да се справиш во оваа ситуација? Има и детски психолози, и на ќеркичката муабет и тебе совет ќе ти дадат. Извини, но морам да ти кажам дека од твојата моментална позиција со торба страв на грб и бебе во меше, нема да и е лесно ни на малата, а осеќам дека те диригира на најјако, реално и не е веќе мала туку она сфаќа доста работи. Добронамерен совет