Рутина итекако работи, 2 тотално различни деца со иста рутина ми се навикнати да спијат во исто време, на ист начин и дење и ноќе. Ама сепак се слагам и јас, дека предоцна ти легнува и не е нормално бебе мало во 11 да станува зошто здравје за некој месец ќе треба да почнува со дохрана и ќе ти се поремети многу редот. Ама ти си знаеш. И не се менува лесно рутина да знаеш. Јас зима/лето менувам со 1 час рутина па процедура е од неколку недели, а камоли ова. Знам, на вас ова ви одговара, секое дете различно, ама гледај долгорочно, тоа дете ќе треба да оди во градинка, школо, да функционира наутро. Не мое лично искуство, ама колешка исто вака беше како тебе, 6м детето и се мачеше да се навикне на рутина за градинка, хорор беше, кога и го кажував истото што на тебе ми викаше Ама зошто да станува рано кога сме дома?, е сега вика Арно ми викаше ти, ама јас не те послушав. Верувај со 2 деца истово сум го прошла.
Точно секое дете е различно моето до 9 месеци пред да тргне во градинка секој ден заспиваше во различно време од 9ипол до 1...значи многу касно. Секој ден се нервирав како може зошто нејќе порано да заспие. Ја будев порано сабајле и си тераше повеќе дремки и касно стануваше од последната дремка. Ја будев порано од последнА дремка ама џабе пак беше долго време будна(се и беше интересно, си играше дури и во темница) не помагаа ни рутини ништо. Се чудев како може на другите бебињата во исто време да им заспиваат секој ден кога моево е полно со енергија и мн време е будно. Кога почнав да одам на работа а бебето во градинка магично за 2 дена се смени. Изморена беше од градинка и почна накај 7-8 да заспива и еве сега така си тераме. Сакам да кажам дека може да се смени преку ноќ тоа и дека не секое дете е исто и дека нема да прави проблем
Ние некако спонтано воведовме рутина што нас ни одговара ама еве сега читам за легнувањето во 7 па се замислив дали правиме нешто погрешно. Заспива накај 7-8 и спие до кај 10-10ипол, па станува да јаде и после меѓу 11ипол и 12 заспива и спие до 6-7 сабајле. Па станува да јаде и продолжува до кај 9. Нас некако баш ни одговара ова, ама поважно е за него да биде добро. Што мислите? 2 месеци е.
И ние од мојот службен и пуштаме преку една апликација што ја симнав. Мене не ми смета, далеку ми е главата од кај што шушти ама на почеток мислам дека главоболки ми ствараше додека го навикнам. Сега не го перцепирам. Не знам ни дали е научена без тоа, не сме пробале да го исклучиме. Јас повеќе го пуштам да и блокира звуци што работам навечер по дома откако ќе заспие.
И мене ми е далеку, ама некако почна да ми смета.. и сакам да ја одвикнам, така барем три саати да е, па после цела вечер без тоа. Како расте потешко се одвикнува од работи, па затоа сакам со време.
Иста рутина имаме од прв ден, без ниту еден ден да прекршиме. Исто преку ден во светло, навечер темно само едно пригушено светло, бањање пред спиење, цицање во темница, тивко зборење..скроз истоо. И спиеше и она по 8 саати, се до 4ти скок.. Важна е рутината да, ама не секогаш функционира да не мислите дека мора секогаш да успее. Буквално ништо немав сменето, едноставно во четврти скок сама почна да отвара очи навечер на саат ипол и тоа е.
Да, кај некои скоковите и те како влијаат... Не е само рутината, нормално е. Кај мојава ништи не и влијае, универзалка е ептен. Мислам дека од дете до дете има разлика. Да не грешам, ќе кажам дали сум била во право или не за теи месеци кога ќе тргне во градинка. Ама кај мене нема да е проблем привикнување, што знам, мислам дека брзо ќе се адаптира. Сме ја легнувале и во 9 - 9 ипол ако иделе гости и слично, нема проблем и си заспива. И пак ќе стане во 10 наутро. Сме ја буделе многу порано за на лекар или да одиме некаде, денот не и се ремети ниту дремките. Не знам, можеби стварно детето такво ми се погодило. Сите што не познаваат и што ја гледат каква е ни викаат дека сме благословени и чудно им е како може да е такво бебе. Затоа мислам дека нема да има воопшто проблем. Сме отстапувале повеќе пати од секојдневна рутина дали со време на спиење/легнување, дремки и сл. Дека работам до покасно, и пример кога си одиме за Валандово секогаш не фаќа 20 ч кога тргнуваме. Она ќе го отспие цел пат 2 часа (што дома никогаш не спие толку), и кога ќе стасаме таму пола час е будна да ја видат и си заспива најнормално. Не и менува ништо тоа што спиела 2 часа или што спие во друга соба и кревет, или што мајка ми ја успива цело време кога сме таму.
Такво беше моето прво, исто, ама јас сепак од рутина не излегував. Мислам дека прв пат покасно заспа на свадбата на тетка му на 4г.
Исто, спиеше цела нокј и кога почна 4 ти скок станува по два, три пати навечер. Не помага ни рутина ни ништо.
Читам сите како пипшуваат дека им спијат бебињата со саати и ме мава шлог, па налетувам на твојов коментар и се враќа срце на место дека не сум сама Моево од 4-ти месец (сега сме 6+) се буди на саат време, било регресија па скокови па заби... не знам како уште издржувам.
Дете со Ад од прв ден. До кај 3 месеци дававме 3 пати ноќе млеко ( пример на полноќ, во 3 наутро, па во 6 наутро), после сама проретчи на 2, до кај прв роденден, за после да премине на 1но до кај 1,5 година и после тоа веќе не се буди за млеко. Ја спие цела ноќ, ама имало ноќи каде од заби плачела, каде знае да се разбуди и да си поседи 10-15 минути. Ама во главно спие. Е сега едно големо ама, и со сите тренинзи и со рутини и чуда ова мое дете не знае само да се успие. 2+ години, додека не си го раскаже животот не заспива. Ко лента да има голтнато е навечер. Бар не збеснува, си лежи ама заспивање тешко. Се изначитав коментари сите погоре и главно ми е каде згрешивме со детево.
Еве и јас да кажам за мојата. Значи бебево до 5ти скок супер си спиеше, 7-8 легнување, будење околу 7, максимум 1-2 пати станување за цице и одма после тоа кома. Ова од прв ден дома кога сме дошле. Како влезе во 5ти скок, хорор. Станува на секои 1-2 часа, некогаш побрзо, едвај заспива во 9-10 и се буди 5-6 пати на 15 мин првите два саати кога ќе заспие. Оваа недела требаше да излезиме од 5ти скок, ама се уште нема подобрување, станува со пиштење, викање, кенкање, итн., немирно спие, се превртува, "зборува" во сон, плаче во сон, значи скроз се изремети сонот на детето, а беше буквално премирно бебе со супер сон и преку ден и преку ноќ. Дневните дремки и останаа ок, 3 по околу 1-1,5 час. А рутината иста од првиот ден, миење газе, ново пеленче, темно светло, одење во спална, цицање во легната положба и заспивање. Се надевам за брзо ќе заврши ова заедно со скокот оти не можам да издржам веќе, очите ми плачат за сон, јас си сум ептен голема спанка .
Ај пиши кога ќе се средите хаха да ми дадеш надеж малце. Ја има некоја wonder weeks да ми пресмета за скоков по дата и по термин?
Ние имаме рутина, ама сама не заспива ќерка ми. Ја заспивам јас врз мене легната со шшкање и тапкање по газето, ја држам 1 час, некогаш и малку подолго откако ќе заспие, па тек тогаш во креветче ја ставам. Сама нема да заспие никогаш, ни ден ни ноќ. Ни надвор во количка не заспива сама, ќе се мачи, ќе се врти, ќе вреска, ќе лиже се пред неа, ама да заспие без помош нема. Инаку ние сме 4 месеци и 1 недела, досега не сум ја почувствувала регресијата. Кога почнува, колку трае? Или индивидуално е?
Индивидуално е, кај нас почна една недела пред да направи 4 месеци и се манифестираше со станување навечер за јадење некогаш 1, некогаш 2 пати. Претходно спиеше цела ноќ. И малку повеќе е нервозна.