Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    9.330
    Во Tiny Fingers во Аеродром ја носев. :D Живи радости беше. Сега ќе ја носам за две недели во Грција, ќе видам таму како ќе биде. :D
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    10.601
    Пол:
    Женски
    Аа мора да ја носам, мојава цел ден во вода пушти ја и има да се изнауживаш:rofl:
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    10.601
    Пол:
    Женски
    Не те прашав, што цена е спато?
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    45.267
    Пол:
    Женски
    Нека ти е жива и здеава, ова звучи како фантазија, ни 1% од ова што го пиша го немав со моето, ама пак сакам три, ако сите три се вакви не знам дали ќе останам читава, ама сакам:D
    Мислам моево не е лошо дете ама ниту спие, ниту јаде, ноќе не преспал повеќе од 10 пати до сега, цел ден е активен и има денови кога први од глупост до глупост, и многу е екстроверт…ама ако имам второ нела ме чуе Господ вака како твоево ако може.

    За муабет и чување од таткото, на мм една жена во парк му рекла, леле па цело време ти го шеташ детето мајка има ли:fubar: Додека јас го шетав цело време во парк 2г никој не ме праша ама сега он го шетал многу.
    Или кога ќе ме видат на работа и ќе ме прашат е кој го чува малиот и кога ќе кажам маж ми, одма коментари, леле и како де снаоѓаат, велам супе и искрено морам да признаам подобро и од мене се снаоѓа маж ми. Дефинитивно подобро го чува.

    Среќа па дојде време и татковците да бидат татковци, а не само за пари и за кауч.
     
    На marchi7, strelec231992, Зеленоокатаа и 23 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    9.330
    5200 пакет за 4 пати. Вака единечно 1600 ако не се лажам, ама не ме фаќај за збор. Јас пакет зедов.
     
    На marchi7 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    3.328
    Пол:
    Женски
    Ох, секој ден помислувам, како беше животот лесен, во смисла немаш грижи, да одржиш едно човечко битие во живот, друго телово не го препознавам уште ја гледам ранава, кичмава салата, стомак, градиве стрии како сонце ми се цели... дали во болница испукаа незнам... Уште чуствата хаос, пробувам да ја ранам е мн тешка се дави се плашам после сум нервозна и зборам како спие а пред 2 мин бара цицка лево десно со главата и после плачам кога гледам дека едвај зема воздух преморена од цицањто... два пати ја носиме на дежурна пошо хрчи кашла поцрвенува све мислиме се удави нема воздух и со мм сме преморени психички и тоа мислам, животот беше лесен требаше уште малку да се поживее без дете :x се осеќам виновно за мислите.
     
    На marchi7, Зеленоокатаа, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    12.594
    Пол:
    Женски
    Ооо да, многу полесен и побезгрижен. Ќе помине ова, ќе дојдат други нервози и грижи. Веќе мир нема.
    Ќе спласнат хормоните, ќе биде подобро. Ќе поминат тие мисли. Многу помина и ти и тоа мало уште неродено.
    Ќе видиш и дека ваква љубов нема. Иако ти ја знаеш таа љубов уште додека ти била во стомак, сега само ти треба малку време да се запознаете и поврзете.
     
    На marchi7, WhiteCat33, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    3.328
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум сакала две деца.. викав да не е само, сите деца молат за брат сестра, јас имам сестра мислам животов ми е совршен, неможам да го замислам без неа. И сега мојата ќерка и внуками се исто разлика како јас и сестрами ( година и 4 месеци) и двете многу сме среќни, двете тешки бремености имавме... секоја на свој начин. И сега после све викам несакам сега дете пак... а сакам да се мала разлика барем две години не повеќе. Телово ми е заморно од бременоста многу а психата да не зборам хахха 10 психотерапевти не ме решаваат. Па свекрвами тука кога требаше да ја земеме ќерками од неонатологија, требало еден доктор да имам, не требало ич на работа да идам, да сум дала нешто на докторката на неонатологија пошо еве гледаш и другото може таму ќе ти биде, демек неможеш да доносиш дете до крај гледаш. (facepalm) и правев кафе додека чекав мм да ја земе мајками и си преќутев се направив наудрена викам неќам нервози.. хаха и ѓаволот ја натерал на мајками да и почне муабетов додека не чекале пред неонатологија и мајками и рекла ај сваќе доста глупави муабети не го расипувај денот сакам да уживам внуката ја земам, и доста споредби со другата снаа како било што било, ќерками не сакала вака да биде. И оваа се заќутела и рекла добро сваќе не се лути.
     
    На marchi7, Izzy_0504, strelec231992 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    10.601
    Пол:
    Женски
    Бог да чува. Без осет, најтрагично е што и она е мајка… и тоа дете е дете на нејзиното дете…
     
    На marchi7, Noemi, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    10.344
    Пол:
    Женски
    Вака ќе ти кажам една работа. Долго се боревме за дете, ете релативно долго да речам, има и подолго и побурно од моево ама мене ми изгледаше како цела вечност. Мислев дека сум најспремна на светот да бидам мајка, дека сите делчиња од сложувалката се наредени, се ми е видено и проживеано, само уште ова фали. И ете се случи, бидна, родив бебенце. Ама оп, сфаќаш брзо дека не е како во филмовите, не е лесно ни да родиш, ни да го чуваш, ни да го храниш, ни да го успиеш, ништо не е лесно. Кај мене немаше љубов на прв поглед, богами ни на втор ни на трет, ни во болница ни дома не се случи одма. Како странец што ми го узурпирал домот и бракот ја гледав. Многу мајки поминале низ ова, само ретко која ќе го каже вака на глас. Седнуваш и се прашуваш, дали сум јас нормална? Слушаш цел живот како мајките најмногу си ги сакаат децата, безусловна љубов, љубов на прв поглед, љубов што не се опишува и си мислиш “Боже што ми фали мене”? Ете такви мисли ми проаѓаа низ глава. Се тргав во друга соба да спијам, бебето спиеше со мајка ми 8 дена. На 9тиот ден си отиде мајка ми и останавме сами со маж ми. И шта чемо сад? Мораш да го чуваш, назад нема, return policy јок. А ништо од чувањето не е лесно. Се е ново, се е премногу, хормоналниот дисбаланс капак на се, црни мисли како ќе биде, да не му наштетам некако со некоја постапка, а што ако ова, а што ако она? Стануваш мајка и никогаш веќе нема да не си мајка. Тоа толку многу мава на психа што не сме ни свесни. Мислиш дека си најспремен на светот да имаш чедо ама кога доаѓа моментот да се соочиш во пракса те совладува паника. Не е филм, ни најмалку, кај ниедна од нас. Ретко е тоа одма да се пронајдеш во улогата и се да ти е розево. Не знам ни дали постои. Ама полека проаѓа време, пркнува и бебето и мајката, се ствара ред и навика, почнува да ти се смее, се поврзуваш со него на начин што со никого не си се поврзал досега во животот. И порано или подоцна го сакаш неизмерно многу. Дај му време на времето. Бев таму во таа црна дупка од прилика до кај 2 месеци до степен да се каам што родив. Сега си викам што правев без неа? Сигурно ми било многу досадно.
    Ќе има и лесни денови ќе има и тешки. Ама станува полесно бидејќи се навикнуваш, а љубовта зацврстува и те прави силна.
    Ти пуштам сила, знам дека твоето е прематурче и дека се измачи многу. За мене си мајка кралица, секоја чест.

    За тема второ дете, јас откако посакав да имам потомство сакав само едно дете. Не е нешто што ми дојде сега поради ова што го имам. Се знам себе, нема да се справам со две и тоа е тоа. Сметам дека не е себично и тоа е моја лична одлука за доброто на моето семејство.
     
    На Coco31, flower55555, marchi7 и 31 други им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Воопшто да не се осеќаш виновно. Ако некој ти рече дека барем еднаш не помислил така ,лаже.
    И моето беше на неонато ,2 недели во тие две недели Господ само знае шо се не помислив ,од што ми требаше бебе ,до што сум згрешила за ваква казна..да мислев дека ме казнува Господ за нешто. И тоа јас се породив 37+6.
    4 години ми требаа за во уста да ставам дали ќе идеме на второ...
    Стравот кога ја земав дома ,дали дише ,дали и е доволно мое млеко ,дали ќе ја разболам. Свекрвиштето никаква како твојава ,со тоа шо ти барем мајка на место имаш па и покажала кај и е местото... мајка ми кога беше бебе 3 м прв пат дојде...поддршка од некој мој никаква апсолутно никаква... свекрвата ми направи ден денес кога ќе се настине да се осеќам виновна дека јас сум ја разболела(недоволно облечена, на ладно излезени и сл.) Секое разболување беше ете ти намерно така ја оставаш...до степен да сум сакала да исчезнам во деновите кога имала тт..
    Плус и за тоа што беше на неонато ме обвинуваше.
    Еве сеа бремена со второто, се читавме и во труднички... како се ближи ден на пораѓај се повеќе паника ме фаќа... нема назад шо вика членката над мене останува само да се препуштиме.. :l:

    П.с секоја чест и за мајка ти, убаво и кажала на свекрвата!
     
    На marchi7, strelec231992, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.
  12. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Други луѓе ви се криви само ако сте им дозволиле близина околу вас. Да не речам измеѓу вас зошто е навлегување во бракот преку детето.

    ок ги немам тие трауми, ги блокирав и се е супер на таа тема.

    амааааа….

    два саати немав за себе, за книга, за филм, за кафе без дете, практично губење на сопствениот индентитет и пишував тука како конечно почнувам ресоцијализација.

    Муабетов… една не познавам без трауми после дете. Преголем животен настан е.

    Никогаш нема да сум спремна за следно, не знам како изгледа тоа да си спремен?
    Како треба да се спремиш?
     
    На flower55555, dummy, marchi7 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    9.330
    На маж ми будејќи тој користи породилно што се' не му кажуваат да знаеш, и поблиски и помалку блиски роднини и пријатели. Му честитаа 8ми Март, го прашуваа дали постпородилна депресија го фатило па затоа ли секој ден одел во теретана, па демек лесно му е нему не се замара со ништо сега, дали го доел бебето... Мислам глупости до глупости, жал ми е дури за него бидејќи гледам дека не му е сеедно така да му се зборува. Јас му викам да не се замара бидејќи никој од тие кои така му зборуваат не ја осетил убавината како татко да не оди на работа, туку да си го чува бебенцето. Маж ми е ептен врзен за ќерка ми. Тек кога ќе му каже некој дека цела е на него, а бе ќе си летне мислам од кожа. Ама таа пак мене најшироки насмевки ми дава кога ќе ме види. :inlove:

    Инаку на тема спремност за следни деца, искрено мешавина од емоции. Начелно сакам три, ама да замижам не можам да замислам како би било тоа. :D Ќе треба и поголем стан, во 72 м2 не собира 5 луѓе. :D Кој ќе се сели хаха. :D А тек па колку не сакам стан, а кај ќе најдам куќа во Скопјево. (facepalm)
    Мислам дека никогаш нема да има момент кога би кажала дека сум спремна за второ, за трето... И за првово беше така. Мислам дека едноставно треба да се има само некоја желба, мотивација и секако барем некоја финансиска сигурност (плус дете е плус трошок). А за предизвиците како што ќе доаѓаат, ќе се решаваат.
    Јас сметам дека мене најголемото богатство што мајка ми и татко ми ми го дале е брат ми. Ништо друго не се споредува со тоа. Така сакам и јас истото да го направам за моите деца. Па ако се исполни желбата - супер. Ако не, да сме живи и здрави. И ова едно што го имаме го сакам за 100000. :D
    На тема брат/сестра, мојот утре го пречекуваме од аеродром. :party: Доаѓа втор пат во изминативе четири месеци од Америка, се радувам ко мало дете што ќерка ми ќе го гледа „почесто“. :party: Ќе одиме и на одмор заедно. И како после да не сакам и моево да има некој во животот како што имам и јас... Ма да далечинава срцево ми го корне, иако секој ден се гледаме на камера... Се надевам дека здравје моите деца нема да ги делат океани кога ќе пораснат...
     
    На flower55555, marchi7, Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  14. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Никако, и јас тоа си мислам и не можеме да се спремаме за нешто што нема правило дека ќе биде така и така како за на испит па ќе се спремам и ќе одам партали ќе направам. Другарка ми ми баш ми вика многу сакав дете ама кога те гледам дека е тешко не знам дали сум спремна. И реков нема ни да бидеш никогаш, ќе се спремаш со текот на времето и заедно со бебето. Може така и за второто што го мислам, што викаш дали ќе си спремна и како изгледа тоа и јас си го мислам и нема да бидеме спремни никогаш освен да го имаме и да се прилагодуваме и повторно учиме како со првото.
     
    На marchi7 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    На тема коментари: имав коментари од баби низ комшилук зошто по 2-3 пати во ден сме излегувале со дете да шетаме. Додека бев на породилно тоа.

    Коментари од свекор како сум можела да му викам на маж, да чува дете за јас да одам на гинеколог, заболекар, итн. При свекрва или мајка во близина, тоа. Мажот се знае, после работа одмарал, а не дете да чува. Како детево да не е негово, јас заедно со куферите од кај мајка си го донесов (facepalm)
    Ова исто додека бев на породилно.
     
    На WhiteCat33, marchi7, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    10.344
    Пол:
    Женски
    Се изнервирав само што го прочитав ова.:D
     
    На snowqueen, Carolin., naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Истиот тој свекор де, сега се тепа за дете да шетал и чувал :rofl:

    Бабите од комшилук ги врти ќерка околу прст. Многу често изгледа шетавме, па сега и сами ја бараат за во двор да ја поиграле. Која букет цвеќе и дава, која чоколатца или овошки, што се нашло. :D
     
    На Carolin., see.emily.play, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    2.009
    Пол:
    Женски
    Ист калап со свекрва ми.
    Како он да и преоблечел пелена женско било ако ми требало да идам на лекар да сум и кажела неа немало да оди нигде :headbang:

    Мм имаше мерак да ја храни со шише и за да му направам ќеф се измолзив еднаш го виде хаха кој шок ,мајката се тушира он измолзено дава тоа не е млеко :rofl:
    Или измолзено да замрзнев и да и дадев мислам ќе одлепеше :rofl:
     
    На Carolin., Miss_S и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    1.782
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да се пожалам и да си се исповедам. Многу се осеќам криво зашто навечер сум нервозна, дури на моменти и подвикнувам аман бе мама што ти е ајде спиј а оно кутрото се мачи да си заспие и ме бара само мене. Секое сабајле плачам и и се извинувам небаре ќе ме разбере ама жива се јадам што така реагирам на моменти сред ноќ. За разлика од мене маж ми е многу смирен ама јас попуштам со нервите. Многу многу се осеќам криво како нај немајка да сум ;(
     
    На 1209, Трагедијаупмм и NadjaJo им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.385
    Допаѓања:
    182.890
    Пол:
    Женски
    Коментари нешто немав.. Со првото живеев во Грција. И кога ја шетавме, сите стари што ќе ги сретневме, баби и дедовци, па и помлади, имаат некоја навика таму да им цртаат крстови на бебињата па поплукуваат.. многу се нервирав. Како да не знаат луѓево за приватност. Живци кинев. Оно шеташ, тоа зема некој дедо застанува па “црта” крст во воздух над количка па нешто мумла, поплукува, нит го знам нит познавам. :D Сега кога ќе ми текне за што сум се нервирала. :D Едноставно без лоша намера, така знаат и толку знаат. Ама тогаш многу се нервирав. :) Ваљда сите имаме некоја фаза во тој период со новороденче се да земаме на нож, и на што треба и на што не треба ставаме цртки. :) Старите не можеме да ги смениме ниту да им смениме размислувања, денеска се ми поминува, освен ако со намера се провоцира. Вчера дознав дека една братучетка останала единка оти татко и не сакал да “му се смеат” ако имал и второ женско. (facepalm) А вака да го видиш колку се праи модерен.


    @Ladyme ептен ти е тазе. Дај си време да се поврзеш со ова бебе. Да си фатите ред. Рано е да мислиш за второ. И нема потреба од тој притисок да се на мала разлика. 9 месеци тоа тело создавало и носело живот и на телото и на психата и на хормоните е потребно време да одмори. Не знам во какви односи си со свекрвати ама за тоа е во право. Сите бремености се различни. Нема потреба од брзање, на децата им требаме здрави. Пораѓајот природен или царски е траума за телото, без разлика дали нас ни изгледа дека било “лесно”. Полека само. Се ќе си биде. И сите чувства ти се валидни. И ќе ти се менуваат и оформуваат, продлабочуваат. Си доаѓа со времето.


    Јас им се восхитувам на оние што после прво дете се чувствуваат исполнето и комплетно и се целосно свесни за тоа. Јас не бев и се прашував како изгледа тоа и еве сега сум. :) Исто и оние што знаат дека нема да можат со повеќе и одлучуваат да немаат, голема свесност е тоа да знаеш колку ти е границата. Деца за жал се раѓаат денеска и од многу други причини и без услови и честопати се жртви на неспремност да се даде максимумот за нив фокусирани повеќе на спасување на брак и сл.
    Деца не раѓав да се имаат и да не се сами. Раѓав оти сакав. Никој не е сам. Секој има некој дали некој од поширокото семејство дали другар, ама сите си наоѓаат ним слични да се имаат во животот. Дојдовме во земја од каде сите врати ќе им бидат отворени многу полесно и нека фатат кој крај на свет сакаат, ако сакаат секако, само да се среќни. :)
     
    На 1209, kozuf, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.