Мојава ваква беше во саботата, не знам што и беше. Среќна, пресреќна. 6 саати не заспа преку ден, абе што не пробав, прв пат се деси. Иначе во врска со пари, леле само некој не среќава на улица и остава, мене срам ме фаќа. Му викам на маж ми леле детево ко извршител некој, собира пари од луѓе па дека образи има и коа ќе и врзам палмиче на глава, и сите леле леле ама е цуца и одма некој денар собира
Другар ми вика "Ти реков само се гледа бебето првата година, си ги покрива трошоците". И стварно е така. Во Скопје поретко, ама кога си одиме кај нашите и дека помало место и сите се знаеме старо-младо, викенд не е испод 100 евра. За срамота. Првите два месеци па да не зборувам, мало бебе дека ехеее.
Прво одење на малово на работа кај мене, се вративме дома со 8000ден, кој го виде сите кој стотче, кој петстотче, бос му даде 1000че за кафе 2 саати и една дремка, машала собра. Идам дома, мм од дома работеше, му ги покажувам и ми вика Коа ќе идете пак
Ова скоковиве луда работа… во прв а еве ја и сега во втор ми урла кога легнуваме на кревет пред спиење да се доиме и го плука цицето иако така правиме цело време пред заспивање и во тек на ноќ и не се смирува дур не ја ставам на перница за доење и цица без проблем… во тек на ноќ не се буни бар сеа за сеа
Ние сме така сега во 4 скок, па ја дојам на перница во спална на тивко и темно и кога ќе заврши, ја ставам во вреќа и давам цуцла и заспива одма во ноќта нема гајле, ама денски и пред заспивање никако
Лејди каде резервиравте јуни? Се пребарав или јас многу го тупам дека прв пат со мало бебе или стварно не можам да најдам ништо. Имате ли предлог за местенце добро за со мало бебе?
Да се улетам ко падобранец. Неа Флогита, Неа Потидеа, Фурка на прв крак. И на втор ако сакате апартман до плажа барајтр на Лагомандра плажата или Профи хотелот ѕирни го ама со цени гледам забегале. Ние бевме за 700е двајца со доручек и вечер недела дена, лани кога гледавме за со бебе беше дупло.
Ние во приватен смештај одиме близу Лагомандра, апартман, не ми се исплати искрено во Хотел, прескапо ми е.
Пресмешно испадна одвај чекав да се стопли за да седиме надвор ама од што е прежешко нема да излеземе Како е кај вас со комарци? Во ова глупово Ченто мислам дека им е местото за котење.
Хахаххахаха и беба уште собира пари кај и да одиме а веќе ќе биде 5 месеци. Мм вика повеќе пари од нас има хахахах
Партал сме и јас и дете. На мм ништо не му е. Се прскаме алка му купив него и пак знае некое да го касне. За мене не зборам па ич лом сум.