Еве да пријавам, наместо романтична вечер да терам, јас добив вчера. 8 месеци немав добиено, сега редовно ми доаѓа. Како се викаше ова? Баксуз?
На 24дена, 24!!! Јас која имав циклуси на 34-38дена. Сега секогаш сум во ПМС. После бременоста циклусов ми е швајцарски саат. Се изнаплакав сабајле на видео на инстаграм луѓе, 2 секунди беше виедото јас рикав.. толку од мене и циклусов.
Марфи сестро, Марфи..... Да не биде само за секс пишувам во темава, бебе синоќа ни наплати за цела недела што се преспавме. Го намачи коксакиво, офка цела ноќ. Не е нафрлан многу ама температура 38.5 цело време. Вчера прооде, си прошета по цела дневна . Изледа и тоа правеше во сон, зашто ни стоеше над глава . Од сабајле сум направила една мусака, едно болоњезе, сум пуштила 2 перални и 2 сушари, од кај ми е енергијава, еве не знам. Да дојде маж со дада, па да бапнеме една шопска со две ракии, треба да се преживее до вечер. Мајкава последните денови одмор од 2024та ќе си ги користи неделава за чување болно бебе. Ќе одморам за 10 год, можда. Убава недела
Синко заспива околу 21 часот ама нели сега влето Скопје до 20 не се излегува од жешко. Како правите дали менувате рутина?
Kje si spie vo količka(ja novorodenče imav vo avgust proplata godina, a letoto beše pekol, ja banjav, hranev, i u količka, posle prefrlanje u krevetče, mada bebe na dva saati se budeše, pogolemata mi e januari i leto vaka si oravevme)
Моето 7 заспива, никако да помести, пробав и надвор тој период околу 5 ипол да ја шетам за да дремне ама не се предава Ова лето шетање само од сабајле изгледа
Седни на телефон, скролај неколку саати и утре обвинувај се зошто не си била попродуктивна кога си имала златна шанса. Јас си се тешам дека сум уствари продуктивна пошто ја чекам машината да испере. Duh.
Јас нема да и менувам рутина. Ќе шетам од сабајле до 10 или 11 колку што можам. Сто пати се премислив на оваа тема, тешко ќе ми биде затворена дома, ама ми е страв ако и сменам дека нема да ми спие, скроз различно ми е од досегашната рутина тоа, а спиењето ми е една од најважните работи што ме држи психички.
Ја се кријам моментално во ќош со ајкосот, Настја иде на тв и ја чекам да се одјави. Маж успива бебе. Убаво си се понашаш со вискито, тоа е планот и кај мене Едит: одјавена
До сега не сум менувала. Во 8 еден круг и во 9 дома, туш и кревет. Евентуално ако поспие сабајле некој ден, па цел ден распоредот го поместувам 30мин-1ч, ама обично следното сабајле пак ќе си стане во 7, или ќе мора да станеме да ја носам големата во градинка, и пак се враќаме како што си било. Топло или ладно, редот пак си го држам.
Јас не мислам за мој кеф да и мењам рутина. За мене дете треба рано да спие, тоа што ни страда социјалниот живот иде бонус со раѓањето Шетање сабајле после будење, прва дремка надвор, после вечер ако има услови околу 7 еден круг и 8 кревет. Со маж ми пијачка на тераса откако ќе заспие. Едвај чекав да свикне со рутината и рано да заспива, се намачив сега не ја местам за 3 месеца.
Не менував ништо. Моите заспиваа рано како бебиња, 7:30 беа заспани, не шетавме навечер, само наутро. Не менував ништо, оти и мала отстапка од рутината цел ден ми го пореметуваше. И ден денес си имаат ред, само што релативно покасно легнуваат, ама не седат до доцна будни, не го дозволувам тоа, иако еве, големиот син е веќе тинејџер.
еве ме моментално стојам на врата пред спална и ја игнорирам за да смирам живци. 50 минути на цицка и не заспа. уште 15 ја гушкав и лулав со цуцла и пак не заспа. мајко мила четврти скок ли е или детево уште сега ми тестира граници. п.с. веќе неколку вечери по ред цица по 50 минути дури да заспие.
Која недела сте по термин? Пробај земи ја на тебе со мешето, нозете подраширени, со цуцла во муце и тапкај нежно по газето, може и да шшкаш. Ама не го прави тоа нервозна, жими се можам да се заколнам дека осеќаат. Најнервозна кога сум била најтешко ми заспивала и најмногу плачела (и јас со неа). Излези на тераса издувај се 10-15 минути и после пробај пак.
ЗНАЧИ НЕ МИ СЕ ВЕРУВА САМА ЗАСПА ЗЕЕЈЌИ ВО ЗАВЕСАТА, прво со отворени очи, па ги затвори Дефинитивно осеќаат, затоа станав од спална и само ја гледав од далеку и си пишав тука да се пожалам Инаку ептен сме во скок, ја имам и Wonder Weeks само не знам дали дремењево на цицка е поради него или нешто друго, зошто исто не сака да оди кај никој друг деновиве освен кај мене и татко и - дури и него не го мириса некогаш
@Tea SK лесни чекорчиња, и брзо да го откачите коксакито. @Carolin. Дури не добив минатиот месец мислев во пмс сум цело време. Овој пат 1 недела ме држеше, што во мојов случај е напредок.