Кога беа месец или два бебињата не знам точно...излегувам низ град онака да си пазарам нешто и ме сретнува една комшика и ми вика ејјјјјјј па ти шеташ,зар најде време, а бебињата??? Ама целата запрепастена што шетам човече а сум имала 2 мали бебиња дома. Викам дааа ,шетам со татко им се бебињата. А таа, ЛЕЛЕЕ И?
Пак ке кажам од глупост зборат глупости. Прости сме си општо ко народ и не знаат муабет да направат. А башка што ги интересира се да знаат. Имам една "пријателка" од старт само ме прашува што како сум со бебето. Како се снаоѓам, плачело или не, ми помага ли некој или не, го шетам ли и сл. И еднаш два пати одг, па од култура ја прашувам и неа за децата и каде шетале за викенд, дека рече ке патуваат. Ви се верува дека не ми кажа дестинација?? Хахха, ми беше смешно, дека за себе ништо не кажува ама за други да дознае. Тоа ти е простотилак.
Сполај ти, истово ми го прави кумашинката. Човече за све одговара еве навака натака. Кај не пишува, јас прва ќе ја прашам како е што е, па уште и ќе ме *** у здрав мозок. Секогаш ја нешто и грешам па крива треба да се осеќам. Ја'зк. Не сум ја ставала у таа категорија, напротив многу сум сакала да имам блискост и контакт... Другарка ми беше уште оддамна. Но одкога стана мајка е нереална...
Па не и кажувај ни ти ништо или ептен отсечно, а најубаво да ја игнорираш, не и кревај тел или не и одговарај на пораките или наредниот ден одговори и па нека се мисли што правиш хаха
Значи дневниве дремки се лотарија. Еднаш спие цврсто, можат тапани да чукаат не се буди ама може и коска да ми крцне и да се разбуди. И не циркулирам низ дома кога спие, седам како статуа. А надвор ништо не и смета ни коли, ни мотори, ни урлање.
Заспиј ја во галама и така да спие. Не мора да е галама де, тв пуштен да е. Најубаво спијат во галама.
Ќере на Борис Брејча спиеше верувала или не Пушти и дома нека има галама, може ќе помогне. Не урлање де ама тв нешо нека врти
Да има некој на пример во моментот и да си правиме муабет не и смета во спиење. Кога сме сами најчесто е толку нежна. Хаха Ако ти се верува исто, мм после пробани разни звуци откри дека се смирува на транс и тоа на Astrix. Тоа не и смета ама паркет да крцне одма прета.
Тоа де, тоа да не биде тишина и кога ќе заспие, да е константна галама. Моето спиеше на 24 китчен, 24/7.
Не сакам мозок да замарам да се реванширам. И јас почнав така неодредено да одговарам и толку. Не ми е јасно зошто ме бара да се видиме на кафе. Што ке правиме муабет? @merriel0 па биди и ти недостапна. Кога ке ти пише не одг одма. Ако звони на тел не одг одма. Мојов минатава недрла заспа во игротрка на толку гласна музика која мене ми беше непријатна. Ама дома е променливо. Секогаш спие во креветчето и кога сме сами дома е тивко. Не ги заспувам во дневна зошто не можам да работам. Ке спие 40 мин и толку. Во спална секогаш спие подолго.
Мислам дека нема правила. Еве моево дома нема теоретски шанси да заспие на галама, пуштен телевизор на гласно и пресветла просторија. Демек од мала ја учев денски да спие на дневна светлина, а навечер во темно за да разликува ден и ноќ. Така негде прочитав на интернет и ајде одма да следам слепо правила. Ама подоцна сфатив дека не е правило тоа кај сите бебиња, не сака моево светлина ни за дремки и затоа ги спуштам ролетните до пола пред да ја успијам. Навечер спие цела вечер, со рутина воведена од 6 недели, во мрак темна соба, само навлажнувачот малку свети. Преку ден ако сме излезени знае да заспие во количка или во раце и на жива музика. Ете дома не сака. Искрено и не ја форсирам…
И никогаш нема да го разберам делот како спие надвор без око да и трепне буквално и бомби да паѓаат, а дома од мува ако пролета знае да се разбуди
Така е, секое бебе е различно. Ни јас не ја форсирам а и џабе е ако не сака. Само ми е смешно што некогаш буквално ништо не и смета, а некогаш цревата да ми кркорат ќе слушне. Хаха
Леле вака кога читам, не знам што да си помислам. Јас едно имам, и мнооогу сакам три. Маж ми две сака повеќе... Ќерче е малтене 6 месеци. Да не ја урочам пупупупупупу, ама па да ја мислев нема да ја измислам вака. Нема на што да се пожалам... Уште од неполни две недели спие по цела вечер, без воопшто да се буди за јадење. Жими жими еднаш имам станато во 4 сабајле, се искака таа во сон и ја осетив, ми беше грев да ја оставам така. Спиеме со сопругот минимум часа секако сврзено. Ќерка ми јаде на 3 часа. Ја оставаме 30тина мин на столче за хранење, со наредени играчки. И збор нема од нејзе, како да не е присутна. После на земја со игрална и разни реквизити. Си се вртка, мава по играчките. Ќе дојде време за дремка. Спие меѓу оброци 30-40 мин. Ќе стане, ќе ја позанимаваме и дошло време за следен оброк. Надвор сака најмногу и меѓу луѓе. Бевме на слава пред некој ден. Полно луѓе, сигурно 20 души ја држаа која прв пат ги гледа. Како штафетка, се смее на сите. Бевме на спа, како да оди секој ден се однесуваше. Се изнаплива, насмеана цело време. Сами двете си одиме некогаш кај моите, два часа пат е. Ќе дремне, ќе стане. И закачувам играчки, си игра. А јас возам. Она сама си седи во седиште свртена накај ѓепекот. Глас не пушта да заплаче или закенка. Дома сум иначе како на батерии преку ден. Дај кажете лек за некој како мене опседнат со чистење, се' да биде наредено. А бе глуждови ме болат од што си наоѓам само работа по дома, шашава работа. Кај нас е работата малку испревртена, јас тргнав на работа на 2 месеци и маж ми е на породилно. Доручек, ручек готви обавезно. Не можам да се пожалам. Искрено не се сеќавам кога последно готвев, сигурно повеќе од месец дена. Ама колку е се' не на свое место дома. Си викам сакам три деца... Ама кој хаос ќе биде мајко моја. Како ќе го издржам тоа и психички и физички, не знам. Ама знам дека уште веднаш би ги родила да знам дека ќе се како ќерка ми вакви. Каша попара постов мој.
@LadyR , жива, здрава да е, наскоро кога ќе почне со лазење, префаќање насекаде, туркање и истурање играчки, ќе "се навикнеш" на целиот хаос. 2+ години е и ми фали да видам куќа под конец, ама пак не би сменила за ништо. Уште некое време, па ќе се жалам како и дете пораснало и не игнорира скроз. Скроз замижувам на комодата залепена со стикери (се вадат без проблем ама не и ги фаќам), на фрижидерот излепен со магнети детски. 3 дена на фотелјата "спиеја" еден куп синтетички мечиња. И не, моево нема тантруми ако ги пофатиме и собериме ама едноставно ако ја видам дека си е нешто заиграна не и чепкам додека не и се здосади. Користам денови кога имаме дома именден, роденден, куќна слава, да ја пратам на некој час кај мајка ми и да средиме се комплетно. Така да барем на 1-2 часа да видам куќа чиста. Потоа повторно си доаѓа ќерка како фурија од врата.