Еве еден дооолг неповикан совет Прво не си го разбрала постот, пошто се извинуваш дека не се согласуваш, а членката го пишала истото што го пишуваш и ти. Второ, добро што дојде да ни објасниш како треба, оти ние вака глупички по малце не знаеме како треба да биде и што да правиме со животот.
Добро портпарол/адвокат на Мериел во сите теми Ќе излажам ако речев дека не очекував неповикана да ми прокоментираш. Глупи не ве нарекува никој, колку што знам темава е мајчински муабети и можам да пишам што сакам и кога сакам. Те молам одмини ме ако нешто се најде “пецната” од моите зборови. Ама немој да си саракстична и токсична. Фала ти, поздрав и секое добро.
Ајде сега и адвокат, потпарол, па и токсична на крај. Убаво што ме очекуваше да се пецнам на твоите зборови, и понатму да ме читаш во сите теми, и кога бранам други членки, можда и ќе научиш дека жена на жена ајкула сестро моја не е достојно. А јас секако ќе те одминувам. Фала ти, секое добро и на тебе.
Нема да чекаш многу ти па, до вечер пак ќе треснам нешто Ќерка ми како ме закопа сабајле. И викам Мама тебе те сака највеќе на цел свет. Тато ме сака до небото ми вика, тоа е повеќе Е не може, јас те сакам повеќе од татко ти
Јас ич не сакам кавги у темава затоа игнорирам. Иначе имам шо да си кажам Туку, какво виски сум му купила на маж ми, едвај чекам да посака да го отвориме Сексот после тоа сам ќе си дојде си викам
Чувам едно шише виски што ни го донесоа на стан уште кога бев бремена, ме потсети сега, не е отворено. Секоја вечер пијам чај пред спиење како бабе, оваа вечер ќе го отворам вискито петочки со маж. Добра идеја.
Мало чудле. Сакам само да го бацувам и душкам. Себично си го држам во раце, а тој ми се смешка со очи широко отворени. Си пркнува како пролетен ластар. Некогаш се чувствувам како да сите 3 бонбонки ми растат со брзнина на светлината и дека пропуштам многу од нив… и само тоа ми фали во животов. Времево да подзабави малку да можам доволно да ги впијам под кожа додека се уште мали. Никогаш не сум следела строги рутини. За разлика од нас кои уживаме во прокрастинација, бебињата баш и не ги одложуваат нивните потреби. Тие знаат точно кога им се јаде или спие и кенкаат или плачат или се раздразливи. Самите си прават свој ред. Ќерка ми заспиваше подоцна и се трудев околу неа да го подранам заспивањето оти знам колку е битен ноќниот сон за едно бебе. Момците сами си кенкаат за кревет околу 7 ипол. Маж ми ги средува и успива другите 2 најдоцна до 8 ипол и потоа имаме време и за нас. Единствено се водев со мотото да не им створувам непотребни навики од кои подоцна ќе треба да ги одвикнувам, а во ситуации се покажале доста тешки за одвикнување. Како цуцла на пример, или бел шум. Малово се буди често овие денови па ми фали сон, ама не се жалам. Не можев да добијам ништо подобро и да посакав поинаку. Знам дека ќе помине и ќе ми фали неодоливиот бебешки мирис, како и нивните лепливи прстиња насекаде. И еден ден пак ќе бидеме само јас и тој. Сега живееме во хаосот за кој тивко копнеевме низ долги бессони ноќи.
Човече постот е баш саркастичен... Зошто јебига, ама постојат такви мажи и вакви ситуации ко наведената. Ако маж ти се оправил после бебе, алал. Постојат секакви луѓе затоа и се водат дискусии. За да постои маж ко твојот треба да постои и маж ко мојот. Едноставно така функционира светот. За да имаш ти таква свекрва, некој треба да има ко мојата свекрва. За некои луѓе да роварат со системот и да се слободни птици треба да има и луѓе кои се предадени и робови на истиот. Животот не е фер, ама тоа е. Секој со својата среќа. Башка извини ама, мислиш јас не сум свесна каков сопатник сум избрала? Особено сега кога се отворија сите карти? Нормално дека ќе пробам да функционирам. Ако можеш биди поддршка и советувај за како треба да се чекори за да ни е полесен животот. Банални муабети како ,,Еј така не треба", се само матење вода. Сите знаеме како треба и е убаво, но не му се на секој наместени коцките. Јас сум среќна за тебе и за твоите постигнувања, твојот сопруг и твојата околина која ти е безусловна поддршка! Да се биде мајка не е лесно а воедно е и преголем благодет... Исто се заблагодарувам на универзумот за оваа прекрасна бебуфка, друго ништо не ми беше битно. Да не беше со мм, сама ќе ја гледав. Тоа беше решено. До толку ми прекурчи од нелуѓе на светов. Реално зборам. Продолжете со темата за секс, секое добро
Приклучи се мила, те молам Јас, Теа и Делфина сме ко манијаци на темава Имав еден другар шо викаше Ми се ебе , ми се плаче - Ќе си поплачам малку
Јас ко другар ти 36 та недела сум и страв ми е моментално да не направам некоја беља па ќе си чекам уште
Ааа вечер отвараме нова кутија дурекс, летна таа што ја планирав за до август . @DELFINA81 да се јави на каса ако може. Како да ви кажам дека мајкава е на одмор од понеделник и ако останат здрави двајцава до понеделник, САМА ЌЕ СЕДАМ ДОМА, САМААА
Испрати ги со шишо вино во рака како таа мајката кога ги испраќа на 1 ви септември во школо пресреќна хахах
Да те немаше ке требаше некој да те глуми. Алал да ти е на позитива шо убаво вртиш. Само на тема секс, јас освен некој виц, во моментов не знам. Една другарка викаше, за секс зборуваат само тие што го немаат. Ама јас си молчам мудро
Ја сум изненадена како имам желба на овој умор искрено па и со хормони од доење. Е сеа прилика потешко ама се наоѓа. Како да се швалерисуваме се осеќам Виното што го спомнав пред некојден со го отворив си ставив 100мл пошо немав пиено капка 11 месеци, леле луѓе си легнав подзамајана. Мора да почнам да билдам толеранција, еден аперол нема да можам да испијам цел летово.