11 и 1 недела. Понапреден во моторика од дада му, таа тек на 14 прооде. Фала ви на сите . Коксакито ни помина ама ќе си поседи малку дома, да ојача.
Мајки метеопати и со мигрени, како се справувате со периодов и времево? Преку еден ден сум ужас, не сум способна да го чувам детето од што ми е тежина. Буквално се правам со сила, немам енергија за интеракција и страшно се нервирам поради тоа. Со мигрена сум пола живот, додека бев бремена магично ми исчезна и сега ми се врати пак. Ај додека немав дете се случуваше да излезам од работа тој ден, да се затворам во темно и да спијам, ладен туш, друго е. Ама сега огромна обврска што морам пред себе да ја ставам, а на секој пола саат се истурам од повраќање. И притисокот ми остана низок од бременоста досега еве уште. Кафе, апчиња, кока кола, солено не ми помага. Едвај чекав да дојде маж ми да ја земе малку да затворам очи. Се осеќам како најлоша мајка на светот во вакви денови кога не можам ништо да и зборам и секој плач нејзин ми удира во глава уште толку.
@baguf4e си пробала да ги ставиш стапалата во леген со жешка вода? Некаде слушнав дека помага за мигрена.
Само тоа е спас, верувај. Ќе ти биде криво зошто порано не си ставила. Не знам ниту еден каде што не делувал, а имам многу блиски што ставиле и се препородиле
Може совет каде е безбедно, мислам кој салон? Го заборавив името што ми излегуваше еден период на реклама. Еве 20ч дојде, се скинав од повраќање уште. И дете ме осеќа дека не сум во ред, нервозна и таа е од мене, многу ми е жал за неа. Се исплакав за сите пари. Цела десна страна ми е како укочена, око, слепоочница, врат… ако стварно викате дека помага уште утре ќе одам.
Bling bling во ГТЦ во пролазот (златарска уличка) е едното. За другото праќам линк, тату студио https://www.facebook.com/share/1BrSc5E6yA/?mibextid=wwXIfr
А добро мигренозниве болки ве фаќаат на една половина од главата? Мене во последниве 7-8 години ми се појавија, помлада немав толку изразено. Ама како што имав болки првиот триместар трудна, никад друг пат… Ама мене цела глава ме боли, и лева и десна страна. Ми се чини да ја извадам, да ја искорнам од рамења помалку ќе ме боли отколку мигренава…
Во бременост ниеднаш немав мигрена како магија. Се породив и се врати назад. Инаку првпат ми се појави на 23 години, сега сум 30. За симптоми и болка секогаш различно. Некогаш осеќам од претходниот ден дека наредниот ќе имам, некогаш едноставно се будам со неа и не прекинува цел ден со ниеден метод. Кај мене боли цела глава и врат, ама најизразено ја осеќам во десната половина и десното око. Малку и како замижано ми е тогаш и ми солзи цел ден, ми се причинуваат работи како круг што се шири ако се загледам во точка.
Мене ми помага кафетин ама ако се напијам у истата секунда кога ќе осетам дека иде, ако не 3 дена ме боли и додека спијам и ништо не помага, никакво апче. Имам секој месец пред добивање а знае некогаш и некој мирис да ја тригерира. Немам совет, ако најдеш чаре пиши