Рано не ја легнуваме бидејќи и ние не легнуваме рано, а за станување па ич. Јас работам по америчко време, маж е на породилно дома... Да треба да станувам во 6-7 наутро, ќе си пукам во чело мислам. Би биле на преживување-mode цел ден. Така да за тоа не сум компетентна да ти помогнам. Мојата цврсто спие уште од две недели, со зголемување постепено на сврзен сон. Од 5 часа постепено дојдоа до 10-11-12 ч сврзен сон (6 месеци ќе полни за 3 дена). Јас можам да те советувам рутина да имаш и да се држиш до неа. Ние истото тераме од 1ва вечер дома. Дали е до рутината, или детето е такво како што ми викаат многу, не знам. Јас само знам дека за тоа пусто спиење се изначитав дури бев бремена бидејќи најисплашена бев од други родители за тоа. Разлика ден и ноќ и правам. Преку ден спие во дневна - светло, галама, ламби светнати, се мие, се готви... Кога е време за спиење, ја бањаме ако е ден за тоа. Менуваме пелена, нови алишта чистички, чешлање, гушкање. И ја носиме во спална. Облекуваме вреќичка, се гаси светло и свети само нејзиното од креветче како вртелешка музичка со мелодии и има како проектор на таван. Пуштам бели звуци на шумиш. И последното млекце го пие така, во темно и со тие звуци. Ако заспие пиејќи, ја ставам само во креветче и цуцла и ставам обавезно. Ако не заспие, ја држам малку да ждригне и ја ставам во креветче. И ја оставаме сама да се успие, ние ја гледаме преку бебефон од дневна. Ептен ако гледаме дека е немирна и нема абер да спие, оди еден од нас до нејзе и ја држи за двете рачиња. Важен момент е и двете да и се држат бидејќи многу прета и нема шанси да заспие ако за една рака ја држеме само. И после неколку минути е кома веќе, следно будење после 10 часа минимум. До сега ниту еднаш не сме ја оставиле на спална да спие, или да ја успиеме на спална па да префрламе. Истава рутина е било да сме дома, или кај моите бидејќи скоро секој викенд одиме. Цел реферат испишав за рутинава. Ама стварно си спие цврсто, пу пу.
Само да дадам потврда дека рутината функционира. Со две деца испробано. Со едно лесно, со другото потешко. Ама функционира, само мора строга рутина.
И јас потврдувам за строга рутина. Од 6 недели истиот “ритуал”, секоја вечер ни е иста, до саат запазувам, до секаков детал што ја асоцира на рутината. Никако не отстапувам за ниедна причина. Требаше малку временце да се научи, ама се научи. Спие врзано 10,11 саати со едно млеко измеѓу, не се буди за него, и го даваме во сон. Бебињата сакаат рутина, предвидливост, така се осеќаат посигурни. Ние дури и утринска рутина имаме. Откако ќе стане, прво се гушкаме 5-10 минути, секогаш станува насмеана и гуга, потоа ја носам во нејзината соба, соблекуваме пижами, миење газе, лице и рачиња, нова пелена и аутфит, витамини, млекце и спремни за играње.
Да не ви рушам просек, ама со сите рутини и сите исчитани книги за спиење, и пазење прозори на будност, од кај 2риот месец до буквално годината немавме никаква успешност во успивањето и ноќното спиење. Успивањето беше хаос, а навечер стануваше по неколку пати. Се стабилизира после годината, тогаш и започна да ја преспива цела вечер конзистентно. А во мое опкружување сеуште има врсници на син ми (2) што имаат проблеми со ноќно спиење. Муабетот ми е, да имате реални очекувања, полесно ќе се справите со предизвикот.
Ние цела вечер сме со white noises, ако изгасам се буди.. пробуваме сега постепено со намалување да го тргнеме, се надевам ќе успее. И мојата е на рутина од 9 недели, секој ден не остапувам и сабајле и навечер, кај нас скоковите доста влијаат на ноќното заспивање, да ни изремети саат па и до два плус, и исто кога ќе ја оставам на бабите, иако истата рутина ја прават без остапка, нив им штрајкува, ме бара мене. Ама рутина успева, спие цела вечер, па до 4 месеци не се будеше, во 4ти скок почна еднаш само навечер за млеко и тоа цица и спие и продолжува, во 5ти по 3 пати, ама исто за цицање и продолжува. Сега веќе излеговме од скок, си продолжи по цела вечер да спие. Веќе не се потресувам како на почетокот, го прифатив и се помирив со делот дека ќе менуваат, и дека ќе помине се. Искрено многу поубаво ми е.
Пробувам полека да воведам рутина. Не сака цуцла, па секое презаспивање е со доење, или не сме ја нашле вистинската цуцла.
Бебе треба рано да си легнува, без разлика дали вие легнувате рано или не. 19h макс да е заспано. Ноќното спиење и денското не се исто. Супер што имате рутина со толку мало бебе, само поместете да спие бебе порано.
Не знам колкаво е бебето, рутина не очекувај до 1 година.Мојата е две и уште не можеме ред да фатиме иако јас секогаш се трудам во 9 да е во кревет. Така да мајка, полека ќе биде се...