Следам една српска фармацефтка и многу убаво објаснува, она кажуваше дека Аутан и слични, иако пишува Фемили кер, се штетни, советува на билна база, Азета Био или Мапез. Јас користам Мапез. Овие алки не ми се ефикасни.
Открив екстра природен спас од комарци на дете. Етерично од темјан. Капнувам на облека и бегаат како луди од него И неколку темјана засадив на тераса, засега супер е не сме виделе комарец
Кога беше малото баш мало, јас не мачкав ништо, прскав пример на тетра пелена до него, над него, на количка... И делуваше.
Во Грција има по сите аптеки, можеби и кај нас, стикери цитронела се лепат на облека кај што не може бебето да дофати или на сандалчиња, комарците напаѓаат најмногу глуждови кај што пулсира крвта. И кај зглобчињата на рачињата. Јас секогаш им лепам по количка и сме немале проблем. Има и нараквици не мора да ја носи можеш да ја ставиш на количка од внатрешната страна.
Па според мене ова не е толку страшно пошо не се мачка туку е алка и си ја носи, а мириса на некоја билка а да ме утепаш сеа не знам како се вика. Лани имав и на количка и на него, иначе партал го прават.
Има јас земав од тука https://eliksir.mk/product/mapez-sprej-za-zastita-od-insekti-100-ml/ бааги силен мирис има.
Мапез не е баш за прскање, премрсен е, лом ќе ти направи се. Јас ја мачкав и ја оставав така да поседи малку да впие. Многу е мрсен. Имав и едни апаратчиња на чико што се закачуваа на количка, на некој ултразвук и ефикасни беа. Сега баш ќе ги активирам пак.
Уште неам ставено, земав и апаратче на Чико за количката и средство на Чико од 2+, ќе и правам patch test прво пошо и беше доста осетлива кожата сеа сме немале одамна осип од нешто. Мислам на тетра да прскам ама госпоѓата во раце е доста па ќе мора и на неа.
Се мислам и јас за тоа на Чико за на количка и тоа средството го фалат. Пиши како ќе има ефект. @thinkerbell
Две сум имала, едно за во штекер, друго на батерии. Пред 6 години ова за штекер било 800 ден, за тоа на батерии фрлена ми е кутијата Да се редактирам Изгуглав, уште се истите, во Зегин ги има и по продавнициве за бебе опрема. 830/850 денари се.
За сега резервиравме овде. Немам одено, ама убави коментари има. И најбитно, со плажа и лежалки на 10 чекори. Сакам да ми е плажата веднаш до смештај. Сега барам за во Јули ќе одиме пак 1 недела, сакам Вурвуру, ама фул е скоро се' што е асално...
И мојава ги гризе алките... Земав на количка ги закачив каде не и се толку на видик. И како стикерчиња имам што се лепат, и такви испозалепив низ количката. Ја возам голи раце и нозе секоја вечер, до сега ја нема комарец штипнато.