Ја еден коктел испив, мислам дека три дена не можев да се домолзам и бебе да се доцица… што имаше не знам во коктелон, ама мислам мастит ќе фатев од толку млеко што ми надојде
Јас уште го памтам последниот пат во бременост лелелел колку беше неугодно. Ама не му признав зашо јас го напињав Шо убаво си пишуваш вака Па зашо ми е главна тема и си плачам цело време
Во првата имавме повеќе скоро до крај ,ама сеа јас кога можев он не можеше друг здравствен проблем ,па после он можеше јас бев со лежење ,сеа веќе може можам ама ми е страв ,првото се роди 37+6 ама се искомплицира кислород ваму таму никој не ми рекол дека може со односи да се наштетило ама бегај таму ќе си поплачам поарно А имам желба и тоа ненормална ама не не
Бебе, 38.5 Коксаки во најава Одмор сама за 10 години А ти Тео, Тео мори од секс Тео абер ќе се немало.... Карпошови вечери на поезијата 2025та
Од секс со мажот ќе видиме само генералка низ куќа вечерва. Лекција плус ич ама ич нема потреба од средување на куќа пред гости со деца да дојдат. Поголемо друштво собрано, повеќе деца, ај ќерка се изнаигра ама после сето тоа не се знае колку храна е по тепих залепена, боици на сите страни, лепенки, прсти... Се што сакате има низ собава. П.с цело попладне го искористивме за да чистиме пред да дојдат гости.
Чекај да сферам касата Секс имав пред два дена,ќе си начекаме пак ситуација,ај ај... До тогаш ќе си гледам порничи Спојлер Згоден градинар гол,облечен само во фармерки со прерамки, ,едната спуштена...испотен и капките пот се слеваат низ бицепс,трицепс,цицепс.. Со ножици крои огромен шимшир...класика нели? Ептен муабет за во мајчински
Нееее бе? Марфи ало, се слушаме? Виски требаше за вечерва. Јас се изнервирав за тебе значи. Тоа шо мојот спие ко трупче и ќе гледам од на Делфина порничите мање битно нели. Простено му е, изморен е денес @Miss_S И ти не знаеш... Врткај се околе него само, биди убава. Тој нека чисти
Отидовме со маж ми на К-15 концертот. Се мислевме до последно дали да го земем бебо со нас и антифони, или мајка ми да дојде... Ама втора смена на работа е овој месец, немаше како да стаса, два часа пат е до Скопје. На крај вујче-сервис го викнавме. Да го искористеме дури е дојден од Америка. Втор пат си доаѓа од кога е бебето родено, никогаш нема чувано бебе, ниту пелена сменето, ниту млеко да спреми или даде. Кога си дојдевме, мислам дека брат ми изгледаше како од борба да излезел. Се расоблекол по куси панталони и синдикалка. А толку е мирно нашево хахахха. Дома бомба како да паднало, на ТВ ечи музика бебешка. Како се врткал два пати формула да направи, пелена да смени, си пукнав од смеење. Од што огладнел и не знаел што да јаде од страв, зел чиа пудинг од фрижидер што имаше... Тој чиа нема помирисано во живот, го изел цел. Кога ми објаснуваше како ја успал. Па ми прати видео како ја врзал на релаксаторот. Каишките за на рамениците замотани околу бутовите. Немањето никој од најблиските во Скопје (или друг град за некој друг)е стварно next-level challenge за социјален живот на брачните другари. Со дете, веќе и излегувањето сами не е тоа тоа...
Дали и вие ја имате таа родителска заситеност? Викендот кога дојде, ми е Сѐ е двеста на саат, уште од утрото. Стануваат: "сакаам благо" и почнува нема, не може, па брза во кујна сам да земе, благото е тргнато на страна ама доволно е што треба 15 пати да повторам, и до вечер уште неколку такви барања. Заборавам, изумувам работи... Не знам... Немам дружба со возрасни, не одам на работа сѐ уште и сѐ гз преку глава ми доаѓа ментално
Да Фали дружба со возрасни, јас чим се видам со пријателка се приземјувам некако, па и во паркче на едно пивце, кафенце, сеедно... деца да се ваљаат... Ко нова сум. Инаку тоа е тоа што го викаат ,,у бубањот влезена си"...
Дремам уште од вчерашниот концерт на К15, Лејди и ја бев ептен фан како дете, фан факт, на Радио Валандово ме имаа викнато да го имитирам Миле Паника, ептен бев оригинална. Ако ти кажам уште некој факт за мене гарант ќе се сетиш на мене, ама ај мудро ќе молчам Од секс Маро мори абер да се немало е и кај нас моментално. Многу се поправив, не како пред да останам трудна кога ослабев, ама не е фино. Од понеделник почнувам со вежбање и програма, држте ми среќа. Јас не се поднесувам, не ми е убаво и крај. А и со маж сме на ратна нога. Многу мразам да чекам а тој е влечуга невидена. Јас сум секогаш спремна порано, на време да речам он со саати кака, па се спрема натенане, па менува каиши, кошули, чорапи... Тиха језа! Гледам времево убаво, се мислам да ставам малото во количка и до Сити мол да отидеме, имам еден ваучер, ако не му е поминат рокот да го искористам. Ама многу ми се спие, ептен. Ќе видам другарка ми дали ќе ја шминкам за свадба и ќе испланирам. Вечер секако сме на роденден па мора и со тоа да планирам. 2 саата ќе изгубам по плоштад чекајќи го големиот, ќе пијам кафе некаде ус книга, веројатно. Полни ми се аир подсот, книгата, кафе за носење и на некоја клупа на плоштад или кеј. Додека се гледа, после по продавници. А морам и да зачистам, колку сакаш работа, а мене Света Мрза денес. Знаете она коа телото ви спие уште? Епа тоа.
Кога сме кај секс маж ми синоќе ПРЕД СЕКС ми кажува виц: Се е*але баба и дедо и бабата почнала да кашла. Дедото и вика “не кашлај аман ми го вадиш овоата”. Можете да замислете што се случи на сред секс, нормално се искашлав И нормално не продолживме зашто саат време не можевме да се собереме од смеење
А е викееенд се знае што следи во темава мажот ми за се може да е уморен ама за хепи енд на денот НИКОГАШ не се жалам, не се фалам. Знаеме по месец дена да не се погледнеме, а знаеме да не се оделиме е така функционираме после бебе Свекор и свекрва ке идат странција ја уште сум у шок, не знам како да се понашам, мм лабав он навикнат да одат да доаѓаат. А бе 300 мисли низ глава ми поминуваат, тука се нели не си сам секако има некој да викнеш за не дај боже или било што. Пишав и претходно повеќе со нив сум ручала јас во оваа година одколку мм. Он излегува по ноќови, не сум сама знам дека има некој. Некако чудно се осеќам искрено. Толкаво куќиште јас во него со се дете и олус како што работи он сега Скопје, а бе ни за спиење нема да го дочекам. И му кажувам на мм тој ни едно ни две ми вели ај ти е гајле сеа ке шеташ гола по дома Детево од друга страна почна да има тантруми секој ден по едно 1000 за се нешто. И само мама знае ништо друго, јас знам да ставам сок татко му не, јас знам да облечам, наранам, заспијам, бањам, татко му ништо не знае. А до вчера се он тоа правеше. Залепен ми е ко никогаш до сега. А викав нареден месец после одмор ке го пуштам во градинка по малку, шипки вака ке го пуштам нема шанса да седи Домаќински муабет кога сум тука веќе правев стартер за леб. А бе недела дена му се клањав преку глава ми дојде, ама каков леб излезееее сеа имам да делам по комшии Што не кажав у 12 попладне, имајте убав ден
Морав да му го кажам вицов на маж ми. Кашлам откако сум породена. Ми вика "ете затоа немаме секс". Барем се смееме често.
Што да прави, нема избор. Ама кога се вративме дома, во 12 синоќа го фати патот за Валандово, а требаше да спие. Сигурно си кажа - Дај да си одам, и утре такви стресови да не ме тераат да имам. Се пресмејав и јас кога видов. Битно заврзена беше. Хахаха вицов. На таа тема, ние држиме просек еднаш дневно во последно време. Хахаха не ми текнува за на радио. Ама и јас и маж ми ги сакаме К-15, се изнасмеав вчера. Не знам уште која си, ако ми кажеш уште нешто сигурно ќе ми текне. Мислам дека нема човек што не го знам од градот, па и околни села. Ама ваљда не ме знаеш ни ти мене. Може ќе са запознајме некој пт.