Не носам јас корпи, носам памучни. Кај големи уште корпи ми фалат, со добар фишбан. А кога ептен морам со некоја облека носам Д корпа ама од најтенките, е таков имам купено од Стокомак на тепка, тоа е најубавиот прслук кој го имам, лесен, мек, не жуља...
Esotiq, и за доење им се мн убави... Но најголема корпа F им беше... @AngelOfArh 85G сегде пребарав... Nbb 110 као триаголничиња на цицкиве Кажувај коа ќе најдеш такви... Мака измачив... Лиска од класичните модели само мој број имаше, го купив, ми искочи жицата истиот ден. Се напнав и го вратив.
Јас не можам да си најдам прслук саглам Дека дојам уште,носам пд Nbb со отвор што се,90В,а за онака земав исто NBB 90B мало ми,4 цицки ми прават Дали да земам со корпа С или друг модел не знам,мн се нервирам. А деца во градинка сега,млеко на претек,се измолзувам гради огромни,а сакам да ги одбијам,а млекце баагии имам.Си мислам така да не им дојде мн.наеднаш и градинка и одбивање,да почекам на раб кога ќе тргнам наесен тоа.,нека цицкаат уште.
Абе тоа НББ е жива глупост, дебели, грди материјали... Башка градата шпиц. Не се одмолзувај тогаш, стегај ги и ако ептен дојде кнап одмолзи само малку, колку да ти олесни. Колку повеќе молзиш толку повеќе имаш млеко.
Мене ми се вратија во нормала сега одкако престанав да дојам а баш сакав да ми останат малку поголеми.
Врвот на умор го достигнав вчера Ќере ме буди , и се мочало. И викам Оди мочај, ќе дојдам. Сум заспала пак. Доаѓа детево златно после не знам колку време, ми вика Јас мочкав и се избришав и вода пуштив. Ти не дојде. УУУУУПС. Ми треба сон, очајно.
Здраво мајкички Вратени од шетање и после 7 машини можам да кажам дека завршив со алишта перење, за ден два де.. Бебево ми е дечко прав, културен умен два лета ги издржа одлично од кој за еден се разбуди во 5 сабајле. Си поправи муабет со сите па и со "чичото што го етал авонот" нема срам ама ич бре јас очекував да му е досадно полн ранец стикери, фломастери, листови, играчки што немав наземано ама детето си најде занимација. На крштевката беше умен и го караше попот зошо плачело бебето ние се вртиме со свеќите се врти и он, навалува глава. И на сите им кажа дека он бил кум И сега се враќаме на секојдневните обврски, јас пијам кафе, бебо спие, ручек се крчка. Вежбав, да се пофалам и јас кај србин еден уплатив вежби само, се надевам ке ме држи мотивацијава. Имам 3 различни менија од кај ана од предходните летни, па комбинирам што како да јадам да видиме што ке биде. Градници јас моментално само од лиска користам, најобични има само бели крем и црни од тие што ми се фаќаат, па додека не им текне да се намалат тоа ми е.. се надевам дека еден ден ке се намалат или ке ги намалам јаас Имајте убав ден
Да ти кажам јас исто ослабев со двете, едното го доев, едното не, без вежбање и со патент на уста. Само нејадење му е мајката. Си го репрограмираш мозокот и живееш на минималец со храна.
Многу лош совет за мајки што се тазе породени, небитно дали дојат или не. Цел живот нема да јадеш? Најбитен е балансот. Треба да јадеш за да функционира телото, не со 500 калории дневно да се силиш да функционираш. Особено што на мајките им треба сила да издржат кога се сами со бебе по цел ден, а без енергија, како би издржале? Со нејадење само се продлабочува хормоналниот дисбаланс кој и онака неретко е присутен постпартум, се создава повеќе кортизол, и после зошто стомакот ми е ко петти месец трудна....
Јас денес си купив фустан за прв роденден на зајчињата,во сабота е, 38 голем...влегов во 36 ка. Добро е.... Ама не сакам уште да слабеам.
Секој различно слабее, јас кога сум гладна сум депресивна и не можам да трпам, после јадам многу, премногу. Исто и под стрес јадам многу.
Леле и ја сум живи радости со 36кава што ме собра, баш од зара фармерки шорц земав да пробам 38ца гледам шлапаат. 36ка таман. Пресреќна бев, 36ка уште од пред да останам бремена не ме собираше И јас не сакам веќе во нозете и во газот да слабеам, во стомачево си сакам ама ај ќе биде и тоа. Иначе ќерка ми веќе втор ден тера дремки од по саат и 15 минути, сама, на спална. Се молам ова да потрае
А јас сум сама до 15 часот..јееее,близнаците почнаа до 15 ч да остануваат,дома едно шубее така сама,тивко,мирно...не знам шта са собом на моменти овие два дена.
Па јас цел живот не јадам, т.е. јадам малку, колку што е неопходно. Газиран сок, грицки, тесто, пржена храна не јадам од 20 години. Навикнат ми е организмот да функционира на салата, месо и галети. Со двете сум била сама и сум ги чувала. Како за некој што нема време да вежба, ова ми е начин за одржување на линија, која ми е битна. Кога имав плус 20 кила во бременост, психички не бев ок, кога ќе се видев во огледало. Секој си знае што му е приоритет, мене ми е проритет да сум згодна. Друг начин да ослабеш, да не вежбаш, а да си кснуваш, нема. Ок освен Делфина со 3 деца дома .
Јас јадам многу,навистина јадам и леб и благо и грицки и остали ствари,количински не многу,ама си јадам. Ама имам и многу трчканици околу децата,како и секоја мајка де ,не дека само јас имам. Почнав и да вежбам некои вежби за стомак.Бебиња седнати и врзани за хранилки и зјапаат од горе мајка им како акробации прави. Дада им не можам да ја врзам секако,таа до мене легне,стане... Ќе видеме на крај дали мешето ќе стане даска Изгледа мн.сањам
Дома сама Како на видеово,и слично гуглав вежби ,намалив малку и забременив Едит : еве и едно за вежби https://youtube.com/shorts/ISTbS9i2Aro?si=rytB7L2vseqeI7pH