И јас гледам кај да му ја дувнеме хахаха се мислам Солун, штознам. А маж ми Берово се запнал да идеме..
А кај у Берово? Дај идеа да се фрлиме и ние некаде Недела ќе одиме за Врање ваљда, ама малку ми е на ден
Леле , и ние ќе одиме Берово. Само не знам дали викендов или здравје Јуни. За мали дечиња и бебиња е многу убаво заради чистиот воздух, па и за нас богами.
Бевме еднаш ќере кога немаше ни 2 години, тежок фејл. Тоа трчаше на сите страни ко мува без глава, 4 возрасни не можевме да ја оправиме Сеа барам ливади само
Апартмани Моменто, многу убави, чисти нови, детево се мислам таму се фати кога бевме А со друштво сеа есенва имаме одено во Вила Калаџијски така нешто тоа е две куќи пред моменто широко поле за деца На езерото се одма на раскрсницата за аурора.
Ловен дом скроз препорачувам со мали деца. Ем да се изнатрча место ем животни ако сака да ги гледа, ем е подалеку од цивилизација да не смета на никој и да може да ака по планината.
Да си јадете ушите сите! Ај што праите лиги за секс сеа па и кавги у брак ќе ми напраите! Наместо генералки и кречење по дома јас видов од вас за шетање за продужен викенд и сеа пуштам водичка на маж ми, идам така одоколу ко киша око Крагуевца Кој ми е крив што ве читам...
Ние два викенда по ред идеме прво Охрид дека таму имаме стан после другиот викенд Делчево дека мм е потекло од таму има баба дедо ама детево почна излеа мака да има по пат еднас заборавив да му дадам ноусолвит капките и поврати 2 3 пати по кривини кај што имаше кого ги пие пола саат пред пат нема за Делчево и цел пат го преспа ама таму лудило има фаза некоја не застануе и нас не мкне ако не е по негово пишти више не ми се ни иде дур е ваков преморуење ми беа последниве путоој а јули ке прави 2 години
Ех како е мерачки да ве читам, секс и продолжен викенд, деца што спијат. Има живот и за нас мајките Или барем надеж дека ќе дојде таков живот Морав да ве пофалам Кога веќе фатив да пишам ај. Ние со вирусчиња уште дома си дремеме, мислев наивно ќе дојде пролет и нема да е веќе болна, мај ес. Сакав и јас да шетаме али не можам да планирам нешто додека е детево со температура, можда нешто у последен момент ќе измислиме. Ама да ме држат живците само како до сега, ќе пројде и ова без премногу стрес. Се трудам на шала и игра да ги вртам тантрумите, а ги има богами дооооста. Ме секира што не збори многу, почна многу рано да кажува зборови и си мислев кој знае колку ќе збори до сега. Ама мноогу споро и бавно оди, во неделата 1-2 нови зборчиња кажува, далеку од сврзување 2 збора. Бои поима нема, не сака да седи да читаме, сака да се качува на полицата за книги, на стол, на маса, на глава. И тоа е, не форсирам, кажи ова, кажи она, речи вода за да ти дадам вода. Можда тоа ми е грешката што сум прелабава? Знам дека не треба да споредуваме да, али помало комшиче од неа ќе те продаде што се вика, вика пред книжарата мама таа портокаловата книга ја немам, купи. Не знам дали е можно да е толку искулиран човек па да не се запраша.
Значи ако идете во Берово, обавезно јадење во Ловен дом. Најбоље храна што сум ја пробала во задниве 5 год. Свинска коленица, аууууу лиги ми потекоа сега кога ми текна....
Го известив дека ќе одиме за Берово, сакал да го разгледа вечер. Ај ок. Ми се умилкува дека имам земено плата, а има истрошено цели 150€ за кредит. Абе болен легна дека кредит зема ко мислиш милион€ дужи на Комерцијална. Кожувче и јас се трипав зашо не збори, сеа не можам да ја затнам. Јас си дадов "рок" до 2ипол години. На 2г и 4мес почна да сврзува реченици од по 4 збора јасно и гласно. Дај и време. И мојата не бои иначе, нема концентрација. Ама затоа пентарење махер и ден денес. Од раѓање
Од кога се породив (царски со спинална) менструациите ми се проследени со многу силни болки во кичма и нозе. Ова последица на анестезијата ли е?
Станата во 5.15, нозете ми пулсираат колку ме болат. После работа дете на полагање нижо музичко, низ центар наваму натаму и дома. Дома со малово расправање, едвај чекам кревет да видам. Шо секс?
Ајде во родното ни место на фестивал. Сега стасавме, окапев веќе од возење, пакување, распакување... Секој викенд акнати. Отприлика на секој 7ми викенд дали се паѓа дома да сме си за викенд... Колички, работи за бебе, за нас. Неделава имав уште едно бебе дома - брат ми. Правеше операција, и негувател му бев... Со маж ми сме на диета, со две торби полни со храна и дојдов на мајка ми. Се прекрсти жената. Ама ако не си дојдеме така, ни диета ни ништо нема да се види. Само готви по цел ден мама, и еклеро и трилече секое идење наше прави... И како на диета после. Нешто зачестив со вежбање, ама стомакот ми е ептен за никаде од царскиот... Како ќе го вратам не знам, некако ептен тешка мисија ми изгледа... Прва вечер ќе спијам без маж ми од кога е бебе родено. Може звучи глупо и детски, ама ми фали времето како деца кога спиевме во иста детска со брат ми. Ми фали чувството кога ќе се разбудам и на другата страна од соба брат ми да спие..И така решив вечерва да си спијам во детска со брат ми, и плус бебе како latest upgrade.