Јас дека дојам, ме нервира кога станува навечер и седи буден со нас Секогаш го карам, му викам да спие за да може он да функционира денски, а јас ако сакам да дремнам (ретко се дешава ама нема врска). Среќа па може он да функционира со малку спиење хахаха Инаку откако живееме заедно многу работи ми помага. Ние си ги имаме некако поделено домашните обврски и не ми смета затоа што тоа функционира за нас, ама важно ми е дека прави работи. Е сеа обожаваме и двајцата да готвиме, и иако го оставам да готви 99% од времето, некогаш се караме јас да правам ручек малку да сменам ама ми помага многу со бебка, мајка ми кога беше тука првите 2 недели дури и ме замараше зошто сум ја давала на него да ја подрумка, заспие, да и даде шише (тогаш давав и молзено), а он пустиот едвај чекаше да го прави тоа.
Околу 10 ипол-11. Не ни пробувам порано да ја легнам, летово ќе треба таман да залади и да спие. Ќе може да се шеткаме барем малку после жешкото. Ама беше изморена тој ден хаха, агендата и беше полна. Од сабајлето кога излеговме, дури вечерта се вративме дома.
Околу 10 ипол-11 заспива. Претходно јаде три часа порано, и спие во дневна околу 1 час. Станува, мениме пелена и алишта, ја гушкаме и играме кратко и после во спална последно хранење и на спиење. 10 часа сврзено веќе ги спие, некогаш и повеќе. Синоќа заспа 10 ипол, стана денес во 10 точно. Ама мора веднаш млекце, инаку се лути дека се буди гладна како волк.
Откако живееме заедно никогаш немаме поделено работи, се врши кој што стигне, освен готвење, кујната ми е светост, а маж ми "готви" макарони и сендвичи. Кога останав бремена па откако дојде бебка поголем дел од обврските по дома и пазарење се на него после работа, ама затоа па ноќе го оставам да спие. Има доста одговорна работа, а беба е на доење бесмислено е да го будам, ќе стане ќе цица 10мин и продужува дури ни јас не се расонувам. После работа ја чува, јас чатпат и бегам на масажа, педикир, депилација. За жал уште има "југословенски" мажи кои не мењаат памперс на сопственото дете - ги имаме во близина. Тешко на жените што си ги избрале. Како почна рано да заспива бебка друг човек сум. Две ноќи под ред бегам од спална и имам време на само за себе и за маж. Денес и вино си купив, ако ме части пак рано заспивање каква даска ќе си направиме мх мх.
Оффф со душа чекам да заспие некогаш порано ама и цврсто што е најбитно, за да можам да мрднам од спална бареммм пола саат да имам со маж ми. Двајцата многу искажуваме љубов, пред бебе нонстоп се гушкавме значи, додека бевме дома како залепени еден до друг, за раце се држевме цело време филмови серии, како тинејџери. Сега ич немаме време за нас, мнооогу ми фали премногу. На другава тема, и пред бебе 90 посто од обврските беа на него зашто преку ден е слободен а јас на работа, па дома се беше пиц пец секој ден, прашина џогер алишта. Е ручекот беше моја обврска хаха. И сега е исто, доењето си е само мое а се друго е заедничко, и тоа е нормално да е така и тој е родител колку што сум и јас. Навечер не го будам, што ќе ми прави кога дојам хаха ама се буди сам лесен сон има, па секогаш уште пред мене ја осеќа бебуфка кога ќе се раскенка. Е затоа насабајле ја дојам и он си ја зема во дневна а јас продолжувам уште 2, 3 саати да си се доспијам. Одлично си функционираме за се. Не можам да замислам како би било да треба да се грижам за бебе, за дома, ручек, алишта, чистење а он само да дојде од работа и пази "да ти го причува детето за да се истушираш". Кога ќе го слушнам ова "да ти го причува" као демек еве добро дело ти прави ти го чува ТВОЕТО дете ти да се избањаш да не смрдиш ко твор. А има многу што вака функционираат, се чудам како.
Јас со мајка ми зборам, вика многу сум среќна што ти и сестра ти имате добри сопрузи, ангажирани за вас, домот и детето. Ете во нејзино време татко ми бил баш ко југословенски маж, сама нѐ пораснала + сите обврски низ домот на нејзе. На тема маж, не е дека мојот е некоја перфекција дека се буди за бебето. Компензира со тоа што 90% од домот е на мој товар, чистење на 100 квадрати стан, водење евиденција што ни фали за купување, перење, пеглање. Се тоа правам јас. Он само собира и фрла ѓубре и нешто ако треба негде да се однесе/земе логистички. Пазариме заедно, претходно сами, сега со ќере. За готвење и двајцата сме утепани, најчесто или ќе направам јас нешто набрзина од тоа што знам 5-6 вида јадење, или сендвич, или нарачуваме. 80% нарачуваме. Како се погодивме, двајцата мразиме кујна. Многу пари ни одат на wolt и корпа ама тоа е, во тој поглед ич не сме домаќини. Мене да ме прашаш, врска немам како изгледаат 70% од намирниците што треба на бебево да и ги правам, па ме фаќа паника малце така. Е сега, станувал навечер. Фала богу. Да доев немаше да го будам, бесмислено ми е, ама вака реално не треба да му е проблем. Мене ноќниот сон е тој што ме држи психофизички да можам преку ден да ја чувам и плус да завршувам други обврски. @Noemi алал ти вера за муабетот. Од кога почнува да заспива рано и цврсто, си почнав ритуали за себе. Туш, маска за лице, чај, серија… секоја вечер гледам барем 60 минути да си посветам на себе и маж ми, да се видиме еден со друг. Life changing ми беше ова, ме опорави психички.
Мојот спие рано од раѓање. Таков ред има. Ама почна да спие по цела ноќ одкако го одбив, читај 16 месеци
Алал да ви е за муабетот погоре , се согласувам со сѐ. И баш, откако бебе почна да заспива рано и да ми прати рутина, како друг човек сум и јас. Многу значело да имаш време за себе. Пред дете тоа не сум го ценела баш. Откако ќе заспие, имаме време и да си поседеме убаво со маж ми. Се бањам цел саат, се шлапам со креми, со маски за лице, пуштам филм/серија, па и некое винце знам да си се напиеме. А кога не спиеше, мааајко мила, може ќе сум немајка ама немав волја за ништо. Врескање, грчеви, ау страшно. Тој период ми е како во магла. Сега ми фали многу тој период кога беше новороденче , ама дека сум сега со овој mindset и знам дека ќе помине.
За рано касно не ми е толку проблем ама за цврсто ооо и те како. Абе луѓе вчера комшијата од над нас пушти вода во вц, госпоѓата се размрда. Значи од казанчето на комшијата се разбуди, па што ми останува на мене Да не дишам додека спие
Лани ми беше цело лето тешко што до 20:30 најдоцна беше ќерка заспана, демек ме можеме да шетаме и не знам што. Сега почна во 22:00 да заспива, дотогаш отепана сум јас, ни куќа, ни маж ми се гледа. Е наутро на нога сме кој од 5:30, кој од 6:30 така да од тој аспект не можам доцна да легнувам. Т.е не можам да издржам со сите обврски и неспиење плус.
И јас истото го прашував кога заспиваше во 23/00часот мислев на мајчино никогаш нема да сврзе над 3 саата На доење сме, од кај 10 недели знаеше чат пат да изненади, сега од 12та заспива културно од 20 до 21 најкасно. Ама последната дремка и е до 18/18ипол и е кратка. Синоќа спиеше 8 саати сврзано, има надеж држи се @Dodo1 и ние сме во зграда саат ипол обавезно има бел шум инаку ќе ја разбудат.
Си заспива околу 8:30-9 ама пробај спушти го во креветче . Ајде јас не губам никогаш надеж за полесно утре
Јас и фатив ред да си легнува околу 8 на околу 6 недели затоа што тогаш сфатив дека морам да и направам ноќна рутина. Претходно си ја оставав во дневна до 11, со мм серии и гледавме на глава, будали Заспивањето ни е 99% со цицање легнати на спална, ја префрлам во креветче кога ќе си легнам јас околу 11. Од тогаш прво неколку недели ми се будеше по 3 пати за доење до 8 сабајле, па неколку недели по 2 пати, и последните 5 дена не знам што бидна се буди дури во 6, цица и си продолжува уште некој саат