@baguf4e Јебал те шатор, кафето го исплукав Ние дома така со оние подлогите за бебиња со играчки, и тоа пустото се трансформираше ко шатор. Ама му фалеше изгледа некој дел затоа шо добри 4 саати не можевме да го исправиме И ко мислевме дека го средивме, падна платното на ќере на глава И секако дека заврши у кутија запикано некаде кој знае кај е
Здраво женски, Не знам дали имам пишано пак во темава, со првото нон стоп бев активна, сега со второто многу послабо. Бебка е 24дена, се чуваме по дома се борам да ја научам да пие молзено млеко од шише, ама никако да фати, и таа како брат и, само од централа сака млеко Кажете некој совет, имам шише на Авент, на Канпул, на Мам, на Медела, ниедна цуцла не ја фаќа. Во саботата излегов на еден саат, бев на роденден кај пријателка, и ем цицаше пред да излезам, оставив и молзено ама џабе. Се враќам после 1 саат, мм нервозен оти и двајцата уште не спиеја, големиот не можел да заспие од неа оти плачела, дома беше како воено поле Со доењето и првиот пат, а и сега, експресно слабеам. На пораѓај отидов со 77кг (+6кг ставив во бременост), а сега веќе сум 67кг и уште оди надолу вагата. Само овој пат после доењето одма почнувам со вежбање, и ќе внимавам на исхраната, да не си ги вратам кг. За мене лекот да ослабнам е да родам дете испаѓа работава И уште нешто, за одмор имаме резервирано во Флогита, од 04.08. Бебка би била тогаш 3м здравје, најмногу поради големиот букирав. Ама се предомислувам, да откажам па да одиме до Охрид само летово? Бил некој со толку мало бебе на одмор? Не сум паметна што да правиме. А големиот си бара одмор, досега одевме една недела во Гр, и една во Охрид секое лето. Дајте ми ум? Се распишав ко да нема утре, ајде да пијам чај додека е топол. Имајте убава недела
Јас не сум била со 3 месечно на одмор ама немам појма зашо не сум отишла. Па тоа е бебе, ќе спие ќе цица и ќе кака. Стај у количка, стај у кола, легни успиј ај со здравје. Убаво да си поминете Ти го решив проблемот
Ела да се гушнеме ние, од воздухот јужњачки ни е, оди ослаби да те видам. Вчера големиот ми вика Мама едвај чекам да ослабеш да не се мачиш веќе, јас испуштам дома на табата. Колку што сум те читала ти не си дебела, имаш малку за слабеење ако се сеќавам, ама си имаш фиксирано дека си дебела. Дај си време и простор, не може преку ноќ. Не јас, стручни лица рекле дека на жена и треба 1г да се врати на себе после бременост. Има и такви кои одма се опораваат, ама не сме сите исти. Колешката и јас породени во 1м разлика, она се врати одма, јас не, не сме сите исти.
Јас сум висока, тоа е разликата, добро што сум висока, иначе… ама стомак во живот не сум имала, и сега ми е too much.
Ама верувам дека не ти е виснат стомакот и да не можеш да се свиткаш. Лето иде, пешачи, вежбај, малку олабави со исхраната и нема да имаш проблем.
Не си единствена Првите 2 недели намалив неколку кила и се возбудив демек еве сега ќе ослабнам зошто дојам... ама не
Викаш до јужњачкото е? Со сестра ми дојдовме на дереџе да ни фали работење на нива, зошто барем тогаш во таа сауната во фолијата со домати си бевме слабички добро јас никогаш не сум била ептен, таква ми е конструкцијата, ама пак...
Жени дали сте се соочиле со тоа да ви се суши кожата после породување. На доење сме внесувам многу течности, а приметив дека кожата и косата ми се многу по суви. Имав нормална кожа сега имам чувство како постојано да ми треба крем за хидрирање како затегната ја осеќам на лицето.
Мојата се смени исто. Првично ми беше премека после пораѓај ама не знам што се случи сега ми е посува.
Дигам два прста, нула слабеење со доењево, сестра ми се стопи кај мене други гени. А не застанувам, ни јадам навечер, ама тоа е. Сакам да се вратам на вежбање, ама мајко мила колку ме иритираат овие тренерите со "без изговори, 20мин има секој". Абе да на хартија ама сестро сам со дете во скок и неспиење, акање 2саати со количка по 7/8км и кортизолот беснее уште вежбање ми фали. На достава или салата сме 2 недели од немање време за готвење и пазарење, уште режим да треба да следам. Две работи работев долг период вака уморна не сум била
Не дошол моментот кога ќе пресечеш верувај. И дете и бебе по дома, сами со маж сме, 2 пати неделно по еден саат вежбам со инструктор онлајн (немам време за во сала) и 2 до 3 пати неделно одам во теретана (некогаш и еднаш уствари) Абе тие неколку саати во неделата не ме интересира ништо. Дојам дете и да ме нема. Големава знае да се симне со мене да вежба или да си вози скирол низ подрум, маж сам бања бебе и средува додека да завршам. А еве втор пат дојам, не слабеам ни грам. Јадам како што треба на мојот стандард режим, ама реално јадам малку повеќе. Вежбам од 6 недели кога направи беба и тие 3-4 кг вишок не мрдаат и крај.
Кажи жено како не ти сметаат градите??? Значи ламбада ни играат, ко страно тело на мене ако рипнам малку
Исто е и кај мене, и дур бев трудна ми се сушеше многу и сеа дур дојам а ретко наоѓам време да се мачкам со лосион
Многу ми сметаат. Во теретана кревам тегови само, одбегнувам вежби со легнување на стомак затоа што ме болат, а онлајн вежбањево не е кардио со скокање, функционален тренинг е со сопствен отпор и тежина плус. Ако има некоја вежба кај што се скока или ептен на гради се легнува ми дава заменски. Од кардио јас само пешачам.
Да си одите во Грција. Сега за мај бевме Гр, луѓето што бевме со нив беа со толкаво бебче, не ни сетивме дека е тука . Нема полесно од одмор со бебе.