Сепак недокажана се осеќам: Ја сакам премногу малава, животот би го дала за неа и стварно се заљубив во неа од првиот момент кога ја видов но толку ми станува на моменти се overwhelming и се прашувам дали можеби не бев спремна за неа? Планирано и посакувано бебе и си дојде во супер период од животот но како ќе бидам добра мајка ако паѓам вака психички? Не смеам да си дозволам да рикам ко магарица а не знам како на моменти…
Сестро, рикај. Полесно ќе ти е ако рикаш отколку да чуваш у себе Ја шо дека ја чекав, ја посакував, ја сакав/м највеќе на цел свет коа првите 6 месеци никој не ми кажа дека е нормално сето ова. Затоа јас еве ти кажувам, НОРМАЛНО Е. Ти сама коа ќе осетиш дека е ненормално, посетуваш психолог. Тоа е решението. Ќе паднеш, ќе станеш. И ќе стануваш, и ќе стануваш. И тоа не е ништо лошо. Мајчинството не прави посилни личности , верувај Колку и да ти се чини недостижно сега. Пиши ми доколку сакаш муабет. Го пројдов ова и искрено можам да ти кажам дека после 3тата година јас се осеќам како МАЈКА. во права смисла на збор.
Ќе престанеш да рикаш. Па после некој месец на скок пак ќе рикаш. Најбитно е да знаеш дека мал милион сме го минале истото. Ќе дојде време за гости не се фoрсирај сега. Сеа сите ќе ти сметаат, со право. Ќе се смират грчеви, ќе фати ред на спиење, полека ќе ти се смират хормони. Има светло на крај на тунелот. Даваш ли капки на база симетикон? Во главно период е што и да даваш нема да има уау ефект.
Давам капки да, имаат колку толку ефект знае да се потсмири ама некој ден како денес не баш. Ќе се преиспитам што јадев да не нешто од млекото и е дека само на доење сме. Плус ваљда сме и во втор скок па и тоа си влијае…
Ееее па кажи си дека сте во втор скок, јас 4кила ослабев додека заврши од думкање и шетање на раце да цица. Краток е ќе помине после иде помирен период. Ако не користиш бел шум пробај со него малку ги смирува.
Нормално е мајка, од а до ш што ти кажа @LiquidLuna. Нормално е и со маживе да не се разбираме добро. Имав и јас таков момент со гости на почеток кај што дебело се искаравме и се осеќав уште поосамена дека никој не ме разбира. Али како што ти кажаа, ние мајките се разбираме, сме поминале. Тешка е таа новороренечка фаза многу. И после е тешко, не викам не, ама ние стануваме посилни со време. Пробај поотворен муабет со маж ти, убаво да му ги објасниш сите емоции и отворено да го слушнеш и него. Искрена биди и со себе и со него. Ќе бидете посилни после.
Колку има да рикаш. И рикаме сите. Зошто е нормално. И да си рикаш, ич да не му ја мислиш. Гости ми беа мисловна именка хахахха Кога мене ми одговараше викав. Кучињата, ќе си гризнам од газов , ама ќе кажам: свеки и свекор, се грижат за нив. Збори со маж ти и објасни како се чувствуваш
Колку пати во перница сум се дерела. И сум плачела и коси кубела. Затвори се во вц ако ти е срам и исплачи се. За што ги чуваш солзите? На сите ни доаѓале такви мисли. Спремна ли сум, требаше ли воопшто да забременам, лоша мајка ли сум. Не знам како сакаш да бидеш нормална без сон и постојани плачки, големи очекувања имаш за себе. Ако ти е за утеха, станува полесно. Барем во однос на спиењето. Мене до ден денес ми се буди, некогаш одам да се галиме, да се гушнеме, ама некогаш толку ми се спие, од спална ќе се издерам, ќути таму и спиј. Само што скоро никогаш не е по мое, па на крај како попче ќе одам до другата соба. Ама сепак повеќе спијам од порано. Инаку како беше, замисли ме праша комшијата колку години има малецкото, срам ме фати не знаев што да одговорам. До толку бев неспиена. Така да, јас секогаш си викав, ќе помине и ова како и се што помина. И стварно поминува.
Плачи жено исплачи се. Секоја вечер рикав кога се роди бебе. За се и сешто, и за ништо. Сеа се смеам ама тогаааш... мислев сум се зела со паметов. Знаев дека ке помине, читав по форумов ама менее долгите денови сама дома со се дете, ке ми се тупнеше некој не најавен јас сирота неизбањата, засмрдена од повраќаници, замрсена со маици на мм шетав дома а бе плачев секој божји ден. Најважното КЕ ПОМИНЕ И НОРМАЛНО Е. Моето имаше мака со грчеви не многу ама имаше, никакви капки не помагаа, колиев чат-пат. Најмногу му помагаше 200мл вода и 4-5 зрна ким да извријат и со лажиче дај на бебе ако не ти фаќа цуцла. Мене другарка ми го кажа ова после ова ке се искакаше и ке се смиреше дете.
Јас ден денес знам да си поплачам, а еве 4 години... Нормално е, и не држи во себе, исплачи си се! Се е фаза со дете, се поминува, буквално се! Едно поминува друго доаѓа, и се така во круг.
Да се вратам пред една година на темава може скоро исто мислење ќе си најдам. Второ дете, со постојани грчеви 3 месеца, и имам и куче. Точно знам како се осеќаш. Ќе ти кажам дека да не ми беше маж ми најголема поддршка не знам кај ќе бев сега. Пред да се роди детето да ми кажеше некој дека така ќе ме чува, немаше да верувам иако сме веќе 9 години заедно, и веќе имавме едно дете. За грчевите нема чаре, ќе ги преживееш и еден ден магично ќе престанат. Немам совет, немам решение, само издржи. Знам дека звучи глупаво, ама еве откако прошле ти кажувам дека нема друго. И за тебе немам совет, иако реално треба низ се да поминеш. И да плачеш и да викаш, и по маж и по куче, најверојатно и по бебето иако ништо не разбира и за ништо не е криво. Гледај во главата да си стабилна колку можеш зошто и хормоните ќе се смират ама последици си остануваат. Чувај се себе пред да чуваш друг. Јас на клупа во парк си плачев со бебе во количка пред мене, ако воопшто успеев да стигнам до паркот пред да почне да рика. Сега на 15 месеца и он и јас и кучето си играме и се кикотиме по дома. Знам дека тунелот изгледа долг и темен, ама има светло на крај
Колку многу сила ми даваат децата, колку тешки денови носам на грб. Знам дека со децата ми е полесно и ќе ги надминам. Мора да сум среќна и силна мајка, мора! За нив, за мене, за бракот. Они заспани, мене ми се плаче! Солза немам пуштено 5 години. Нема ни сега. Се молам утре денот да го поминам силна и исправена. Ми треба помош, а никаде ја нема. Немам од каде да побарам, ама ете можам сама. Добра ви ноќ. Бидете силни.
Да се пожалам и јас бебе вечерва на максимум плачење што од грчеви и највероватно 3 скок,ми идаше да се обес.м,кај мене не е само бебе имам и 2 годишно дете кое не заспива без мене едвај ги заспав конечно.Направена сум коска и кожа.Има денови многу тешки што стварно не можам повеќе и си викам кај ми требше уште едно дете,таман навики створиме,ред и се и дојде нов неред,едвај чекам да дојдат подобри времиња,да помине сево ова лудило.
Фала мајки на сите за споделените искуства, олеснува кога ќе слушнам дека не сум само јас во оваа ситуација и дека кога тогаш ќе помине бидејќи сум жена перфекционист со бајаги анксиозност и често се запрашувам што грешам сега што не можам да си го смирам бебето… Сами сме со сопругот и он ми е најголема поддршка, знам дека мене ми е поттешко дека сум повеќе со плачките ама заборавам дека и он ги има скоро сите обврски околу домот и плус работи од дома слушајќи ги сите плачки. Премногу го ценам за се што прави за нас. И е таков човек што сака да сподели моменти со најблиски па макар и да значи дека ако ни дојдат на гости он ќе среди и исчисти се пред и после нив но ќе ужива покажувајќи им ги насмевките од ќерката. Јас сум таа што паничи што ќе правам ако не се смирува бебето пред други луѓе и какво мислење ќе имаат за мене - лоша мајка? Исто и за во парк и надвор на прошетки - ја вадиме надвор од сам старт и многу и годеше но периодов дури и кога мислам дела се и е погодено често знае да е со плачки, да не можеме да ја смириме и да брзаме дома… Ми годат и мене дружби и прошетки и сакам да не сум во тој бубањ на обврските околу бебето но ми треба да знам дека и луѓето околу мене имаат разбирање и не ме осудуваат дека нешто не правам добро за бебето. Ќе помине се, само со душа го чекам периодот кога смешките ќе бидат во поголем број од плачките… Сакам само да не ми се мачи бебето и да можам да и помогнам
И ова пратење на број на мочани пелени, саати спиење, буден прозорец итн така истоштува… Па иди вметни вежби активност во будниот прозорец ако начекаш да нема плачки. Па доволно ли и се овие вежби, ќе се развие ли, добро ли ќе напредува, зошто не ја интересира одредена играчка, зошто не ми сака да седи на tummy time на подлога, педијатарот да не ќе ми дрнда дека не сум ја форсирала доволно.. и такааа илјадници мисли еве и во ноќен подој
Денес е прв роденден на моите зајчиња.Не се повеќе бебиња...преминуваат полека во деца души мајкини Јас среќна пресреќна со трите дечиња,после толку години празнина срцето и душата на место. Среќен роденден сонциња мои. Повелете да почастам виртуелна торта.
Само прати го бебето. Еве за утеха мојта е скоро 9 м и несака на стомак. Ако ја ставам се врти секударно. Мочани пелени не сум броела. Спиела и спие кога и се спие. Како растат, сами си ги распределуваат дремките. И сами ќе си имаат тој определен прозор на будност. Не се оптеретувај толку со ,,правила” како треба да биде. Вежби кога дозволувала сум и правела. На сила и со плачки не. И секое дете е различно мами. Некое на 9 оди, некое дури на 15 месеци. Некое лази веќе, мојава не лази. И не го сметам за страшно сето тоа. Сестра ми прво проодела , па после почнала да лази. Некои па ич не лазеле. Само прати бебе и гушкај. Тоа им треба на бебињата. Гушкање и сигурност. Се ќе помине додека трепнеш.