Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    И ние моментално мачкаме црвена вода- еозин. Таа возраст сме скоро и ние и гледам и се смируваат со водичката
    Колку време мачкавте? И се исчистија скроз?
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Со воден или алкохолен мачкаш?
     
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски

    На мојот син се појавија така, околу месец, месец и нешо кога имаше. Сами од себе му се исчистија, бабицата рече дека може бил презатоплен. На моево имаше позади кај главчето, од едно уво до друго. Баш така малечки, ситни, едно до друго испоредени. За ден два сами од себе му поминаа.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Со воден од 1%
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.329
    Пол:
    Женски
    Царски сме со Феникс затоа и пишав, па ми рече малку да се остави време да се повлече добро матката и све да заздрави добро. Др Афродита вика да не идеме гравитациски да се спушти матката... сигурно мисли после може да има проблеми со мокрењето итн. Сепак телото треба да одмори. Ете они и дојат па и со градите неможат баш да скокаат. Сакав зумба да почнам, така да ќе одморам ќе правам вежби дома.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    34.652
    Пол:
    Женски
    Хелоу мајки!

    Ние станати сме од 06:00ч , го испративме татичко на работа па еве сега тераме прва дремка, а мама си пие кафе. :angel:

    Моментално сме во 4ти скок, па ми фуфка да се пофалам дека после 10 дена синоќа добро спиеше. Само 2 пати стана. Си го исцоцка млекцето и спиеше цела ноќ. Вчера кога заспа немаше ни 19:00ч, преморен беше ептееен. Го изнашетав. :lol:
    Ајде дај Боже да завршило страшното па да си продолжи така убаво да си спие.(fingers)

    Денеска ќе му ги перам летните алишта на бебе, дека како што гледам температурата брзо ќе рипне од понеделник. Стандарт нели тоа кај нас. Сега кога ќе пукне жешко па ќе пушти дури септември. Мразам лето, м-р-а-з-а-м . Мразам да ми е жешко, мразам да сум утоп испотена. :sweat:

    Вчера бевме на гости кај моите. Устата не знам како не го здоболи од смеење на ова мое дете. Нонстоп да се кикоти. Поготово на дедо ми како му се смееше, топење. :inlove:
    Како што сме сами по цели денови и машала веќе не е воопшто лесен , убаво ми дојде што го држеа. Па зглобот на раката страшно ме боли. Ќе треба да одам да ја снимам, дека неподнослива болка е.

    Да се фатам за работа, доста пишам.:D
    Мислам што ручек да направам. Ама ќе ставам мусака , одамна не сме јаделе, а ја обожавааам. Обожавам сѐ во врска со компир.
    Компир is life. :l:

    Имајте ми убав ден мајкички. :f:
     
    На kozuf, strelec231992, Fenix05 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    45.269
    Пол:
    Женски
    На тема вежбање ниту имам сила, ниту време, а богами ни желба.
    Мене класично вежбање ми е досадно, не може жива сила да ме натера да вежбам аеробик, пилатес или такво нешто во групи…вежбав јога 3г, на тоа би се вратила, пол денс ми прави мерак ама нема кај нас во град, да најдам нешто забавно ви почнала, вака што знам, не ми смета да сум дебела:D
    Уствари не сум дебела јас, ама сум опуштена, а првично сакам да вежбам ради здравје, а не ради изглед.

    Јас моментално немам време за апсолутно ништо, дека одам само втора смена на работа и саботи исто, буквално имам време само да спијам и да го видам дете наутро и навечер малце, толку.

    Ми фали да излезам со некој, да прошетам, да испијам пијачка, да цртам малце…социјален живот нула.
    Пак паѓам психички ради ова…
    Ама не знам како да си помогнам.
     
    На Carolin., Noemi, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    12.595
    Пол:
    Женски
    @happygirl каков трицеф за акнички на толку мало бебе, па дали се нормални луѓево?
    Кај големата баш такви акнички имаше, со еозин и се смирија, ама врска немам каков еозин беше.
    А сега кај малово земав биодерма атодерм по препорака на @Feniksgirl и навистина после вториот ден стакло и стана лицето.
    И да не поминува со ова прво ќе почнеш со некоја локална крема па и на база на кортико нека е, ама трицеф одма за акнички не се согласувај.
     
    На Noemi, LiquidLuna, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.296
    Моето уште во болница беше цела со такви, се што ми препорачаа е премачкување со октанисепт спреј со чиста газа. За секој дел од телото посебна газичка Фидановски ми рече дека биле акни кои настанувале како реакција на допир со се она во надворешниот свет. Одприлика за две недели се исчисти скроз мислам, премногу имаше дури и на капаците на очињата
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Вчера ја намачкав Еозин, денеска пак ќе ја мачкам.
    Матичната ми даде и крем на Уриаж, xemose, пишува за иритации.
    Дали го имате користено?

    Прашувам оти со големиот немав вакви проблеми со кожата, врска немам што се употребува. И дали ова кај бебка е атопична кожа? Биодерма атодерм е за атопична нели?


    Ја бањам со Веледа, ама на лицето не, лице само со гази и топла вода и мијам. Не ја мачкав досега со ништо по телото, иако имам Веледа ама малечка ми е за да ја шлапам со млеко за тело.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    9.448
    Миробакт ни помогна нам, не минуваа сами, антибиотска крема е, дерматолог ни даде и се префрливме на атодерм на Биодерма. И мене првин ме тераше педијатар кс да правам за антибиотик, а бебе 1 месец беше, па после хлорамфеникол крем за очи ми даваше|( По ова решив дека за кожни проблеми, безразлика што е бебе, дерматологот знае подобро.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    12.595
    Пол:
    Женски
    Да за атопична кожа е биодермата. Реално немаш штета од неа, состојките и се баш ок, нема медикаменти во состав.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.144
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да ја мачкаш со мрсни креми, зошто ги затвораат порите. Ке ги затвориш брунките со мрсен слој па кога ке мачкаш Еозин нема да може да дојде до нив, заради мрсната бариера.
    Јас би мачкала само Еозин. Ако нема изглед дека поминува, на дерматолог би го носела.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Да, овие два дена само Еозин ја мачкам.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Pa toa e uspeh
     
  16. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Дали почнаа да се повлекуваат? И дали ја мачкаш на лицето?
    Јас ја мачкам 4 дена, сегде се скоро повлечени освен на лицето како да се повлекуваат и пак да се појавуваат нови
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Атопичен дерматит е кај бебка, докторката ни даде Риластил Ксеролакт масло и балсам за бањање, и Декотал 3 дена по еднаш да ја мачкам па да видиме како ќе биде.
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Морав да пишам да пробам да се олеснам… Денов денес ужас, едвај 4 саати сон и од 4 сабајле се бориме со грчевите на малата… И претходно денски се мачеше ама не до волку. Последниве денови само растеа плачките и денес се откорна плачејки а секако и јас со неа од жал дека се мачи и не можам да ја гледам таква. И поминуваат после какање и малце ќе поигра и ќе ми се стопли душава, па некако ќе заспие на мене но се буди на 15 минути со нова тура вриштење за прдешките и какањето. Неутешно бара цицање па ќе се прејаде од што е лакома па ќе вришти за ждригање и после пак истото за какање и прдење и така во круг. Ќе беше издржливо да не се понашаше маж ми чудно и да е напет за се што ќе му спомнам иако јас сум цел ден со неа а плус никогаш не бил таков си имаме љубов и разбирање не знам што му е. Се прашувам дали бракот почнува да ми пати сега откога не сме само ние двајца… Тој па инсистира да му давам внимание на кучето сум го запоставила, јас глава не можам да кренам од малава и плус се повеќе на живци почнаа да ми одат кучешките влакна низ дома иако премногу си го сакам кучево…Уште па напиња да ни дошле кумовите на гости викендов а јас сама со себе не можам да седам не па со нив и плус вриштењето на малава… Можда сум само ненаспана и хормониве ми се хаос. Се изнапишав бајаги, можда ќе ми олесни ќе видиме…
     
    На Anturium, Зеленоокатаа, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    10.609
    Пол:
    Женски
    Хормоните ти се хаос, и нормално е да се осеќаш така. Маж ти моментално има baby blues, и реални да бидеме, не осеќа ама баш ништо како ти. Ама и он сигурно е под стрес. Муабетов за кучево е… бог да чува. А исто и за гостите, сепак треба да се консултира и да има разбирање. Нормално е и некој кризен момент.
     
    На Трагедијаупмм, Ladyme, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.