Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Аа сум го пробала и тоа ама што дека кога ќе помине кај сите по 5 10 мин и после аа сакаашш кај мамаа ајдее да видиме мама што праиии и пак ништо не сум напраила. Затоа да се живи и здрави бабите :D
    Денес завршија работните обврски и сум само негова, утре дежурна на работа прва смена додека тато и бебо ќе се дружат и шетаат ама затоа вечерта бебе иде кај баба а тато и мама да пивнат у кафана :D
     
    На Трагедијаупмм, Lady Miami, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  2. .baby.love.

    .baby.love. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Мајки ,незнам зошто сум ваква ама мн сум анксиозни кога треба да го оставам детето со свекрва, со мајка ми сум релакс бидејќи мајка си е мајка и можам се да и кажа а свекица не можам ни да ја поднесам и мн се нервирам кога треба да ја чува ....Еве утре сум на работа и се нервирам , а ако ја однесам кај мајка ми на глава ќе ми се качи зошто не и давам да ја чува се трудам да правам баланс а и секако живееме во ист двор секако мн повеќе ја гледа свекрва ми .....а дететето е 1год и не сака да иде кај неа кога е со мене се е со сила .....незнам како ќе издржам утре на раб ке ми треба некое апче да се отпуштам :whew: инаку си иде на градинка
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Претешко е сам, јас сум единка и сопругот исто. ;(
    Имаме братучеди и пријатели ама не е исто.
    Па јас отсекогаш сум мечтаела за голема фамилија и ручек со многу деца. Ама за жал се погодивме едници.
    Кога свекрвата ќе не покани на ручек за празник, немам ни желба да одам. :D
    И сега кога ги гледам моите деца како играат, се подржуваат, сфаќам дека тоа е една голема и незаменлива љубов меѓу браќата.
    Така да за сите што се мислите ви давам поддршка.
    П.С. Ова се само позитивните страни ;)
     
    На Трагедијаупмм, marama, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    9.290
    Имам цела зграда св вмаченички, ја оставив беба 2 саата сама со татко и за депилација и педикир, кога се паркирав назад ме сретна комшика кај вака сама, кај е беба. Викам си има татко, јас на козметичар да не ја носам. Ау па тоа ли е приоритет сега :rofl: Не бе приоритет е да шетам како горила и да бегам од огледала.
     
    На Sanniii, LadyD, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    9.883
    Пол:
    Женски
    Мене женава што ме шишаше првпат во животот ме гледа, некоја нова вработена изгледа, дојде до муабет дека имам бебе пошо и спомнав дека косата ми паѓа многу постпородилно да не се уплаши при миење. Прво ме праша дали цица, па зошто не цица, па цели причи за мајчиното млеко… значи, I can’t. После тоа ми вика арно ти се нафаќа маж ти да ја чува додека си на фризер. И толку тригер ми беше, кога отпетлав јазикот да зборам.:D А отидов да се опуштам малку. Ама ништо. За следно шишање примам препораки, реон Аеродром.:D
     
    На happygirl, marama, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сме зборувале бебешки со ќерка. Дури и сметам дека е погрешно тоа. Ама не ја интересира сигурно Војна и мир да земам да и ја читам на 2 години. Или да земеме 3+ часа да гледаме Титаник со неа. Додуша како што почна со прашања за се околу неа сигурно и за Титаник 300 ќе постави ама поентата ми е, што сите активности ги прилагодувам на неа. И нормално веќе да ми фали слободно време со возрасни. И разговори со возрасни. Не дека и кога сме на кафе со пријателките не ги споменуваме децата. Ама тогаш или за жалба или за фалба е.

    За време поминато со деца или не, пријателка носи дете во градинка, после работа зема. 1-2 часа и повторно го разнесува по баби, тетки, стрини, додека таа е на кафе, аеробик, козметичар итн, тоа ако таткото е на работа.
    Е викенд им е постојано за 3цата обезбеден.
    Ни нејзе нешто и фали, ни на дете. Дури и пресреќно е што е постојано со братучеди, со други деца, надвор од дома.
    Од друга страна јас, да не речи свекрвата нешто, комшивката друго, или сум по дома со дете или си ја носам секаде со мене 90% од времето. Ем не можам да се одморам и опуштам, ем нервозна.
     
    На Трагедијаупмм и marama им се допаѓа ова.
  7. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Па нема да и зборувам цело време така сепак уште е мала 4 месеци има. А не сум нервозна кога ја оставам во сигурни раце.
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Не те напаѓам меѓутоа од она што го имам читано, многу влијае бебешкото зборување понатаму на говорот во смисла на правилно изговарање на зборовите.
    Еве пример ќерка 2+ години е, сеуште не вика Р. И преслатко е кога Р ја заменува со Л. Ама ако и јас и околината исто продолжиме на тој начин да и зборуваме, голема е веројатноста дека многу подолго ќе ја избегнува таа буква.
    За Л во 90% од зборовите ја кажува скроз чисто, дури и сама се поправа ако ја каже неточно. После го повторува зборот најточно што може.
     
  9. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Да, тоа ми е познато дека бебешкото зборување не се препорачува баш. Како и да е нема уште долго сега така ми доаѓа од милост.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.063
    Леле ова конкретнава реченица ТИ СЕ НАФАЌА коа ќе ја слушнам, трепки да си искорне чоек. 21 век, пола Месечина продадена, постои живот надвор таму, жени владеат со пола свет, тебе ти вика некој добро е маж ти СЕ НАФАЌА да го чува неговото дете. Не можам, не мо жам.
    Уште да додаде леле арно те пушта вака, не те тепа или не пие (многу) и да завршиме.
    Заедно со муабетот ти помага дома…

    @Tea SK нас па повеќето со деца околу нас, а тие без деца не одбегнуваат откако ги напраивме, па не се ни дружиме више.

    Имаме две свадби нареден месец и као еј двајцата ќе ги носиме, позитивни и се тоа. На детски роденден бевме, оваа бега низ цел парк, не можев да ја стигнам душа ми искочи, се дере сакала камења да фрла, мрсули насекаде, малиов се расони и он почна да се дере.

    И ок само си рековме со мм ждрепка за бабите кој ќе им се падне на чување и thats it, пивото у тил ќе ни отиде иначе.
     
    На LadyD, thinkerbell, Mother of 2boys и 7 други им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    9.883
    Пол:
    Женски
    Се болдираново ме изнасмеа на глас. Да знаеш дека баш истово ми поминува низ глава во моменти кога ќе ја чујам таа реченица “ти се нафаќа”. Ко очув да му е, не татко што свесно го направил. Не знам зошто мајките мора да сме максимални жртви, а таткото да си биде родител онака од мерак.
    Пази, имам другарка една и правиме муабет нешто дека ќерка ми е на ад и пие едно млеко во 3ипол сабајле во сон, а тоа млеко и го дава маж ми. Лом ме стори како он бил на работа и не требало ДА ГО МАЛТРЕТИРАМ да станува за бебето, јас сум била мајка срамота било. Срамота било неговото дете да си го храни.:D

    И ќе се надоврзам, другаркава нема деца ама прва е да коментира како јас ја чувам мојата, какви навики и стварам и слично. На таа тема, многу ме нервира кога некои особено луѓе што немаат деца ќе ми речат “не ја учи така”. Сите деца имаат различен карактер и различна фаза од развојот налага различни работи. Тоа го сфатив откако родив. Учење и воспитување на дете како треба и како не треба можеби ќе почнам да практикувам кога ќе почне да ме разбира, а сега на 4 месеци да не ја “учам” да спие врз мене (а само така сака периодов), не и ускратувам. Ако и е убаво така, ок нека спие така. Навечер имаме ред и спие во креветче, супер за мене и татко и . Нема да трае ни едното ни другото цел живот.
    Ете пред некој ден сама со свекрва ми, вриштеше детево кога се јавив да проверам како се. За 6 минути се вратив дома, а не бев баш близу и се смири во мене инстантно. Е сега тука сум била крива, требало да ја оставам да плаче и да се смири, оти сум ја УЧЕЛА секогаш мајка и да е до неа и немало да сака со други понатака во животот. Славицеее, со кој да сака бебе на 4 месеци да биде? Со комшиката? На вакви коментарчиња одговарам “роди па види” колку и да звучи безобразно. Пошо најчесто 99% коментарите се од познанички што немаат бебе. Тие што имаат и те како биле во моја кожа и не им е чудно.

    Се разврзав со муабети.:D
     
    На Sanniii, Carolin., Трагедијаупмм и 9 други им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    34.409
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден една комшика стара жена во години го прашала маж ми; ,,бебето вчера многу плачеше, јас помислив да не е само дома?” .
    Маж ми ѝ рекол дека веќе сам си се чува од 3 месеци. :D

    Луѓе , не знаев дали да се смеам, дали да плачам, или да се нервирам. :rofl: Последното дефинитивно не, ама и ова дочекав да го слушнам.

    @baguf4e ме изнасмеа за тоа како го малтретираш маж ти :rofl:, ама од збор до збор се слагам, браво.
    Маж ми си иде од работа у 2, се средува и дирекно си го зема детето, си знае пред време што треба. Молим лепо , ама ќе го измалтретирам после работа. :rofl:
     
    На Carolin., marama, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.059
    Допаѓања:
    10.019
    Пол:
    Женски
    Беше свеки да ја почува и ни се имаше насобрано ѓубре и ми вика сакаш да го фрлам на одење, викам може фала.. ја сретнал некој комшија и и рекол и исчисти на снаата??? :fubar: Као човече, луѓево се ментални… што фрли кеса со ѓубре, мислат дека дошла да ми чисто дома:drunk:
     
    На Carolin., Tea SK, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    9.883
    Пол:
    Женски
    Па и да ти зачистила? Што се мешаш бре што те интересира туѓ двор кој го чистел?
    Не, стварно луѓево се бетер од безобразни.:D
     
    На Carolin. и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    27.639
    Пол:
    Женски
    Лол ми помагал со детето? Еднаш се осуди една да ми каже така и ѝ реков Знаеш дека бебево е негово??? Не го имам од дома донесено, а нит пак комшијата го има напраено :D
    Јас ко беше апла бебе мојава у 4 на врата го чекав, и искачав у 4 и 1 минута. Пазарував, роварев бутици/маалски продавничиња и сл. :D
     
    На Carolin., Mother of 2boys, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Лелеле мојава свекрва за вакви луѓе е тата мата. Ни се расипа машината и една торба и дадовме со алишта од бебуле да ги испере. И исто една комшика и рекла аа беше да им исчистиш да им средиш и свеки и рекла да секој втор ден одам, џогер прашина правосмукалка и плус ручек им правам они додека шетаат. Сеирџии бре.
    Исто имам другарка нема бебе ама највеќе знае од сите мајки. Не ја учи на раце, зашто се засркнува кога цица, не ја учи на цуцла и ред други работи. А најјако ми е кога ќе и се пожалам нешто и кога ќе ми рече де бреее слатки маки се тоа. Ај сестро роди па ќе видиш колку е слатко да не спиеш еден месец.
     
    На naturally, Carolin., Lady Miami и 8 други им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.520
    Допаѓања:
    92.115
    Пол:
    Женски
    Вечерва прв пат го оставам буцо сам со мајка ми. Почина свекор ми и одиме во друг град, погребот е утре и ќе се вратам тек утре вечер. Малку ми е страв како ќе поминат затоа што до сега го немаме така оставено, секогаш за спиење е со еден од нас, 90% со мене.

    Да видиме сега како ќе поминат. Одамна ми вика да си организираме викенд сами, дека она ќе го чува, па ако е се ок, здравје за некој од родендените ќе уплатам.
     
    На Carolin., Трагедијаупмм и baguf4e им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    27.639
    Пол:
    Женски
    Сочувство :hug:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    9.883
    Пол:
    Женски
    Нивните деца совршени ќе бидат, во сите ќе сакаат да седат без никакво плачење, од прва ќе фатат цицка, ќе спијат беспрекорно и никако во раце, цуцла лажливка ни под точка разно.:D
    “Не ја учи”. Е кога ќе родат тогаш јас ќе почнам не го учи вака, не го учи така.
    Па уште се дрзнува да ми рече јас за твое добро ти викам не се учи така бебе. Жити се? Пак ќе кажам, роди и види. Оти доаѓаш дома со мало човече што уште не гледа бела мачка пред очи (а богами и ти), плаче од грчеви па после од ред други работи, ти си во тотален распад и хормонален дисбаланс. Ама не, најважно е да не го учиш во раце и со цуцла лажливка. Важи(y)
     
    На naturally, Carolin., QweenSM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Абе не му бутај цуцла во уста што ќе му е нека поплаче малце. Или остај го де нека поплаче бебе е тоа му е работа. 8-|
     
    На Sanniii, naturally, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.