Абе пусти мозок, дека еве веќе 13 години газиме на јајца околу неа, зошто е шеќераш, а многу е осетлива и знае да си направи проблем (со случувањата во Кочани заврши во болница), и сеа се туфкам да не ја грешам, а мм е многу лабав - ама кај него ме нервира дека и он не им збори и не им објаснува што како се работите зошто не му се замара да се објаснува - иако баш рече дека ќе се објаснел за ова
Од каде, какво и за колку шаторче зема? Се мислам и јас дали да зимам, не знам дали би имала потреба, бебе ќе биде 6, скоро 7 кога ќе идеме ние на одмор-одмор, ама и претходно сигурно ќе одиме на некој викенд
Од sinsay, 800 денари беше. https://www.sinsay.com/mk/mk/plazen-sator-330ee-07x Дури и да не го искористам, за тие пари не го жалам. Во Грција, во Ставрос. На многу места сум била, ама тука првпат одам. Се надевам ќе се погоди за со бебе.
@baguf4e и јас денес ги гледав шаторите ама не знам дете од 2 и пол години колку ќе има желба за седење во нешто такво. Битно на листа ми е за размислување. - Стори на Фб, таткото со дете од неполни 3 години во скут, вози низ град, мајката снима, попатно таткото прави селфи, со телефонот во една рака, додека држи волан со друга рака. Плус нели детево "вози". Сето пропратено со насмевки од уво до уво. Јас се тресам во такси кога седам со ќерка назад на кратки релации. За вакви како од видеото од една страна посакувам да имаме баш полиција и социјални служби што би им го дотерале умот.
Сага за шаторотЗа шаторот. Прееска го купивме и седнавме во кафич. Нормално радозналата (јас) го отворив патентот од паковката и цел шатор излезе на сред кафич. Маж ми во земја пропадна од мене. Ај што излезе, не знаеме да го составиме назад. И така си пиевме кафе со шатор до нас. На станување не сакаше да го земе, си ја зема количката со ќере и си излезе, ја позади со толкав шатор во врата едвај го стиснав и во кола. Ете го ушто во дневна стои отворен. 75 youtube видеа изгледавме како да го склопиме и пак не ни е јасно. Жива вода се сторивме и двајцата, се помочавме од смеа, после нервоза не фати, се потскаравме и го оставивме. И уште си седи така. Не верувам дека ќе го носам на плажа после оваа сага. Молим лепо.
хахахахахах ме изнасмеа таман после муабетите за свекрви во друхата тема сега ме стави и мене во мисли, ама па мислам дека сите се такви за склопување
Сите се такви да му се плукнам во механизмот. Не знам ние ли сме неписмени или стварно е научна фантастика да го склопиш. Нема видео што не го изгледавме, лежев јас врз него, маж собираше од страни, па ај обратно он лежи јас збирам, тоа жиците пукаат и оп што да видиш, пак се ослободил господинот шатор на сред дневна. Нема спас.
I feel you. Јас нешто слично нарачав од тему ама среќа дома бев кога ноншалантно си откопчав патент и се отвори цел. Пробав да го упикам назад и успеав ама да ме утепаш не знам да објаснам како. Инаку и ние уплативме за одмор уште пред породување самоуверени дека ќе се снајдеме со шест месечно бебе. Почнавме да се спремаме со шатори, гуми со чадорчиња одозгора и триста чуда. Едвај чекам да ја видам во купаќи како си уживка во море како што си ужива и на бањање по дома.
@baguf4e , се пресмеав на цела случка. Ништо од купување ко така, да не се разведеме на сред плажа, ради шаторот.
Хахахахха само што пишав мислење во една тема, повремено само читам и немам сила да одговорам. Па хаос да, што знам, се навикнав веќе на хаосот и не ми смета. Уживам да ти кажам Кога знаеш дека е последно бебче во домот не е сеедно и сакаш секој момент да го меморираш, мирисот да не го заборавиш Колку што ми беше тешко претходно, сега дупло ми е поубаво Како е кај вас? Ја отварам темава повремено да ве фатам сите до кај сте ама нема шанси, премногу мислења има, јас 2-3 читам и заспивам @LiquidLuna Тука ако не ти пишам, којзнае кога ќе ти одговорам на пораката. Ве гушкам и ве помислувам
Јас истово со шаторот го поминав, ама на плажа. Дома го отворив и склопив, ама после цел месец идам прв ден на плажа, да ме утепаше некој не ми текнуваше како се собира. Идев до кафич да фатам нет да гледам видео, па да се вратам да го склопам. Настрана што треба да си магионичар да го собереш, топло го препорачувам за со бебе на плажа. Малата тогаш беше 7мес, секој ден беше искористен. Го чував за следно бебе, ама со второто решив ич да не одам на одмор првото лето, сега го чуваме шаторот за пикник.
Ваков зедов од Декатлон лани. Дома мислам сто пати го склопивме во дневна, и на крај одлучивме да не го земеме на одморот. Ама оваа година со бебе ќе мора. Инаку, да се исповедам. Недела дена ми одеше супер со вежбање, јадење, пешачење... И што ме тупна ѓаволот, ми се прејаде јагнешко вечерва во 9 ипол часот. Па дека кај моите сме уште, брат ми не чека два пати да кажам. За една минута во кола со брат и мм, успат собравме и еден братучед од дома и правец во Пепи Јавор во Мрзенци. Ни диета се виде ни бутур. Нурнав во јагнешкото, па и тоа топлото лебче тазе печено. 2 уза, пола шише вино... Лежам сега, едвај дишам прејадена и се мислам ова мешево од бременоста и царскиот кога ли ќе го решам... Ни две недели доследна не останувам на режимот. Ќе се кријам во вреќа-фустани летово... Многу грижа на совест имам заради "гумата за пливање" околу стомак, ама па сакам и да си апнам, мезнам, пијнам - промашена комбинација за слабеење.