Јас потпишувам дека само се чува ама мојата.... живец , ич не застанува на место за разлика од син ми кој беше бајче
Љубовта со второ дете се множи, не се дели, уште поголема е. Ова ви го кажува една мајка на најбесното второ дете која мисли на трето да е женско под услов.
Само се чува, потпишувам.. А дали е бајче..... како да ви кажам дека не запираат двајцата, прво и основно не прекинуваат да мрдаат ни ко гашшшшш....седат мрдаат, спијат мрдаа, гледаат тв мрдаат. Малиов 11 месеци е, до сега 3 пути крвови бил во устата од што не запира. Го земам од градинка ми го носат со "еве го немиркотооо, ќе ни излета од раце". И така....од друга страна па никад позгодна не сум била во живот, 56 кила имам, е тоа што циклус изгубив дал од хормони дал од нервози, не се знае ама да се фокусираме на позитивното
Да де, па ќе те споредуваат со комшивските деца Подобро у фамилија нека остане споредбата хахахах @Tea SK како бе циклус изгуби? Шо збориш?
Зашто да се чуствува вина ако го чува детето некој друг за да имаме малку време за нас? Мајка е мајка ама и мајката е од крв и месо со чувства и потреби, нормално дека треба да здивне. И сите го мислат ова но не сите имаат храброст да си признаат како што ти го изнесе вака да речам јавно. А зашто? Зашто се плашат од осуди од околината и блиските, знаеме дека уште сме заглавени тука со предрасуди. И тоа не значи дека ти си го сакаш помалку детето од некоја мајка што не се одвојува од него. Ама како и да е браво за искреноста, може на некого ќе помогне.
Од февруари неам добиено, а добивав редовно после второво. Ми дадоа прогестерон да се провоцира, не смеам да го пијам, со мутации сум, може тромб да ме акне. И сега чекам година од пораѓај да помине хормони да испитувам, уште не биле стабилизирани...
Не да се множии ееее,ептен е размножена до толку што кога спијат повеќе од 2 ч ми недостигаат,сакам да станат да видам што нова лудорија ќе направат здружени двете заедно.... Па дада кога си доаѓа од градинка да праша,мирни ли беа бебињата како јас што сум,оти она е нели ептен Па сите 3 заедно кога си играт душа ми се топли без разлика колку е напорно и тешко.
Не знам еве единците нека кажат дали и како ги споредувале Битно не можеме да се разбереме на темава зошто он не разбира како ми е мене што имам сестра, јас не разбирам како е да се биде сам единец... и нормално е тоа на крај краева.. Ама на крај мислам ние жените поубедливи сме нели?
Ние со сестра ми секогаш се смееме дека мора да се обратни. На пример, сестра ми била бајче, ама јас сум надокладила Првиот внук исто беше и се уште е бајче, го правеа вториот со намера дека и трето ќе прават. Е после него не ни помислуваат на трето. Така да ако првото е побрливо, шансите се вторто да е бајче по нашата теорија хаха
Маж ми е единец со починати родители веќе 21 година и често пати има коментирано како би му било полесно да имал брат/сестра заедно да пребродат тоа шо му се десило. И мислам дека тоа највеќе ме "јаде". Ако ни се деси нешто скраја да е на млади години, да има некој покрај неа. Ама мене со моите морбидни мисли можете комотно да ме заобиколите Дијагноза има за тоа сигурно, само не е потврдена
Не знам зашто ама има и такви. Дали стварно мислат така или глума пред околината не знам, они си знаат. Јас добивав и уште добивам чудни погледи и прашања од типот: "Не ти е мерак да го земеш со вас". Не, не ми е мерак да го земам у кафана и да трчам по него па да го нишкам или шетам у количка у сред кафана. Ама не ме допираат коментариве. Поштувам и спротивни мислења ако некој смета дека детето треба да е 100% од времето со него, ако така ви е убаво на вас така терајте ама не ми кажувајте дека тоа е правилно а моето не е. Секој си знае за себе.
Мене ко ќе ме напне некој да ја носиме у кафана, седам и си пијам и ја оставам со тој некој на кој шо сум му кажала дека детево Не е за по кафани. И најчесто на крај добивам Ааа гледам зашо не ја носиш. А гледаш лиииии... @Tea SK со лесно сестре. Ќе помине
Јас на игралиште кога кажав пред пријателките што ги дружиме децата дека сум била 3 дена на пат, една ми се сврте и ме праша како сум можела, она не била 5 години никаде од работа зашто имала деца. Мислам дека луѓето сакаат маченици да се прават, убаво им е. Викам знаеш како можев, со трчање отидов, и јадев на раат и испив вечерта 5 џин тоника и во спа бев и топ си поминав. Е така викам можев. Јас немам реално кој да ми ускокнува цело време за чување ама па ако ми се укаже можност ич немам проблем на 3 дена да ги оставам и да правам комбинации за чување.
Нека сум немајка ако треба ама се молам да излегува прилика од работа да заминам некаде на ден, два, па и три. Дете има со кого да остане, и татко и цела фамилија тука околу нас, ако јас не сум тука. Не дека детето ми смета или ја раѓав за други да ја гледаат ама на секој ни треба час, два одмор, па и ден, два нека се. Малку бегство од секојдневието, да не ми се сите разговори, надвор од работа тоа за Сани и Стела, каде е скиено мачето, кој бил немиЛен во паЛкот... Веќе ко на лента сум секој ден.
Убаво го кажа тоа луѓето сакаат маченици да се прават. Утре ќе речат нели види ја права мајка никаде не отишла. И затоа се огорчени. На многу им е наметнато тоа размислување дека кога ќе станат мајки животот завршува за нив и не треба ништо да прават друго.
Нормално на секој му треба здив, мајките не се роботи. Баш пишав и јас веќе не знам да зборувам нормално, не ми текнуваат зборови од тоа бебешка зборување хахаха