Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. NadjaJo

    NadjaJo Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Тоа и мене често ми се случува и после исто ми е криво ама со кого и за сум зборувала што има бебе истото го кажува. Навечер е собран умор од цел ден, нервоза. А исто кажувам дека мм е многу поспирен од мене и многу посмирено се справува со ситуациите. Ама после ќе ми текне дека е на работа пола ден и сигурно исто би бил нервозен да ја чува цел ден. Така да не си сама во ова, сите така реагираме. Во никој случај не си немајка.
     
    На Зеленоокатаа, Erika.greeneyes, Калатеа и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетот на @Yowannty , два пати во последно време и тоа од млади слушнав муабет што чекаат второ 2 (2 различни пара), еве и ова е машко, ќе треба куќи и станови да купуваме.
    Сакам да кажам уште не се губи она традиционалното, не дека ќе ми било проблем да добијам стан, туку уште неродено детето, коментарот ми е како терет да го гледаат.

    Едит: за подвикнување при успивање, додека бев дома, на породилно и знаев дека како и да е можам да одморам и немав некоја нервоза.
    Сега, знам да подвикнам почесто, а резултат е на тоа што на работа морам да функционирам свесно, да сум колку толку одморена, како и сите други де, не дека мојава работа е нешто посебна. Ама самиот притисок што ако ќерка реши да збеснува пола ноќ, мене ми го намалува времето за одмор, си го прави своето.
    Дете можам да оставам и со баби/дедовци ако не и било добро, ако не и се станувало наутро. Ама мене не ми е оправдание, ќерка не спиеше, па не идам на работа.
     
    Последна измена: 12 мај 2025
    На marchi7, 1209, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Пред некоја вечер ми се расони во 4 сабајле и од нервоза ја карав зошто се смее и е расположена кога треба да спие :rofl: а искрено не дека не спијам и дека сум нешто преуморна, ама ми се споија жичките зошто сакав да ја вратам во креветче да спие наместо до мене на спална и јас да се укочувам, и кога не ми успеа се изнервирав (а најчесто ја оставам на спална) ... Исто е и мм смирен, дури се дешавало да ја земе на 10тина мин за јас да се изладам и после пак јас ја зимам да ја заспијам...

    А генерално сум ПРЕсмирена со деца, зошто работам со нив, и луѓе ми се чуделе, ама сестра ми стално ми викаше, ќе биде со тебе 24/7 ќе видиш.... и ете ти така било :D
     
    На marchi7, Dodo1 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.480
    Пол:
    Женски
    Отворив на темата само за да си се олеснам, никој не кажува колку е тежок овој период на почеток, знам дека ќе помине и ќе се заборави. Имам среќа што малата е мирна можам и да завршам домашни обврски и да одморам ама колку стрес знае да ми направи доењето не знаев дека може така да биде. Кога ќе се разбудам градите ми се преполни, и како што одминува денот се помеки стануваат со тоа и најчестото прашање дали имам млеко доволно. Малата уште нема сила да цица како што треба од сабајле е супер, приквечер е изморена заспива на града па се буди па пак цицање 5 минути и така во круг. Ме преморува ова веќе. Од сабајле молзам (и кога молзам не знам дали да ги празнам скроз од страв) за да има да и дадам навечер пред легнување оти не можам веќе со градите надвор по цел ден па и тоа што ми ги тегне брадавките мислам ми жежаат од неа. Само се тешам дека како што расте ќе научи да цица подобро и дека ќе уживам во доењето, а не да ми биде стресно како сега. Ја мерев дома пред два дена, по 40 гр. дневно крева со тоа се тешам дека има млеко доволно ама навечер помина 19h мрак ми паѓа на очи знам дека нема да се нацица и дека ќе се тегнеме на 10 минути цице па дремка и така се дури не и дадам одмолзено. Само нека помине ова оти психички ќе опаднам
     
    На Lady Miami, marchi7, Izzy_0504 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    3.328
    Пол:
    Женски
    Вчера ме фати исто нервоза јас свиткај ја во тетра она се грчи поцрвенува... во 3 ч после млекото а заспа на рака. Ајде ќе ја подржам, заспи пак, и во креветче ја ставам и пск грчи вика глупости и ја одвиткав и викам спиј ако ти се спие ако не ѕвери во зидот не плачи... а денот ми беше така нервозен катастрофа нешто фамилијарни проблеми имоти чуда, јас ги оправам ќе се испокараат за земја глуп балкански менталитет и така нервозна дека плачев преку ден глава боли, она не спие и ја зедов ја ставив меѓу нас на јастук кај мене и мм ја фатил за рака заспа и јас останав да плачам до 6 сабајле осеќав вина како проблемите ги префрлам на неа нервозите а она цел ден спие, нормално е и еден сат да е будна, после кај 6 и нешто сум дремнала, мм ја средил наранил ме стана за очно имавме контрола за неа. Среќа све е супер и тоа... мора викам малку контрола уште е мала ама понатака више ќе разбира повеќе, несакам да исфрлам нервоза така. Мм е многу смирен, многу и влијае добро. Јас живчана станав ;(
     
    На Зеленоокатаа, marchi7, MariaBouli и 3 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    45.267
    Пол:
    Женски
    Мајка и да се нацица нема да престане да се теглите, мораш да се помириш со тоа и ќе ти стане полесно, зошто цицањето кај нив не е само потреба за храна, туку близина, смиреност, поврзување…не го сфаќај толку стресно доењето, вистина е дека не е лесно ама пробај да размислуваш на тоа како сите жени во светот, мајки и сите животни во светот го прават, значи не е нешто што мора да го темпираш, стресираш и сфаќаш толку сериозно.
    Не ме сфаќај погрешно исто е кај сите мајки и ретко која на почетокот го сака доењето, вистина се ретко тие на кои им доаѓа спонтано и лесно, јас не бев од тие, бев како тебе.
    Ама ете 2+ год и уште сум со градите надвор по цела ноќ…
    Не мери толку милилитри, напредување, чуда бесови, опушти се, ќе јаде кога му се јаде, ако сака да спие на гради нека спие, ќе помине и тоа, откако ќе ги баталиш сите “како треба да биде” и одиш малце по инстинкт ќе видиш дека полесно ќе биде со доењето.

    Апсолутно не за виткањето у тетра, не е природно, не е ниту ефикасно. Тие природно сакат да спијат со рацете нагоре, да се слободни. Нема потреба да ја умотуваш за да спие мирно. Треба и пожелно е да не спие мирно, имаат рефлекс, мора да се штрека.
    Мора и да се грчи, дегистивниот систем се учи да функционира. Никој не кажува уствари колку бебињата на почетокот се гласни додека спијат. Не знам од каде е изреката спие мирно како бебе, ама дефинитивно е од некој кој не видел уствари како бебе спие во првите месеци од животот.:D
    Значи нормално е да плаче, да се грчи, да мрда, да кенка, да стенка, да испишта звуци, да има рефлекс…
    Да сите сме нервозно понекогаш, ама на бебињата генерално им треба помош за да заспијат, може меше ја боли, може има грчеви, прави и масажи на мешето, топло облоги, нишкај, шетај во количка…она што на сите ни е во главите уведено од глупите американци дека мора бебе да се тренира да спие само што ќе излезе од нас е апсолутно најглупа работа излезена во последните години.
    Да тренинг може ама кога тоа дете ќе стане малце посамостојно, а не они не знаат каде се ама очекуваме да преспиваат вела ноќ. Не може, не е природно.
    Пробај да се опуштиш некако, шетајте, нека дреме надвор, ти седни пиј кафе додека спие…јас додека беше мал сите дремки негови ми беа во шетање, ви парк јас сликав додека он спиеше…или само шетав. Моето беше бебе што спие само контакт напс ако не е во количка, уште е таков, и мене нервози многу ме фаќале на моменти од тоа неспиење, ама плачките нема да ти помогнат тебе најпрво, после него. Посилно е од нас, ама нема ефект, само грижа ќе си набиваш.
    Немај многу очекувања од бебе, сепак е само бебе.
    И исфрли повивање:!:
     
    На NadjaJo, Autumn Love, LeNora и 11 други им се допаѓа ова.
  7. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ми смета што алгоритмите ми даваат само некои родителски ствари по апликациите.

    Ми смета што ме таргетираат секакви курсеви, обуки за мајки - не фала.

    Колку е само комерцијализиран периодов…
     
    На Зеленоокатаа, Tea SK, Lady Miami и 7 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    29.101
    Пол:
    Женски
    Спие мирно како таткото на бебето* :rofl:
     
    На pianogirl, Зеленоокатаа, Tea SK и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    6.847
    Пол:
    Женски
    Исто сис ќе пишував. Мојов може да има и дневна дремка од 5 часа, тоа таткото да се разбереме. Ќерка за жива глава нема шанси толку да спие.
     
    На Erika.greeneyes, LiquidLuna, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.466
    Допаѓања:
    108.369
    Пол:
    Женски
    Алгоритмот е таков зошто ти му даваш такви информации, отвараш такви профили или користиш хаштази за деца. Не е крив алгоритмот, тој не може да знае дека ти имаш бебе.
     
    На DELFINA81 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    10.345
    Пол:
    Женски
    Кај нас е обратно.:?:
    Мајката спие, таткото станува ако се разбуди навечер. И он спие од страната кај креветчето.:rofl:
    One and only ми е.
     
    На Tea SK, TheSecret, Lady Miami и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    5.485
    Мене роден татко ми кажа дека сум добивала многу помош од сопругот. Кога му реков зошто помош, детето е исто негово колку мое, станот е исто негов колку мој, и он треба да јаде ручек, и јас.
    Ама не, кај нас било 70-30%, као мм бил многу поангажиран од мене. :D Одговорно тврдам дека не е, ама и да е, што е проблемот?
    И си кажа човекот дека тој не би можел да издржи во ваков брак. Па и јас му кажав дека не би можела да имам маж како него, што не знае да си испегла една маица и така малце незгодно му падна ама play stupid games, win stupid prizes.
     
    На Зеленоокатаа, Lizi, NadjaJo и 19 други им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    29.101
    Пол:
    Женски
    Мојов нема проблем и да задреме у дневна, ќере магично го остава
    Јас да задремам - МАМАААААААААА

    Ко беше бебе мојава, ако го задрмам стануваше без проблем ама уште ми е мистерија како не се будеше од нејзиниот плач туку од моето мрдање (facepalm)(facepalm) Е сега јас спијам од кај нејзе ( ради мир у куќа додуша ), мада некогаш изјавува желба да ја гушкал цела ноќ па се ширам ко морска ѕвезда на останатиот дел од креветот :rofl:

    @defocus мене нишо такво не ми искача, сеа почнав фамилијарни патувања да гледам па со тоа ме напаѓа алгоритам да плакнам очи на Хавајските острови мадам, ама си седам у Скопје, поглед у далечината и си сонувкам вака со отворени очиња :D
    Гледај други работи, друго ќе те мава алгоритамски
     
    На Erika.greeneyes, Yowannty, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    10.570
    Пол:
    Женски
    Леле и јас си гледам,плажи,одмори,мориња..бидејќи и оваа година нема одмор,некако ми е страв со 3 мали деца да кренам,па викам дај барем да гледам вака и си замислувам како лежам како морска ѕвезда на некоја плажа,арно ама некој детски плач ме враќа во реалноста..8)
    Здравје др.година ќе одеме,дада сакала Турција...мама таму е мн убавооооо,ај утре да одеме,учителките им пуштале на тв во градинка.(facepalm) па таму е видела
    .
    Инаку беблаците мои,тргнаа во градинка од вчера..до 10ч.седат,добро биле,немало плачки..дај боже така да биде цело време.
    Не ми се верува дека стасаа за градинка и дека не се веќе бебиња,крај на месецот 1 год.стануваат деца веќе.
    Време не брзај толку.те молам.:hug:
     
    На NadjaJo, Tea SK, Liza38 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    300
    Исто е и кај мене, нормално дека креветчето е од негова страна :) Браво за овие посветени татковци и сопрузи, неверојатна поддршка ми беше и во целата бременост и сега. Кај мене нема мешање ни мајка ни свекрва, така да се потпирам само на него и веќе така функционираме 18 месеци :l:
     
    На NadjaJo, LadyD, TheSecret и 3 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    45.267
    Пол:
    Женски
    Врв на глупо родителство видов сега додека одев на работа, таткото вози и го држе бебето, пази бебе од не повеќе од 4-5м легнато на него со едната рака, а мајката до нив на седиште се шминка. Ако се осеќате лошо и неодговорно како родители ете прочитајте го ова. Мене јанѕа ме јаде со такси докај моите позади кога го возам без седиште го стискам, ама напред па и во тој што вози…
     
    На Bella.alleB, MeowMeow, strelec231992 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    10.345
    Пол:
    Женски
    Бог да чува. Ова е за пријава. Какви несовесни родители има, да се чудиш.
     
    На 1209 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.991
    Допаѓања:
    9.374
    Пол:
    Женски
    Isti sme :D
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    3.328
    Пол:
    Женски
    хаха денеска му викам дане си ми љут што ти стануваш навечер за да ја храниш и пресоблечеш. Вика не ти забегуваш, седи спиј и не се замарај. Кома сум не го осеќам ич (facepalm) дали сега е така уште ме исцрпува крв тече, па ќе влезам си викам во шема или она ќе намали со станување. :lol: Како и да е, нека се дружат(poolparty):angel:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.027
    Допаѓања:
    10.256
    Пол:
    Женски
    Јас од кога тргнав на работа од март еднаш немам станато млеко да му дадам.
    Маж ми вика спиеш ко труп ама да сум си спиела јас мозокот сум го користела за на работа да ми одморел, он механички си работел.
    Браво бе брачен другару му викам, ако втор пат се мажам, пак како тебе маж ќе си најдам :D
     
    На kozuf, azelea, Carolin. и 10 други им се допаѓа ова.