Тоа чекај,накај петок таа тема. Него јас оставив децата во градинка и сега си пијам во кафиќ кафе сама.. И дома кога ќе си идам штамааааа,ќе одморам малку.. П.С. може и некој порнич.
Еег со депривација од сон. Мораш да спиеш длабоко додека ти се извршува процедурата. Обично се прави сабајле, а се советува претходната вечер да не спиеш цела ноќ за да заспиеш брзо за време на еег. Посензитивна процедура е од обично еег, може да открие повеќе мозочни активности.
Не. Си згрешила темата, кај ќе најдеш домаќинка овде Лесни чекорчиња на пилињата а на тебе со среќа добивање манекенска фигура од трчање по 6 ноџиња. Види ја бе, еднаш начекала Сама да биде и на порничи ќе се фрла. Делфиноооо, кој ќе готви домаќинко една Кочо Рацин - Бели мугри објектот е до 6. Ама ко шо вика Спајди, ќе ти набиваат грижа на совест дека седи само со чистачките. Немаш ли опција да си одиш саат порано? Не знам таму до колку години нели законски можеше таква пауза да користиш.
Гледам јас дека ниедна не напиша рецепт,немаа доманќинл'к тукаа,немааа Има време и за готвење,чекај сега баш на најубавото се,да видам дали ќе се земат на крајот.
Тој им е периодот за да истражуваат и да поместуваат граници. Многу трпение, и објаснување. Знам дека е тешко, ама проаѓа. И воопшто не се обвинувај, не е до тебе што е детето такво. Еве сама велиш свекрва ти престрого го држи, не знам што е тоа престрого и како го постигнува тоа, ама имај на ум дека ако цел ден он е стегнат ко ќе дојдеш ти најмногу се опушта. Со нас се нај свои да речам. И нормално е да прави вакви работи, и бесен да е, и да не сака да се пресоблекува, и да има тантруми и се. Дете е. Некогаш треба тоа да си го повторуваме само, дека се деца и дека некогаш премногу очекуваме од нив. Не си ставај тежина само.
Здраво мајки Периодов имам чувство како многу фази да се завршени кај децава, а тек што ли не чека. Играчките конечно завршија во детска и успешно таму се игра и се враќаат цел месец. Сега не можам да се навикнам на празна дневна. Чудно ми е што не стапнувам на коцка или некое делче пластично. Децава растат со брзина на светлината. Кога ќе ми речат леле колку мала разлика се, си викам таман се. Пак се исто би направила. Се сакаат, се закачаат и обавезно се бараат еден со друг. Вака да се сложни цел живот, мојата мисија на светов е исполнета. Одмор резервиран, ќе се оди крај на јуни, прв пат организирано со уште два пара со по две мали деца. Забава до бесвест. Низ годините научив да одам со очекувања 0 за да не се нервирам кога ќе почнат да пиштат за глупости. Од најтазе глупости е што големиот батко успешно пребега со другар до булевар. Животот ни го скрати за добри 10 години. Од пред очи се шмугнаа и кога успеаа до таму да стигнат не ми е јасно. Има пат што треба да се помине, ама Господ ги чувал дур ги најдеме. Дома не можев да се соберам од плачење, што се можело да се случи за секунда, од изведување. Ем е доволно голем да знае дека не треба, ем уште е зелка за да пробува дали нешто може сам. @Tea SK лесни чекорчиња на баткото, светот да го помине Ве поздравувам
Ти благодарам мајка.. баш така 2 дена сум крш од мака. Па така не тоа не таму не фаќај не трчај не плачи не може да дојдеш во кујна и сè тоа го почитува нема плачење само си оди и си игра сам со играчки на дозволено место и после мислам дека експлодира цела непотрошена енергија врз мене
Дете и треба да фаќа, истражува, оди и во кујна, шета. Се е тоа нормално. Ако е преку ден скратен од се тоа нормално е со тебе да е по пргав. Дозволувај му колку можеш, до кај ти се границите и до кај е безбедно. Ко ќе претера, одвлекувај внимание и објаснувај, зборувај. И да има тантрум во ред е. Ќе помине, ќе се исплаче, ќе се гушнете после тоа, ќе се објасните. Не сакам да звучам како лесно да е, зошто знам дека не е. И јас избувнувам, и ќе повишам тон, и ќе си поплачам и јас некогаш со неа, и криво ќе ми е и мене за тоа како сум изреагирала некогаш. Ама се е тоа ок. Балансираме колку можеме и се трудиме. Сите сме таму, не се грижи ❤️
Значи не, не е лигав, ни разгален, ниту не е твоја вина што е таков. Сите деца се бајчиња со други луѓе, со мајката се најслободни, комфорна зона каде што се осеќаат најсигурно и прават се' што сакаат, меѓу другото тестираат граници. И ова е период кој мора да помине, само да не си дозволиш да отстапиш од авторитетот и границите што си ги поставила. Ќе порасне, ќе смени однесување, сите така растат. Мора да ја поминат таа фаза.
Јас пред 6 години "Аман од мајкичкиве, градинка завршило само детето, боже сачувај со срцепарателниве текстови и слики. " Јас денес... Денес ми е bittersweet цел ден. Ја гледам како рецитира, јасно, гласно со почитување на интерпукциски знаци како што учевме и сум пресреќна. Ја гледам како игра и сум пресреќна. И го слушам говорот на учителките и ми се собираат солзи во очи. Дури и капи фрлаа, дури и аламанаси им поделија. Ќе рече некој глупост, до лани јас викав глупост. Ама заврши едно поглавје, нема веќе така невина, детска безгрижност. Ја гледам не е бебе, цела девојка со карактер е веќе, сочувствителна, емоционална, емпатична. Прваче едно вредно како што почнав да ја викам. Тешка сум на промени. Кога порасна детево? Не го видов доволно. Му викам на маж ми, ај уште едно имаме да игра и рецитира на завршна приредба во истава сала. И тогаш сигурно ќе плачам.
Neka trckaat malite i ti zgodna majka po niv Za postapalki mng sakam domashni ama rp nemam. Moevo uste ne e proodeno, tek 10 meseci ke pravi Malku nezgodno mi e, nit imam domakinski recept nit drugovo Ama si davam uste fora za vtorava opcija.
Благодарам. Кажи ми колку парчиња излегуваат одприлика од оваа доза? @LiquidLuna видеш дека има и домаќинки...огледај се на трагедија.
Дали ти солзи само едното око ? Дали болката е неподнослива, остра како ''бушење''? Дали болката е поподнослива кога се движиш или кога лежиш? Дали се смирува во темна просторија, да одмараш и со аналгетици? Дали е во периоди како напади па малку прекинува па пак напад на силна главоболка ? Потење во предел на лицето, челото ? Отекување на делото од окото кај трепките? Дали ти е дијагностицирана мигрена? Ова што го опиша може да е мигрена со аура ама може да е и кластер главоболка. Ако се подобрува болката при движење, око што солзи, остра болка придружена со затнат нос или нос што тече и не помагаат аналгетици се работи за кластер. Кислород е терапијата на овој тип на главоболка.
Е сеа ме погоди... Не знам 2021 ва ми се правени и толку ама убав вкус имаа како бисквитки. Не знам зошто не ми текнало да ги направам пак секако ќерка ми сеа во тој филм е колачи со калапи да прави
И јас сакав да и пишам на членката, можно е да е кластер која како болест не е мн позната кај нас и се меша со мигрена. Јас ја имам, точно кислород помага ама јас пиев и 1 апчиња мислам беа номигрен ама не сум сигурна пред 4 год ова. Препорака од психијатар мене ми беа затоа што никој др не ми даде дијагноза. Ко за чудо после бременоста мн ретко ме фаќа. Боли само 1 страна и често солзи окото.
https://kajgana.com/najdobriot-recept-za-novogodishni-puter-kolachina Овие ги правам јас ќе прикачам и слики како ги украсувам со фондан ептен е лесно. Тестото е малку чудно тврдо да знаеш јас го оставам подолго во фрижидер. И не, не сум толку домаќинка само сум скржава (егејка) и се правам дома Лесни чекорчиња
И така чекајќи и броејќи ги неделите кога ќе заврши 4 тиот скок, наместо да биде подобро еве крајнава недела уште поинтензивна стана со станувањето навечер скоро на секој саат или саат и пол. Немаме време ни да презаспиеме што се вика. И на почетокот не ми беше проблем да заспијам после неа ама сега се расонувам и дремам како мисир. Оваа вечер беше така забавна и сабајлево уште укакана до грб тамам да се расониме. Мене ми изгледа дека ова нема крај. Сега гледам и каква ми е маицава што ја носам, косава исто така дискутабилна. Помооош