Не знам дали е регресија ако спиела цела вечер, па почнала еднаш да станува да цица и продолжува одма со спиење. Ама нас при крај на 4 ти така ни почна. Мислам е индивидуално. Пример 5 ти не фати од дата на раѓање и цело време немаше ден да не се буди цело време, цица и презаспива, ама пак.
Епа изгледа кај некои бебиња е поизразена кај некои помалку. Читав дека без исклучок сите бебиња ја поминуваат, ама демек тие што имале рутина полесно ја “пребродувале”. Ова од гугл, не знам колку е точно. Моево не се буди за јадење, ние сами на своја рака и даваме едно млеко во 3 за да не се разбуди со плачење, тоа во сон го пие.
Како бе сами жените порано биле? Со цела гарда фамилија околу нив, па и комшики кои ќе подадат некогаш ручек. Нека не ве лажат или да се прават пауни дека се сами правеле. Сега жената е повеќе сама отколку порано посебно надвор од местото на родителите. Мажот нема што да прави кога се сами, ако не помага еден човек кај ќе постигне. И денешните мажи и тогашните се производ на ситуацијата. Тогаш не морал да се замара, ќе се нашла дали мајка, дали свекрва, дали некој друг. И возраста, колку и да е субјективна. Колку помлад толку несозреан порано, па прво на пивце во кафана, жената и бебето нека се гледаат. Сега возраста на мажите кои стапуваат во брак е кога ги фаќа потреба за деца, семејство. Него, тие што порачувате ручеци дај пофалете од некаде, дајте идеа, сигурно ви се тестирани повеќе...
Потврдено дека мајка ми сама ме чувала мене, а сестра ми ја чувавме јас и мајка ми. Свекрва (баба ми) ексцентрична жена, си кажуваше сама дека неќе деца да чува, дедо ми знаеше да опне по некоја ракија па мама немала доверба, баба и дедо на мама родители во друг град плус вработени тогаш, помагале 2-3 пати месечно. Не сме живееле во заедница, така што сама во стан ме чувала. Инаку за ручеци, тие што нарачуваме ги праша, затоа ти реплицирав ама се заборавив Најчесто преку волт или корпа ќе нарачам па маж ми ќе го земе после работа да не плаќаме достава. Јужна пруга, ресторан сокак, малешевски мерак, кроко кујна, братски мерак, налеј, де гама, јоле… на тие ми текнува во моментот што сме земале, а ми било убаво.
За ручек, зависи од расположение или дали сум на работа или дома. Ако сум на работа, зимам често сендвичи од Brunch Cafe, сите ми се прсти да излижеш. Многу ми се блиску до канцеларија. За дома дефинитивно број еден избор е Форца. Паста (равиоли поготово), месо - сѐ е превкусно. Мене омилено од месо ми се бејби рибс и свинско филе, и бургерите се превкусни. Следна опција е Бабе рибниот во Лептокарија. Зависи што ни се јаде. Трета опција е Фотка. Пастрмајлијата им е врв, исто и се' друго од мени е вкусно. Кога зимаме локално, пешки да одиме секогаш е или Убац или Југ. Што и да е од тука нема промашувања.
Дали само јас го жалам и не му давам ништо да работи по дома дека иде сменски.. реално уште не знае каде седат бодињата а каде тренерките. Од кога е роден едно шише формула му нема направено (до 8 месеци се молзев исклучиво и навечер на секој 2 саати станував да се молзам а сега последниве 2 месеци е само на формула) нема измиено ни еднаш садови ниту еднаш не усисал. Готвење се на мене... Пазаревме заедно но сега почнав јас и да пазарам дека ми доаѓа како одмор. Ниту еднаш не го нахранил детето вика ќе се испрјале ти подобро знаеш. Едино што прави е што го успива и го занимава дур јас готвам и чистам. Но кога ве читам вас и вашите мажи колку се вредни мислам дека премногу го штедам и јас сум човек и покрај тоа што не идам на работа , реално не ми е мачно но некогаш ми доаѓа преку глава дека ќе си врзе во крпче дека тоа секогаш така ќе биде но му нагласив дека кога ќе се вработам очекувам поголема ангажираност.
Реално ти си невработена ама па до толку да не е инволвиран да не знае алиштата на детето как стојат, мислам не е во ред. Според мене го штедиш многу.
Запрашај се, дали ти кога ќе тргнеш на работа, ќе престанеш да бидеш мајка. Да си мајка, е работа. Дете да гледаш, да чистиш, да готвиш, па уште и пазариш. Колку работи се тоа во едно? Ослободете се од тие мисли дека ако таткото иде на работа, треба само тоа да го прави и ништо друго. И да се испрљаат додека јадат, ќе му џитнеш крпа, нека си исчисти. Молим лепо. Тоа што го гледа детето додека чистиш и готвиш, не дека лежиш, пак работиш. Немој да мислиш дека ако тој работи, ти помалце допринесуваш. Што го вртиш и ти треба да живееш. End of discussion.
Јас не работам ама мм е вклучен во скоро се дома и со дете. Машина научи да пушта, не му давам да спружа зошо ме нервира како ги фрла само алиштата иначе реди и мапина за садеви. После работа знам да му кажам до маркет да влезе ако зафалило нешто дома. Поголема месечна набавка правам јас зошо реално не знае што да ми купи ама ако треба нешто да се испазари за денес утре оди. Со детево се успиваа, пресоблекува, го хранеше до скоро сеа е у фаза само "мамаааа" и он сака ама дете не сака. Депилации, фризери он си го чува 90% од времето кога одам, ептен нешто ако не можам да се поклопам со слободни термини тогаш се тука мајка ми и свекрва ми. Да готви не знае ама да смучка нешто колку да не сме гладни знае, најдобар е у носење готова храна од надвор Во глобала јас сум цел ден дома со дете, можам и да пазарам и да одам сегде со него го влечам од 2 месеци со мене ама буквално сегде, мало кој беше транспортерот го ставав у количка за пазарење и пазаревме заедно, ама како растеше јадеше не зависеше од цицање почнуваа да се чуваат. Јас и најсигурна сум во мм да го оставам детево знам дека што ке кажам тоа ке биде. Вклучувај повеќе маж. Верувај треба саат два за себе.
Кај нас маж ми се прави јас со бебе највеќе. И он ја чува и се остало, ама домашни обврски он. Освен готвење, тоа јас. Он нарачува хаха. Ја дојам, па навечер нема потреба да го будам кога ќе стане да цица, што ќе му правам. Немав фатено да чистам дома од бременост, викендов ќере кенкаше и му реков ај земи прошетај ја ја ќе зачистам, луѓе, ја поубаво во живот не сум се осеќала, нирвана ми беше, уживав што чистев, сум го светнала станов абе стакло. Не ми се верува дека дојде време да уживам и да барам да чистам
Исто е и кај мене, он бил уморен ја сум цел ден дома ништо не правам, а бебе и дете од шест години имаме Глупи сме
@dead.flower23 Мајката не мора да работи за да се и се препише умор пошто реално ја има најтешката работа. Ти кога би работела на кого ќе кажеш уморна сум? Пошто нели тие само што одат на работа се уморни и не треба да се очекува ништо друго од нив. А реално има многу мајки што треба да одат на работа по 9 месеци и потоа дома продолжуваат со детето нели нормално. Ти не си ништо помалку, цел ден и ноќ се грижиш за детето и тоа може да се каже е потешко пошто многу пати ќе слушнеме дека на работа можеш и да се одмориш, а ти нема кога ти си главниот столб. Затоа треба мажот сам да има разбирање и да се вклучи, татко е исто колку што мајката е мајка. Многу ми е криво вака кога ќе прочитам, мајката жртвува се. А за што ги жалите? Кога би одела на работа и ти, тогаш што? Ако е лесно да се чуваат и израснат деца нека поседи тој дома наместо тебе и ќе види дали ти дома си лежиш по цел ден и си уживаш пошто нели дома си.
Пошто обично се жалам, ова е позитивен пост. Пренапорно е деца со помала разлика, ама и двајцата се пресмешни и слатки сега, едниот гуга и се кикоти, другиот му мери пива на татко и, формира дооооолги реченици и звучи смешно. Тоа само да кажам, додека не ме изнервирал некој. Се гледа доручек на време изеден.
Да напоменеме дека темата не е за барање неповикани совети. Алал ви на мажите, ама постојат и ,,бајовци", мажи во поспородилна депресија и мажи кои незнаат газот да си го избришат зошто мама им правела све со нејзини раце, А воедно и го наклукала со катаљон трауми поради кои синот е анкс и депресивен, мрзелив манипулант. И кога ќерето на таткото било у меше кај една напатена и изманипулирана душа, мајката на таткото кажала: ,,А, па ја сакав да е машко, тежок живот живее жената." А зошто живее тежок живот жената? Зошто една госпожа не си го издресирала својот син!
Последен пат ко извадив стомачни, маж ми не го извади и останав трудна. Сеа ми е страв да вадам пак стомачни, многу секси ќе му бидам пак ќе ме затрудни