Нема спас, одвратни ми се. Бројам денови до почнување со цврста храна и намалување подои, па здравје пред година и скроз прекин на доењево.
Хаха не знам до што е, ама кога идам на југ дефинитивно цревата инстантно ми се прошируваат. Срцка син ти, не сака да ти е тешко. Ајде ајде, ќе стегнеме заби и ќе биде се'.
И јас така викав.. сеа ми се ко суви лубеници. Па бетер. Му кажав на мм завршувам со раѓање деца и сакам лифитинг ич не ми е гајле. Ова не се трпи. Од се на мене само тие останаа нааа тооолкави. Цел живот мака од нив имам
Денес буцо полни 10 месеци, а јас понервозна не сум била спрема него. Треба да добијам, имам страшна главоболка, глава уште во ѕид да мавнам, а тој од кога сум вратена уста не затвори. Денес не спиел, а заспиел внука ми го будела и неподнослив беше, само плачеше. Сега заспа и почнав да си плачам зошто толку се изнервирав, а тој реално не е ни крив. Пред некој ден ми кажаа дека фирмата ќе се затвара, само што се вратив од породилно, сега треба и другата колешка да се врати ама ете за кратко. Најверојатно чекале двете да се вратиме па да затворат. Двете ја почнавме фирмата само со две бироа и два компјутери, без одговорен до нас, сами се обезбедивме, милион конекции остваривме, вработивме и други, работевме ко за себе и ептен се разочарав. На одмор не знам каде ќе одиме ама за време на одмор ќе славиме прв роденден и ќе правиме крштевка. На тема прв роденден се прашувам дали сум нормална што немам тема и што сакам да го прославиме како секој друг роденден?
Ама ти биле огромни и претходно? Јас се тешам дека не ми беа, па нема да се до толку ужас. На другарка исто ко мене сега у се добри, се надевам и јас ќе ја имам таа среќа.
Сите што се мачите околу стомак ,дијастаз прво да проверите. Специјални вежби се прават за тоа и класични стомачни пример може да влошат состојба. @Feniksgirl aко ти биле мали пред бременост можно е да се вратат на исто ама со стрии ,не прашувај како знам
Да бе Јас првите два родендени немав тема, од третиот почна да пребира па од "тема" торта со Мини доби. Класична тема со такви балони, свашта не сме имале до сеа
Немам тема, несакам ништо големо, све ќе направам од свои раце за најблиските кои биле тука односно ќе си ја изедам цела торта сама. -- На тема цицки. Си најдов прслук. Алелуја. На тема дебелина и доење, тука сум. Замисли не слабеат сите со доење. Ем на база на стрес што ми складира телото енергија, ем бидејќи дојам. А не планирам да ја одбијам за скоро... This too, shall pass.
Ако мислите дека не слабеете со доење пробајте да не доите веќе и ќе видите што ќе ве снајде, желудникот од периодот на доење и потреба за храна е зголемен, потреба за храна голема, и оп, килата одат нагоре. Не е дека не слабеете, туку многу храна внесуваме во доење и тоа е тоа. Без физичка активност не се слабее и тоа е тоа. Јас бев пред бебе на Ана Стојанова програма и ослабев 25 кила и више, во бременост вратив пола, после бременост не само што не ослабев туку во оваа година откако го одбив качив уште толку и дојдов на нула од пред 5г. Фино лепо си почнав пак и за една недела почнав да слабеам одма со корекција на исхрана и вежбање.
По Ана си мајка? Ја купив за 8 недели и деген еве втора недела не следам. Основното мени пробувам бар дел да следам ама вежби си бара телово вежби. А и време ...а супер се исто и јас ослабнав со неа 20кг во бременост качив 15 веќе 1мес после пораѓај бев -12 а 6мес пост партум бев послаба 10кг од што бев кога затруднев. доењето мене ме цедеше, ама не јадев доволно не ми бараше телово - чудно. Ама затоа сега ко трудна да сум ми се јаде бре. Се надевам ќе фатам барем да вежбам по Ана и да ги тргнам само глупостите па макар и не јадела фул по неа овој пат
Да, втора недела еве минус 2ипол кила, вода е ама ми се важи се бидејќи бев надувана ко балон. Конечно маж сфати дека можело тоа надувана сум да е точно, зошто он се смееше дека немало такво нешто. За време не ми збори, со 2 деца од кои едното беблак што сака внимание, не е мал 2ипол има ама си сака свое, другото 9г школарец кој исто сака внимание дури и повеќе, домашни, муабет, зборење до миле воље... Станувам во 5 сабајле, вежбам, правам оброци за на работа, цедам лимон пијам додека се шминкам и будам фамилија додека се облакам. Навечер во 9 сум кома, до 10 едвај некако издржувам за да имам сон 7 саати бар, ама неретко и во 9 заспива. Пробувам да дремнам на пладне пол саат, ама тешко ми оди.
На тема слабеење, месец дена како тргнав на работа, две недели не дојам. Ослабнав така што панталоните што ги купив кога тргнав на работа ми се преголеми. Во старите не влегувам сеуште во делот на стомакот, ама ми е намален. Сево ова се должи на обврските и прескокување оброци. Додека доев не можев тоа да си го дозволам, немав млеко, а сега немам време да јадам нормално.
За мајки со зизки најубави прслуци наоѓам во Тезенис во Сити мол, веќе втор пат купувам по 2 пара. Врв!
Последно од New Yorker земав. Се наоѓаат секаде по продавнициве за долна облека. Бидејќи нема што да држат и со економична цена поминуваш