Добро прашање па и тоа кредитите што ги враќаат, се осеќам ко да сум ги заебала, а уствари они ме заебуваат зошто ме тераат да порачам
Спас, да не оставаш пари на картичка Јас уште немам порачано ништо ама кошницата пука, не знам кога ќе го сефтосам, пробам да се убедам самата себе дека тему е нехуман сајт, се лажам… Продолжен викенд ќе не поплави, дали ќе правиме нешто, веројатно не, како и секој викенд Ќе идеме до парк, може на некоја дружба…мм работи викенди, јас исто. Само недела сум слободна и исто ко да немам викенд. Секако сме без кола и немаме начин да шетаме. Искрено како годинава што се осеќам сиромашно, одамна не сум се осеќала, за ништо не ми стигнуваат пари и се прашувам кога ќе заврши…еднаш мм да заврши со сите прегледи и да фаќа магла странство, ќе дишам пак. Моментално, крпен живот. Само за дете има и толку. Ќе помине ли? Многу голем страв имам во мене ид сиромаштија, искрено. Многу оскудно растевме и иако моите се трудеа да имаме скоро се, сфаќам дека сме имале многу малку, па сега тоа ми е најголем страв дека ќе ми помине животот само во работење за преживување и дека ќе немам доволно за ништо. Дека нема да го прекинам кругот. Трауми од детството.
Многу сакав да дојдеме и планот беше дури да ги земам и деновите од стар одмор и да дојдеме со деци, ама ништо од планот. Утре свадба имаме на блиски, денес јас преглед 5г одложуван. Не иде никако. И јас имам големи трауми од сиромаштија, од крпен живот, затоа а видам малку парички сакам се да им купам, се да им дадам. Тоа е. Не знам, се осеќам многу лошо кога немам пари. Затоа работам ко идиот во општинана зошто тоа моментално ми пружа сигурност, стабилност и каква таква редовна плата. Мм има топ плата, па полека искачаме од калта. Мојата е џапарац за неговата искрено. Мора да се работи, тоа е, нема друго. Планот ми беше да станам, да извежбам, да се истуширам и да одам на преглед, ама јок, ќе го направам тоа попосле, сега само туш и на преглед. Надвор врне и не е баш за со мирна коса да искачам. Да пуштам машините да вртат, па да земам да спремам нешто доручек. Убав ден!
Не земаме којзнае колку ама сакам се да има ќерка, некогаш дури и непотребни работи купуваме баш од тоа да има се. Како што расте се почесто се запирам со купување алишта/играчки баш ради причина кога ќе спакувам затоа што не игра повеќе или алишта што се смалиле, а не сме ги облекле или ги искористила еднаш, сфаќам дека многу пари џабе сме дале. Во мојата замисла пример беше да ја земеме дрвената играчка како продавница од Стокомак, не е премногу пари. Па демек, ќе си игра пазарење, па со количка со кујната нејзина да готви, па не знам што. Реалноста е дека на 2 години, нема толку имагинација да го прави нештото, уште еден реквизит би бил што месеци/години ќе ни фаќа место во соба. Плус со сите потребни работи понатаму што треба да и ги обезбедиме почнувајќи од нејзина соба, па се останато стварно се повеќе гледам дека е побитно да имаме настрана пари, отколку трошење на се и сешто. Од Тему си порачуваме, ама и тоа планирам да се намали само на декорации за роденден и такви работи, без непотребно давање за ситници.
На тема штедење, и јас и сопругот сме со исто размислување и секогаш дел од платата тргаме на страна. Никогаш не сме се оставиле без пари на крај на месец или пак да немаме нешто на страна. Сега откако имаме бебе трошоците се поголеми но пак тераме на ист начин. Сите пари што ги доби она и ги ставивме на штедна и секој месец одредена сума уплаќаме таму и ние, сакам кога ќе порасне да си има дали за кола или пак за школување во странство. Времево викендов не се погоди ич а вчера баш убав и топол ден. Бебе се разбуди 6 и 15, сега си тера прва дремка а мене очиве ми паѓаат мислам Убав викенд на сите
Откако живеев во Полска пола година и не ми се исплатеше да вадам пари од картица, се научив, и јас кеш не знам што е. Да ме истресеш 5 пари нема да паднат. Јас не можам да се пожалам за како сум растена, ама моите особено татко ми ич не купуваа непотребни работи. И како мала тоа мн ме фрустрираше, ама сега кога го гледам колку има заштедено и плус како паметно ги инвестира се стремам да сум како него. Ама од друга страна, прво дете, пуста желба. Се имам од сестра ми, јас ново купувам и после се нервирам. Се надевам дека ќе ми помине таа желба за материјални добра
И јас не бев научена со кеш оти 5г живеев во Лондон, ама кога се вратив и кога сфатив дека со картичка во мојот град не правам ништо, почнав да ги вадам парите и така се сецнувам да не трошам онлајн за глупости. Инаку и јас не му купувам многу материјални работи, оти не му требаат, фокусирана сум да ги трошам парите на искуства и добра храна моментално и се нервирам што за тоа не стигнуваат. Ама со оглед на тоа колку турбулентна година имавме здраствено и колку пари за прегледи терапии и лекови се издадоа, нејкам да се жалам оти за здравје барем имавме, за друго ќе се оправи маж ми, ќе се вратиме пак во странство и ќе имаме пак, само ми е тешко да живеам моментално со помалку финансии од што се навикнавме годините наназад. За штедење се согласувам, и ние тргавме од платите цело време, со таа заштеда кога најмногу ни требаа успеавме да тераме 1 год без да работиме, ама со платите кои ги имаме моментално штедење е неизводливо. Ама ако пак ќе кажам, да ја минеме годината здравствено добри, па пари пак ќе печалиме. Моите…се трудеа, имаше периоди кога имавме, имаше периоди кога немавме ич. Млади земени и цел живот сами борење за се…толку можеле толку дале, не ги обвинувам, желни не бевме за ништо освен за одмори и прошетки, ама пак тоа го компензираа со излети во природа и планина од кои имам многу спомени и толку сум вљубена во природата. Сега пак компензираат за тогаш и на син ми уште од пиле млеко му немаат купено, се што сака има од нив, на нас многупати ни помигнале и нема шанси да ме одбијат за нешто, а на крај тоа е битно. Денес одиме на село сепак, сами со детето, мм нека одмори малце, цела недела го чува па оди на работа, спие станува пак со него па директ трета…нека биде ден за него денес, ние ќе се подружиме.
Е, иста е и мојата со пентарење. А сите ми зборат еј девојче е, ќе седи мирна. Како да не Фала богу и јас не ја учам дека нешто „треба“ пошо е женско. Фала на охрабрувањето
Го убив од барање рецептот по кој правев и запче и стапалце. Нема утка излегуваат многу плус има и рецепт за ројал ајсинг од горе. Се надевам уште ти треба https://www.butfirstcookies.com/home/tutorials/foolproof-sugar-cookies/
Преморена сум. Ми фали да поминам време со мм. Ми фали да не ми е постојано паметот кај син ми кога ќе останам сама со мм на 20 минути. Ми фали да не осеќам константен хроничен стрес. Не знам зошто, златно ми е бебенцето, ама толку сум исплашена и осамена. Немаме пензионери на помош а и кога ни помагаат осеќам несигурност, дека и они сега се учат, не знаат што да прават со бебето, едните паничат ако заплаче, другите не се ни толку заинтересирани… и немам на кој да се потпрам 100% дури ни со мм не можам да го оставам скроз сам повеќе од саат време зошто мислам дека никој не знае и не може да го смири. Немам доверба во никој. Можеби звучи неосновано ама ете никој не ми го кажал она, уживај, одмори, поспиј или излези. Дека има кој да се погрижи за него. Напротив, им го гледам стравот кога ќе го оставам на кратко или кога ќе заплаче. И како после да го оставам спокојно, како да одморам? Се чувствувам многу чудно, во грч… ех, да се олеснам малку.
Буквално исто како јас да сум го пишала, те разбирам скроз. Се тешам ќе пркне бебе па некои работи ќе дојдат на свое
Не знам за други ама веќе депресија ме фаќа од времево. Скоро пола година помина, никако јакни да приберам, алишта на долги. За ќерка купивме плус доби еден куп летни алишта, како тргнало или ќе останат нови или ќе треба 3 пати на ден да се преслекува само да речам износени се, колку толку. Ова под услов некогаш да затопли. И бидејќи депресивен ден денес, плус сами со ќерка, и пред Тв ќе поседиме, и ручек не спремам, ќе порачам некоја скара. Економични сме, со една порција за двете . И да дете е фасцинирано од сладолед. Кај има уште вика.
Јас три големи кутии нова облека необлечена од бебево донирав во СОС Детско село. Се јавив, ми рекоа дека имаат потреба. Ако немаш што да им правиш, јави се и ќе ти кажат кое име и број да ставиш на пратките. Ем нема да се плетка по дома вишок облека, ем некој друг ќе ја носи, ќе се искористи.
ај јас пак да ја отворам темата за свекрви, да се издишам малку де во овој тумрен ден. едит: извинете за романот подолу, ама така ми дојде имаме камп во грција и имам можност покрај одморот што ќе одиме заедно со мм во август, во јуни да отидам и една недела со моите и бебка. притоа покрај таа една недела таму планирам да седам и уште две кај моите на село. од мм немам никаков проблем, иако со него би се погодиле само десетина дена да сме заедно во село а во грција не, дури и он инсистира да одам, што за мене повеќе и за бебка за да дише морски водух, да бидеме надвор во двор повеќе, ама јас будала чувствувам грижа на совест заради овој план заради свекрвата. зошто? затоа што они ќе идат на одмор блиску до кампот ама ние тој период не планираме да одиме за грција. е добивме коментар дека не би било лошо така да испланираме. второ исто добив коментар дека моите повеќе ја гледале бебка, затоа што во овие 4 месеци откако е родена веќе еднаш бев на 3 недели кај нив, а они иако сме биле во ист град ја гледале еднаш неделно по еден саат. е сеа они тоа што не го разбираат е дека јас кога седам кај моите они се на работа, и додека да се вратат, да ручаме, да одморат зошто сепак се луѓе во години и они не ја гледаат којзнае колку во денот. со нив пак се гледаме толку од една причина што мм смета дека треба да е толку (и јас нема да се мешам), ама и затоа што нема лезет со нив, не се осеќаме како да сме со домашни туку со гости. кога доаѓаат кај нас сами си одат за брзо за да не ни сметале или кујзнае што им се вртело во глава (технички седат точно еден буден прозор), а кога одиме кај нив нас не ни се седи подолго затоа што ја нема таа опуштена атмосфера како кај моите кои ако се уморни ќе си прилегнат, ако имаат нешто работа ќе ја завршат, туку мора они секоја секунда да ја гледаат и држат бебка (кај моите кога сум ја гледаат и како сама си игра на земја и сл.) и не сакаме да им седиме долго зошто знаеме дека и на нив им треба време и да си одморат почесто во денот, затоа што они се и постари од моите а и плус свекрва ми е шеќераш. плус да го ставам фактот тука дека според нив бебка НЕ СМЕЕ да плаче и се прави тензија ако она заплаче (а искрено ја обожавам, преретко плаче, или е со причина спиење/јадење). и така, на крај ќе отидам и кај моите и во грција, особено зошто ја имам и поддршката и куражот од мм, ама имам некое чувство во себе што не ми дава мир да уживам во ова заради нив (особено свекрвата зошто она е таа што дава коментари, свекорот и да ги мисли нема никогаш да каже ништо)
Знам дека пиша да ти олесни ама штом маж ти не им се замара, ти вооошто не треба да им се замараш. Нека зборат они, ти свиркај си. Терај како ти одговара, јас камп да имав цело лето таму ќе бев со се дете.
Прво патување преку граница со бебе можам да пишам успешно. Успеавме 4 дена да прошетаме, бебка спиеше по 7саати сврзано навечер ама затоа денски од 30мин ни минута повеќе не поспиваше. Се охрабрив веќе гледам за јуни и септември Сабајле и го прередував шкафот и видов дека има необлечени ствари омалнати, до душа се подароци што баш и не ми се свиѓаат, ама пак. А еден куп и купивме за летово, знам дека може и со помалку ама немам срце да одолеам. За нарачки али и тему ги заобиколувам во широк круг, во бременоста ги исфорсирав На тема штедење, штедиме голем дел за да имаме да и пружиме повеќе од што нашите имале. Од оваа причина би останала на едно дете ако ни се влоши недај боже финансиската состојба колку и да сакам второ.
Од големи достигнувања денес, конечно резервиравме за одмор на море. 1 месец се плеткавме каде, кога и останати дилеми. Бебе ќе биде скоро 8 месеци без малку, почеток на септември. Дури и шаторче и купив денес. Од друга страна, не планирам ниеден ден да готвам, златни хипп и холе, ќе и носам готови каши. Едвај чекам.
Со подршка од маж ти, ти за глупите коментари на свекрва ти се замараш? Абре прави листа што ќе пакуваш и уживај си.