Тралалело тралала, балерина капучина Многу ми паѓа тешко, што си мислам дека само јас немам трпение со децава, и по цел ден се прицрекувам како налудничава, па може и не си мислам, стварно е така.
Од секогаш сум сакала контрола да имам над јадењето и над мрзата, ама немам. Затоа да платам и некој да ми каже, ова смееш, ова не смееш.
Си мислам дека бебево мое на сите повеќе им се радува него ли на мене, како на мене и на мм најмалку да ни се смее а цело време му се смееме и му збориме... Не знам дали нешто си умислувам или не ама од прееска ми се врти по глава.
Јас на тема килажа ќе ќутам Очајна сум за килажа плус луѓеее. Ама очајнааа. Премногу се сакав во бременоста. Се исушив, скоро како пред бременост. Неможам да се гледам. Ич не се сакам вака костур. Инаку детево има плус два заба. Кога како искочиле, еве незнам… Случајно ги видов прееска.
Ја тоа сакав да прашам за запчињата, како да ја проверам дали има нешто не ми дава да ја допрам на непцето само лиже со тоа јазичето хахаха
И мене не ми дава да и чепнам во уста. Првото со лажичка проверив и ми чукна. А другите низ игра, легната да се смее и да дигне глава нагоре и тогаш гледам хахахахх
Околу вежбањево, @thinkerbell сум ја сањала дека сме се сретнале у теретана. За 1 недела кило ипол симнав со броење и вежбање, млеко ми надојде повеќе. Се разболе малава, снеможев секој ден, никако тајминг да погодам и пак по старо на шеќери да ме држат пошто неам кога да јадам со двајцата, и се осеќам ко го*но да ми простите. Дома не ми е тоа тоа, нит ми е мозок тука нит се опуштам…
И мене дома не ми е тоа тоа, имам пробано многу пати многу лесно се откажувам и незнам дали точно ги правам вежбите. И кога веќе сме кај вежбање тема, мислам дека огромна позитивна промена е вежбање, еве мене многу позитивно ми влијае како мајка која е цел ден дома со бебе иако одпосле ме боли секој мускул, 1час само за себе без да мислиш на бебе,маж..и те како лечи нервоза.
Фино би било, како што имам прочитано мислам дека си ми во близина некаде Како е малата, се оправи ли со кашлицата? Чајот со кромид го направи? Мене шеќери не ме држат, ме тераат да гнетам повеќе и глава ме боли. Јас еве месец ипол вежбам, а последниве 3 недели си почнав и со тежини убаво и не мрда вагата никако. Тие 3- 4 кг си стојат и крај. Јас не знам што глад ќе беше ова со доењево, да можам цело време би гнетела, едвај успеавам да се контролирам. И зошто никој не кажува за постпартум слабоста? Значи намалив тежини во бременост за нијанса, сега мислам немам сила ни толку да кревам, не ми соработува телово. Ме теши брат ми за два месеци ќе се вратам во нормала. Не знам зошто сакам веднаш. Леле луѓе сонувам џејмисон со една коцка лед и цигарче. Да се редактирам за ова. Во поглед на режими и вежабња сфатив дека се додека не те удри по глава и има сериозна закана по здравје, некако сите лабаво си сфаќаме. Е тоа ми се случи мене, закана по здравје и целосно се сменив. Сега не одам во теретана за слабеење, одам за здравје (психичко и физичко)и веќе ми е дел од рутина. Да ми кажеше некој дека ќе се оболам после царскиот што не можев да кревам железо ќе му се згазев од смеење.
Јас на првите два заба изреагирав, после веќе немаше смисла, еве го скоро па 2ипол, нема уште 2ипол, полна уста му е заби. сите се излезени.
Поарна е сега, ама спуштила… па продолживме со некое комбо на лекови, плус бактеријата локално ја третираме. Најверојатно некој вирус, се тресам да го допазам бебе пошто е премал за вакво нешто, она пак некако издржува… Ја и мм на шкрги Чајот го направив и го сакаше, ме зачуди мислев борба ќе биде За слабоста ја ќе додадам и колку побрзо се уморувам, одма ми скока пулсот.
Првиот го чекав во секој момент, бидејќи беше затната и знаев дека ќе искочи. Другите случајно и ги гледав. На скоро 9 месеци, ги има 5 на број.
Вториве од скромно тримесечно искуство поиздржливи се некако. Да не се подречам, бебево е бомбардирано со вируси од големава од 1 месец, па и една инфекција со салмонела (не фативме никој дома), па и страшни повраќана и дијареи кај мене(не беше бактерија, ама на инфузија завршив) и еве ја супер е. Мојава е поголема, разбира повеќе, кога кашлаше и со растечен нос не се приближи на помалку од 3 метри до бебево мислам. Почнав суеверна да станувам у пм, зборам со една другарка прееска и викам да го поплукам детево да не го подречам. Ама трауми од големото, јебига.
Исто сум висока ама бутките целулит а не сум нешто поправена таму.. и ај што имам стомак ( а рачунај не истерав до крај пак помал беше) , па лево кај што е конецот завршен тука ми собира стомакот како дупка... Докторкава ми објаснува фасцијата тука била сошиена така влечела. Градиве ми се сонцето од кутлеш, ставам Сона дома читав по кремиве што имам може тоа вика за нови стрии што уште се розеви моите се такви. И така си го лажам умот после преглед ако ми дозволи да почнам нешто да правам вежби малку да ослабам.
Мене нозете многу ми ослабеа и немам веќе целулит што се познава, имам ама не е страшно, никогаш и сум немала. Во бременост имав, ама нормално е од вишокот вода што се собира, али стомак никогаш во живот, значи стомачни имав… и сега ме утепува кога ќе се видам во огледало, вежбам за дијастаз, па ќе видиме. Не знам ни да проверам… али ај ваљда ќе има разлика. Градите и мене ми се кутлеш, ама ги снемува па пак искачаат. Јас немав нешто гради, ептен нормлани онака што знам, накај мали. Сега огромни.. ама имам надеж дека ќе ми се вратат во нормала.
И јас незнам да проверам тоа дијастаза... и мислам дека све што е до кај 2-3 прсти е некако нормално во бременост и се враќ, имам замисла друга за дијастаза она баш кај пупакот како додадено изгледа месото... јас имам стомак доле над раната надвиснат тој ми смета. Докторкава ја слушнав вика никако вежби со скокање, може нешто со тегови, пилатес ама без скокање.
Прашав и во др тема, ама тука сте поактивни. Бебка е 26 дена, денеска бевме кај матичната и на ортопед. Се е во ред, само на лицето, вратот и малку на градите бебка има брунчиња. Почнаа од образите како гнојничко со црвенило околу нив, се проширија на челото за некој ден, сите скоро со бел врв, како мозолчиња. Мислев хормонски се, дека се чисти, ама бајаги се раширија, еве сега и на брадата и на вратот позади има, и малку на градите. Тие што и беа на лицето веќе немаат гној, туку се како акни во минување, се гледаат ситни брунчиња и рапава и е кожата. Тие на вратот и градите што се нови, се со бел врв и црвенило околу нив. Матичната вели пиодермија е, да ставам Еозин ама не воден туку алкохолен раствор. Ако не помине со него за два дена, тогаш од петок да почнеме со Трицеф. Секако би направила првин кс, не ми се дава така атб. Дали некоја имала искуство со вакви мозолчиња кај толку мало бебе? Се загрижив дека ми рече со атб се лечи.