Имаа во Зегин слични. Вчера прашував и само во Гостивар ги има. А немам никој од Америка за навака за брзо време.
Па демек на природна база се, ама јас и ги тргам затоа настрана по количката некако, да не и се во видно поле и да не ги става во уста.
Рано рано станати, ме уништи скоков, нервозна е приплакува, кака нонстоп, бара храна како лудо, после и е тешко. И со мм сме со дупки во меморија, кој станал кога јадела... среќ апликација ако внесеме. будна од 2 до 5 вечер. и сабајлево приплакува стенка.. така пиев кафе сега второ а 12 е Па како ја ждригнувам ја напипав од левото уво двете лимфни жлези како поголемки, на десната страна нема ич. Ќе сум приметела да се такви... денеска сме на конторла едвај чекам. да ми каже нешто да ми олесни или пак ќе ми биде потешко незнам. Мислам детево има проблем со рефлукс и како расте поинтензивен е.. претходно само мукуз во грло сега и повраќа и ова барање храна нон стоп не е нормално.
На темава со комарци јас овие ги меркам.. не знам дали би биле ефикасни да ги поредам по двор ,има некој искуство ?
Здраво како сте мајки ние се снаоѓаме малиов е станат како стикер само по мене иде и во вц ми доаѓа со дубакот и кога се бањам мора да стои да ме гледа и слуша го легнувам да се успие и самиот се мести со грбчето да го гушнам и така заспива. Летово планирам на одмор да идеме но нема шанси со кола сало што возиме до кај моите до Ѓорче мислам дека душата ми излага рипа се влече се качува насекаде седиштето џабе е купено не седи значи и 20минути пекол ми се у кола..затоа мислевме да одиме Сплит имам и некои роднини таму и со авион за саат се стига идеално е сега незнам колку е таму бејби френдли плажите морето па и цените се солени. Па што мислите дестинација за бебе само не Халкидики мислам дека 30 пати до сега сум била.
Да го скршам мразот во оваа тема овде сте ми сите со мали дечиња па јас кај да е иако млада мајка ќе треба да си се префрлам во темата ние околу 40 На темата комарци за кои претходно сте пишувале верувајте најмногу нервоза ме фаќа. Големиот цело време летен период не поминува без касаници црвенила глупости, изгледа има блага крв(како што викаат старите) сум давала и сирупи за алергија ама не сум нашла саглам производ што штити од убоди од инсекти. Пладне дојде јас пола ден го преспав, во 12 саат станав а можеби и ќе преспијам уште некој сат малку покасно. третата смена не е за жени ама па цел ден си дома. Големиот е на школо малото руча јас си правам некои планови некои мисли разбиструвам.... со децава како растат се повеќе трпение ти треба ама нека се здрави и живи. Едвај чекам да заврши школскава година, искрено јас се изморив од обврски и веќе не можам и тоа да го мислам, ама затоа па од септември кога и малово ќе заоди на школо ќе биде тешко мене. Па женски ви посакувам пријатен ден.
Здраво мајки, пијам кафе и се мислам дека понеспремна за на одмор не сум била. Едино на депилација што бев сабајле. Ни куфери, ни алишта. Ај за нас мање више, за детево. Секоја вечер тргам да пуштам алиштенцата да му се преперат летни и секоја вечер заспивам цела недела. Периодов сум ко воз да ме згазил, а само излегувааг работи и работи, а ништо не правам буквално ништо. Имавме неуспешен обид за вадење памперс 2 ипол дена траеше. Си викам поарно кој ке мкнеше и нокшири по мене, ке пробаме здравје пак. За два дена одиме на Тасос, сеа си викам со кој памет резервирав не можев ли некаде поблиску ама сама сакав па ако ми е. Ништо паметно не кажав, имајте убав ден
ау познато чуство. Нас темата ОДМОР не ни е разработена а сакам негде да појдам и да одморам од се ама од се ние женове не може да одмориме така да... колку толку барем релаксација.
Колкаво е детенцето? Јас прв одмор со големата, на 10 мес со цел памет на Тасос отидов....како да ти кажам дека од тој одмор, до сега 3 год се поминати, подалеку од 300км од Скопје не сум отишла . Викендов сите на море, ние на планина. Нека се истрчаат деца во шума, нека подишат воздух, а мама и тато да си каснат во кафанката убава. Убав продолжен викенд
22 месеци ке направи сега на 11. Ние во глобала добро поминуваме со него по одмори и шетања. Сега бевме во германија 2ипол саати во авион не заплка со сите си збореше си шеташе. Ама ова мкнењево на траект па до смештај, сигурна сум дека ке му дојде преку глава ама сама сам бирала па ќутам.
За прв пат моето речиси 5 г девојче остана на спиење кај золва ми. 1г се разлика со братучед и ,не знам дали е заспана дома тешко заспива. Ја оставив мислејќи ќе ме задржат во болница ама не ,е сеа како јас ќе заспијам некој да ми каже
Мајки на две и повеќе деца, како одите на одмор, свака част! Леле со едно бебе се пакувавме 5 саата. А пак колку куфери и торби има ехееее... Јас не знам стварно со две деца како би отишле на одмор, не ми е јасно. Пази, без чадори и лежалки сме. На тоа не ни помислувам да макнам. Како ќе се износиме од кола, па после пак да се спакуваме... Па дома да се распакуваме. WTF?! Само јас ли сум будала што ми е гадно да земам транспортно од хотел, а си нудат. На цел товар, и транспортното е ставено. За новава кола немаме носачи земено, и не можеме тулето да го ставиме. Ама за во Јули одма штом се враќам сега ќе купам носачи, и куферот го местам. Бар растеретен да биде хаосот.
За 4 дена, 2ца возрасни плус едногодишно дете носевме 2 куфери, 2 ранци, плус количка, и тек тук рандом ќеси во последен момент што ни текнало дека може да притреба. Е научени после тоа си патуваме покултурно. П.с транспортно креветче не носев. А и не сум носела.
Добро поголемо е твоето. Тоа со траектот е хаос, така ги крцаат колите, од прозори искачаат луѓе. Чекај, чекај прво детенце ти е и прав подолг одмор, после тоа ќе растеретиш. Ние пред да го направиме второто баш од оваа причина џип земавме, зашто со едно во седан кога одевме на одмор не не собираше. Креветче никогаш не сум носела ама постелнини обавезно. На мали прв одмор му беше на 2 ипол месеци, спиеше на кревет и постелнина од смештај. Еве момемтално сме 4 дена на планина, во 1 торбица и 1 минијатирен куфер се склопивме сите четворица.
Мене ми е срам да кажам во каква кола едвај се собираме и тоа за испод недела дена а купивме нова пред да родам заради простор, на одмор со приколка ќе треба да одиме. Кажи ми од кај земавте туле и носачи, шо цена? Ги демонтирате носачите кога не го користите?