1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Да така изгледа од страна, лесно. Хахах Не знам стварно и јас си мислам има време ама дали ќе можам пак се од почеток тоа ме мачи
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    10.097
    Пол:
    Женски
    Сега плус со хормоните, уште потешко ти е. Јас и ден денес имам грижа на совест, како поголемото дете не му посветив доволно внимание, како рикав секој ден, па во болница кога отидов рикав уште повеќе дека сам суж го оставила. (facepalm)

    А сега едно прашање, пак со грижа на совест, јуни на 3 дена ќе одам во Италија, купени се и карти и се, ама јас имам грижа на совест како ќе ги оставам, никогаш ги немам оставено, и тешко ми е. :sweat:;(
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Да да те разбирам. Не ми е проблем дали исто ќе го сакам второто знам дека ќе го сакам. Ама се друго како што кажа од збор до збор.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Колкави се?
    Јас пред 2 нед прв пати ги оставив, 3 ипол год и 10 мес, бев на службен пат. Убаво поминав и си мислев дека немам грижа на совест се дур не се вратив. Кога почнав да плачам мислиш на улица биле 3 дена, а не со татко им.
     
    На merriel0, Lady Miami, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    10.097
    Пол:
    Женски
    3 и 4 години се, ама јас од сега почнувам да си плачам, а тек кога ќе дојдам да ги видам, лелее.... :drunk:
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.479
    Допаѓања:
    8.161
    3 години поголемата, 3 месеци бебе.

    Не знам што да кажам на тема второ, не ни беше планирано баш, пазевме.

    Не дека нејќевме, ама као малце поише разлика да имаа… душа ми искача секој ден по 100 пати луѓе, колку физички толку и психички.

    А плус имам помош, од двете страни. И пак кога сум сама со нив двајца ми доаѓа да избегам.:x

    Почнав да се придеравам како типична мајка сељандура, немам нерви ич. :x

    Од позитивната страна бебево не е толку захтевно, нит па пазам ко со неа, какви стерилизации, го мкнеме ко торба сегде со нас, поише е во кола него дома мислам.(facepalm)
    Али за тоа сестра му да е жива и здрава, матер ни е*а.

    Па уште некој без деца ко ќе ми рече еее шо сте уморни, шо сте ко пензионери… друже легнав во 1, станав во 5 со 6 будења измеѓу, функционирам на чоколади и сокови колку шеќер да не паѓа, добро е што некој демон не ме запоседнал измеѓу.
     
    На Coco31, strelec231992, merriel0 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    И така се мислам за второ и знам дека ќе биде вака хахах а инаку со стерилизација и такви работи мислам дека претеруваме секогаш си размислувам па првите денови во болница не ни гледаме што како прават а сигурно не се замараат толку како нас на толку работа и бебиња за чување. Баш првите најранливи денови. А ние дома како мрднати на толку степени на волку, па дали можело со обична вода да се мие, во машина за садови. И секако мора да ги носиме негде како што викаш пример со кола, први прегледи или било каде. А колку може колата да биде чиста знаеме сите без лажни претставувања. Кога ќе видиш второто живее здраво, живо без пола работи што ги ужива првото. И тоа не е немарност туку реална ствар дека самите си правиме тешко и стрес.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Да, има жени и покасно што раѓаат ама јас лично еве едно немајка размислување како што би рекле знам, не знам дали ќе видам способна лошо звучи ама така е. Не сакам да страда детето во смисла на внимание ако ја не можам да му се посветам како што треба. Не е само да се роди. Децата се богатство да, ама треба посветеност. Знам луѓе што имаат повеќе деца па и две ете ама децата се гледа дека немаат внимание.
     
    На Noemi и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.715
    Допаѓања:
    10.508
    Пол:
    Женски
    Мајка јас сум сега 43г.во ноември 44 ќе бидам,имам 3 деца,едно е 4.5 г.др.две близнаци крај на мај годинка ќе бидат.
    Дали е тешко?
    Да тешко и напорно е,посебно ако немаш дома постојана помош,освен мм.немам друг,доаѓа мајка ми..ама од др.град и не може секој ден.
    Свесно сакавме др.дете.
    Првото на 39 го родив,ми требаше период за да се спремам психички за др.дете.Се одличивме,ама не едно туку испадна две други бебиња ( ивф).
    Паника секако ме фаќаше,дека 3 деца,јас во зрели години,како ќе биде,што ќе биде
    Ама ете бидна,со добра органозација се постигнува се'.
    Наоѓам,мора да наоѓам време за поголемото,плус инволвирана е во се' во врска со бебињата уште во почеток за да не се осеќа запоставено.
    Годините не се секогаш пресудни во врска за чување деца...Имаше моменти кога мислев дека не можам,ама можам,значи мора да можам и искрено се осеќам како годра мајка на 3 деца,со тоа што близнаците уште ги дојам и покрај секојдневните обврски.
    Може не звучи скромно,ама јас да си кажам.

    Се изнапишав јас,така нафрлано од се по нешто.
    :D
    Одам кафе да пијам додека бебињата имат дремка..:coffee:
     
    На Coco31, strelec231992, kozuf и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахахахаххаха значи умрев со ова го мкнеме ко торба. Судбината на син ми. Мкнет ко торба и даван во раце на кој стигнам ко трофеј.
    Вчера надвор бевме тројцата без татко им, коа викна малава ми се мочааааа, ко што го држев и го тупнав во раце на една на игралиште трет пат ја гледам.
    Ама ние со маж не се даваме, со сите другари што се без деца во кафана идеме, и ќе им ги тупосам децата и ја си мезам на раат. Па после коа ќе си отидеме ние, они си идат продужетак во друга кафана да се одморат. Како почнавме така никој не рече еееее што сте толку уморни, пред тоа сите со мудрување.
     
    На strelec231992, baguf4e, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    Ние сме скроз иста возраст со вас, ама кај нас е обратна ситуација. Денот кога се роди малата почнав да му зборам на мм за второ :D и еве како мајка јас ќе те разберам зошто ТИ како мајка не сакаш второ.

    Он, те молам, не сакал второ зошто он бил единец и да си бил единец значело да си уникат, си немал брат/сестра да те споредуваат со него :^) му викам само, да важи, зошто прилично сум убедена дека ќе го разубедам, ако не нема да станам кога ќе сум врз него :rofl:
     
    На strelec231992, Ladyme, Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    12.526
    Пол:
    Женски
    Број на деца...
    Јас не сакав ни едно да имам на почеток, ама после неколку години брак природно ни дојде некако да сакаме да правиме бебе. Се роди бебе, не беше љубов на прв поглед, ми требаше време да се поврземе. Не знам кога, ама бидна таа љубов неизмерна. Ни ги исполни животите, не дополни.
    Поминаа години, не ни помислувавме за второ. Маж ми секогаш сакал две, јас не. Ама никогаш не ми рече ај да правиме дете, туку ако некогаш посакам ќе пробаме. После 4 години не знам зошто ми се јави желба. Дали дека дете почна да збори дека била сама, имала другарчиња, ама дома била сама, без сестра.
    Сакав да ја осети таа безусловна љубов што ја имам јас со брат ми.
    И бидна. Бидна и спонтан. И реков толку е, нема шанси пак.
    По година останав пак трудна. Планирано, со разочарување на секој негативен тест. И одеднаш позитивен. И нешто се скрши во мене. Плачки, каење, сакав дс абортирам. Многу беше лошо. Маж ми беше поддршка цело време, ме остави сама да одлучам што ќе правам, он секако ќе биде до мене.
    Решив ќе терам. Лесна бременост, психички пропаднав. Плачки до бескрај.
    Породување супер
    Дома секој ден плачки, што од грижа на совест за големата, што од каење. Па плачки заради паметов, затоа што родив здраво, право дете, а се каам.
    Секоја вечер сакав да умрам, да не се разбудам.
    Два месеци како два живота.
    Еве 2,5 месеци сега поминаа, хормони спласнаа малку и го гледам глушецов се смешка и ни се радува, особено на сестра и, и сфаќам дека ова е нова димензија на љубов.
    Уште се осеќам како затвореник, со 6 годишно дете имав слобода и сама да бидам и со неа свашта да правиме. Сега се на ново. Ама фаќаме рутина.
    Не се каам, ама се е некако чудно, стопено во бесконечно деноноќие на плачки, лиги и разлеано млеко на сите страни. Ама е целосно нов свет на нови продорни очи што се смешкаат на нас.
     
    На Coco31, flower55555, strelec231992 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.961
    Пол:
    Женски
    Ај ко ќе помислам само дека во болница ќе бидам минимум 1 ден ми се врти во главата...
    Ем мразам болници ем она еднаш има заспано без мене и секако јас си дојдов на пола ноќ.. сеа цела ноќе ќе и се фати.
    Некогаш викам во мене е грешката јас велото внимание постојано на неа и го давав и сеа трт...

    За Италија ,јас септемврито имав службено во Дојран и не отидов како ќе се снајдат два дена брб брб и згрешив.. се каам ден денес еве сеа и со бебето заробена дома ќе бидам мислам слатко ми е тоа мене ама некако како шанса да здивнам која што ја прошуштив ја осеќам плус сеа мислам дека полесно ќе и беше кога ќе сум во болница бидејќи еднаш поминала без мене...
    @merriel0 епа уште психолог и ќотек (не ни сакам) немам пробано...
    А дека ме диригира свесна сум затоа и не сакам да попуштам за одредени работи.. ама тоа не го менува фактот дека ми е тешко многу.
     
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.205
    Пол:
    Женски
    Хаха ова кај мене дефинитивно не е причината што не сакам второ.:D Ни на крај памет не ми паднало. Милион причини можам да набројам ама причината на маж ти не ми текнала досега. Интересно:rofl:
     
    На MariaBouli и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Муабетов што сте го почнале ми ја крева косата на глава затоа што ако се разведеме некој ден е за ова ќе биде мислам. Маж ми сака второ дете па и сачувај боже трето. Јас никогаш не бев дечар ама знаев дека некогаш ќе дојде време да имам ЕДНО дете. И еве имаме, и покрај тоа што не сум дечар, сакам да одам на работа и не чувствувам вина што не го гледам пола ден, сакам време само за себе и тогаш не ми фали детето, го оставам викенд со баби дедовци пак секако е мојата најголема љубов. Ама за второ не и не. Прво не сакам истите срања да ги поминувам, таман некако се наредија коцките, сакам да уживам. И може сум себична ама со 2 деца би биле дупли трошоци, а јас сакам да ни биде лагодно не сакам да му ја мислам што ако нема се што треба? Со царски сум, бебе има 13м и тие 2-3 години што ги препорачуваат до следна бременост ми се одличен изговор за да нема кавги дома. Кога и да дојде таа тема е или караница дека ја сум себична и ќе сум го разгалела дека единец или си викаме еден на друг иронично аха важи. И двајцата со мисли дека другиот ќе се предомисли ама еве тешко иде некако предомислувањето :?:
     
    На baguf4e и NadjaJo им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    9.414
    Две сакам од секогаш, исто и маж ми. После трауматичниот пораѓај мислев ќе ми е проблем ама не. Имаме и двајцата сестри со кои сме многу блиски и не сакам да ја лишам од таа опција. Знам дека не значи дека подифолт ќе бидат блиски двете деца, ама мислам дека со добро воспитување може да се дејствува до негде. Да не беше сестра ми не знам на кој ќе се жалев од мајка ми:rofl:

    Заебанција на страна, тешко е и со едно без помош, ама колку не смени за само 3 месеци, не смири и двајцата. Кога ќе не почасти порано заспивање успеваме и некои брачни активности да обавиме не знам со кои сили :rofl:
    За првото не се случи така брзо и спонтано како што замислував и не знам за второ колку време би ни требало, 33 и 36 ќе сме годинава ама во наредни 3-4 години не планирам обиди. Алал на сите што се нафаќаат на помала разлика :clap:

    @baguf4e Ее чест муабет, имав колега што он и жена му беа единци и сакаше синот единец да остане пошо на единците им било поубаво.
     
    На baguf4e, marama, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.978
    Пол:
    Женски
    Оф, секој со различна мака.
    Јас па сакам 3, ама му викам на мм немаме време. Тој 40, јас 35. Бебе во јуни 1г.
    Викам да почнеме да правеме второ, да знам да се спремам со фолна, ова она, тој поисплашен од мене, да минело уште малце од царскиот хаха, божем него ќе го сечат. Викам таман додека се фате и 9 во стомак ќе минат 2г.
    Ама, да сме собрале малце пари, трошок е, тоа да, јас напуштив работа да го чувам, мајка и свекрва немам, па во градинка да тргне есен и да почнам со работа, само тешко да се најде 1 смена само до петок, во мало место сме...
    И многу прашалници.

    Не сакам да бидат разлика многу, ама и мене ме фаќа страв како сама со деца. За да имаме повеќе за живот тој возе камион, по 2-3 недели го нема. Оти тука со една плата од 30000 тешко ептен.

    Ај ќе видеме за некое време, може па близнаци ќе се фатат хаха и таман 3.
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    24.152
    Пол:
    Женски
    Мајки, вие кои престанавте да доите, веднаш добивте Достинекс (или сл.), или чекавте природно да престане?
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.974
    Допаѓања:
    28.895
    Пол:
    Женски
    А секс имаш? :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    На тема второ дете, јас милион пати на нотар потпишував дека не сакам веќе деца. Па после маж ми пресече дека не сака оти јас не знам шо сакам нели. Мислам стварно не знам.
    И сеа последниот потпишан договор е - Ако се селиме ( А ќе се селиме ), раѓам таму едно за ова да не е само. Дали ќе се покајам 45 пати ако родам уште едно илјадници км далеку? Сигурно. Дали ќе ми биде покриво ако ја оставам свесно сама во пичковац без брат/сестра? Охохооо, и те како.

    И исто така потпишано, заверено, се по ред е дека во оваа вукојебина не осудувам уште едно дете. Ќе раѓам Германска работна сила, не Северна :D Да се тресам јас секој ден дали кола ќе ми ја мавне, дали метеор, доста е едно за тоа.

    Иначе мм комплетно остави на мене што му е многу лоша идеја пошо јас комплетно немам идеја кај терам.

    Абе зашо не е лесно да си мајка? :smirk:
     
    На Coco31, Bettina23, Трагедијаупмм и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    Да ми потпише некој дека второто ќе се погоди бајче и ќе се изгледа само, да се нафаќам.
    Вака првово, сите нерви дел по дел ми ги кини, уште едно вака, којзнае колку ќе ми е "весело". :D
    Или пак на веќе искинати нерви само ќе си свиркам.
     
    На Carolin., marama и Tea SK им се допаѓа ова.