Ова и јас му го викам. Јас сум на породилно, он иде на работа и пак е ултра расположен 24/7. И дава млеко еднаш во 3 сабајле, случајно се подразбудив и го гледам, ме гледа и он и само забите му светат во темното како шлакнат. Јас со ноќниот сон сум врзана психички, си признавам. Он гајле нема и 100 пати да стане. Среќа малово не се буди нешто многу, ама секогаш кога се буди он е дежурен, јас труп. Некогаш дури не ни слушам дека се раскенкала од што сум кома. Тоа проверување дали дишела и слично јок. Легнувам брате и не ме замарај ако не е нож до коска.
Ви се дивам на сонот! 2г и скоро 5м има и уште станувам на секое малку. Немам отспано цела ноќ од пред да останам трудна.
Дајте бе од некој од ваквите, брат ако има, за втор пат да се мажам. Мојов топ не го буди, дури и пред некое време на сред ноќ, не го сети инхалаторот кога и правев инхалации на ќерка, бидејќи многу кашлаше. Не пак да ја сетел млеко кога ќе побара. Ок, месеци не бара веќе уназад ама и претходно исто беше. Случајно треба да се разбуди, па на млеко да му текнеше. Или јас чисто од култура да го разбудев, па да направи млеко. Јас и без дете да станува, се будам бар 3-4 пати ноќе.
Хахахах Како да се читам јас. Ама да останете сами со беба, да видиш како ќе се будиш на секое мрдање. Мозокот ти е програмиран дека маж ти е до вас и дека знаеш дека ќе стане на секое мрдање, кенкање. Иста сум и јас. Еве вчера прв пат, после 8 ипол месеци , јас и беба останавме сами ноќно време. На секое се будев. Кај моите кога сме биле, иако мајка ми била тука, знам дека мм не е тука и рипав како зајак на секое.
Сигурно Бибо. Досега ниеднаш не сум останала сама без маж навечер, може затоа. Јас ја средувам за ноќна рутина, ја успивам, седам со неа цел саат и после предавам брига на него.
И јас го позајмувам мојов ама децава кога ќе ги организирам за чување. Вака дур сум со нив, не го давам
Шо сторивте позајмување мажи Јас го подарувам чат-пат. Ама стварно само елементарна непогода може да го разбуди, јас затоа го дрмав. Да си мисли дека има земјотрес Вака фин е Ко е буден
Јас со мочањето имам проблем, иначе детево у полусон ја решавам. Не ми смета многу. Ама затоа ќе станам да мочам и седам пола саат будна
п.с Ова не важи за вас кои не станувате за млеко И јас би да ги позајмам вашите мажи бар една вечер да се изнаспијам ко некад
И кај нас маж ми со бебето цело време навечер беше, и спиеше тој од таа страна на спалната. Ама бебе дека си ја спие цела вечер како топ цело време, веќе не е ни до кревет залепено. Наутро ни е бебето аларм, кога ќе стане таа и ние тогаш. Ги крева нозете во вис и ги спушта и така чука на душек. И се' така дури не не разбуди. Сабајлево спиеше до 11 скоро, не знаевме што да правиме со себе јас и маж ми хаха. Кога ќе стане бебе, едниот оди пелена да смени, другиот млеко и капки спрема. Ама и често маж ми само ќе ја земе ќерка ми од кревет, и излегува од спална и ме остава да продолжам да си спијам. Кога ќе се потскараме со мм, ми вели "А бе друг да бараш како мене, нема да најдеш". И точно е тоа. Заборавив и рерна како се пушта, два месеци сигурно немам зготвено. Мајка ми кога се слушаме и ќе ме праша "Направи ручек?", и мојот одговор цело време е "Не, еве маж ми зготви тоа, или ќе прави тоа...", и целава се чуди во прашалници. Чудно и е каков е маж ми, дека тато јајца знае да свари само, ама и тоа не го прави.
На темава мажи и бебиња и јас можам да го пофалам. Уште од прв ден кога дојдовме дома пошто на АД сме се поделивме на смени. Мојата беше до 23:00 и си легнував, он продолжуваше до 5,6 сабајле и потоа јас пак. Така да времето за спиење го спиев. Дома чистеше, пазареше, за ручекот се менувавме. Кога мораше да тргне на работа веќе бебе беше месец и пол и почна по некое време да ја преспива ноќта така да пак си продолжив со ноќното спиење. До пред скоро недела и пол кога почна 4 ти скок и регресија хаха јас прва осеќам кога се буди навечер ама и он кога ќе ме осети одма станува. Ама кога ќе се навикнеш да спиеш малку е тешко станувањето во сред ноќ хаха
Beba 17 m ima jas 5 pati dali imam stanato navecer za mleko, mm zlaten se on stanuva , jas ako stanam se treskam vo vrati i zid raceve ne mi drzat vo poluson . On go uspiva navecer ja za toa vreme sreduvam po doma i nasabajle go sprema za kaj baba mu zasto dodeka ispijam kafe da se sredam 2 h ne me raspravaat
Дефинитивно денешните мажи се баш и татковци што е нормално меѓутоа сите знаеме порано како било. Тоа баш ме радува што жената не мора се да прави како што викаат тоа е женска работа. Ете се гледа дека скоро се освен доењето е и женска и машка работа и дека мажот може истото да го прави.
Мојот топ не го буди алал да му е на спиењето Стануваше само првата недела за АД да направи кога си дојдовме дома, потоа се префрливме на доење и си спие братот од тогаш навака одлично освен кога имаше епизоди на плачење бебо 2-3 вечери се буди цел во прашалници и бетер ме нервира ама тоа е. Иначе од како го одбив и ја се наспав, не станува ич. Заспива 8ипол 9 станува 6ипол 7. Ама знам дека ке треба да почнам да станувам за памперс кога ке вадиме и од сега имам стрес жими се За готвење, јас повеќе со свекрва ми и свекор ми имам седнато на ручек него он. Излегува у 8 доаѓа у 7 не знам кога последен пат заедно сме јаделе, а да не е мезе/салата и ракија по ноќови
Ама и мажите се освестуваат троа. Барем мојов. Во саботата чистевме од тревишта, и земав ножици да сечам и пријател еден така постар ко скокна Нееее, тоа е машка работа. Мажов мој го гледа бледо и му вика Брат '25та сме, дај и ножиците на Луна Викам А шо е женска работа? Вика па перење, чистење, готвење. Иххх бе, затоа си неженет другар
Колку ми е мило кога читам дека татковците се скоро исто инволвирани денес во одгледување на бебче како и ние мајките. Јас навистина не знам како успевале предходно мајките се сами, зошто реално од тоа како си замислував дека ќе ми биде, се чисто, средено, ќе имам време за себе, до тоа како е, ехее разлика огромна. Јас сум преблагодарна за сопругот. Уште кога останав бремена дека ризична бременост сите обврски ги презема тој од пуштање машини за алишта, садови, до пружање алишта, чистење по дома, пазарување, готвење и се останато. Помагаа и моите и неговите ама најголемиот дел го правеше он. Откако бебче се роди истото продолжи да го прави. И јас како Лејди можам на прсти од една рака да избројам доручек или ручек колку пати сум спремила овие месеци откако се породив, пак домашните обврски најмногу он ги завршува. Околу бебче исто ми помага многу после работа и викенди, ноќно будење го оставам ама јас немам проблем со станувањето и така се будам на секое, лесен сон имам и ми нема поента да го будам и него. Инаку читајќи вака по мислењата на сите можам само да заклучам дека ние што сме со АД имаме една олеснување во делот на хранење на бебче, зошто секој може шишенце со млеко да спреми и да даде. Секоја чест за мајките кои дојат кај нив нема избор во поглед на тој дел. П.С Од 5 ипол сум будна, бебе како аларм кака и се буди скоро секој ден во 6 ипол, денес не почасти 1 час порано Сега прва дремка тераме. Лејди стварно кога заспива па се буди во 11? Моево дали 7 или 8 заспало пак ќе се разбуди рано, не памтам да спиела подолго од 8 сабајле ама до 8 одамна веќе не спиела.
Хахахахахах што е толку тоа перење и готвење фамозно ставаш во машина стискаш копче аман а скара кога прават тоа не ли е готвење? Значи закоравеност не можам
Да, точно е тоа дека олеснување е кога бебето е на АД. Кога има некој присутен веднаш му го предавам шишето да завршам нешто или барем кафе да се напијам. Топло. Хаха