Ние имаме транспортно за по одмори ама во тој хаос од куфери, торби, кеси прошлиот пат на памет не ми падна да го земам и него. Ете го кај мајка ми стои откако го купивме. Постелнини земав и спиеше беба меѓу нас. Коса ми се ежи кога ќе помислам на пакување милион ствари и притресавање нешто да не сум заборавила.
На темава пакување, завчера бев кај мајка ми преку ден и ми е срам да кажам колку работи земав. Кога се вратив, маж ми вика кај беше бе, што е со ранецов што ќе ставиш ти за на одмор ако до кај мајка ти си ставила волку работи. Паника ме фаќа уште сега мене, и ние џип имаме и пак нема да не собере.
Ке олабавиш, ние првото шетање со бебе ни беше кога немаше ни 2 месеци, до Охрид имав изназемано 300 ствари. Лани па на одмор колата крцаше, а не е мала цитроен пикасо огромен гепек има. За на работа мм има камионет ми викаше како си тргнала со камионеткава ке треба да одиме Не земај креветче ама и јас постелини носам секаде. Ако нема креветче спие со нас на спална, еве сега ми рекоа соба со спална и единечен кревет ке ни дадат, па ке споиме се заедно, и ке спие дете у среде.
Кажи ми преку Кавала или преку Керамоти одевте? Нас преку Кавала ни е поблиску смештајот ама гледам нема нешто траекти или пак не им се запишани
И ние со пикасо лани до врв бевме полни и меѓу седишта и на седишта стававме . Се мислам за годинава и на кров да ставиме носачи а им се чудев порано на луѓе со големи и коли што ќе им е и на кров багажник .
Ja lani so edno bebe se pakuvav vo vakum kesi da ne sobere , mknev sterilizatori,kolicki ogradi za krevet
Хаха денеска ќе идам кај мајками, мм е на роденден и од сега се мислам што све да земам. Одмор здравје септември да пркнеме малку уште незнам каде, сакам да нема гужва, лани бевме на тасос скала потамија, вила екстра, во август голема плажа немаше гужва онака да немаш каде да се свртиш како на други места што сме биле и преубаво све само мн далеку ми е за бебушка, јас едвај издржав а ич несакам да патувам со сати. 3670 сме станале вчера на преглед бевме, плус бебе спиеше од 12 до 6, сега можам нива да изорам
Ние кола не возиме, до сеа со по 80л ранци сме кампувале или оделе на фестивали. Ама сме носеле све па и за готвење. Сеа со беба ваљда ќе треба само со еден пар гаќи и еден аутфит да одиме за да има место за све нејзино
На почеток кај мајка одев со големиот ранец од ќерка, плус мој ранец. Во ист град меѓудругото, не преку земја. Потоа почнав таму да оставам, мало пакетче памперси. Кога почна со каши, 2-3 различни. 2-3 комплети алишта за секој случај да не прокисне, се извалка, поврати итн. Ги проверував само за големина и менував по потреба. Играчки имаат нешто ново, нешто наше што останало. Така да со тек на време одиме само со малото ранче за во градинка и тоа колку да носиме нешто со нас. Не дека е којзнае колку потребно. На подалеку и 1 ден, спремам памперси за денот, влажни. 1-2 комплети облека. Храна и тоа веќе на 2,5 години јаде и од нашето ама сепак носам шмукалчиња, грицки, вода, кроасан/ѓеврек нешто што може да поткасне додека стигнеме да јадеме сите. Ако сме на гости по роднини додека стаса ручек пример, ако сме во парк/ресторан додека стаса храната. За одмор планирам 1 голем куфер за 3цата и 2 ранци. Во 1 крпите, бидејќи сме во студио сместени. Во другиот работи за по пат и играчки/занимации од ќерка.
Со две деца багажникот крцка до горе, и тоа голем багажник. Секогаш се смееме со мм кога ќе кажам само 2 куфера се и тој ќе каже и уште 100 ќесиња Првиот одмор ќе носиш се после наредните ќе намалуваш, и за нив и за вас. Сега веќе после неколку години одмори со бебе/деца носам крпи и тоа 2 големи ( по една на мм и мене и 1 за деца за бајнење и 1 мала за лице.), навлаки за перниците само, постелнина не носам, 2 тетри за покривање на децата, со тие и се покриваат дури патуваме рано сабајле. По 1 пар пижами за сите, и од гардероба пр. Ако сме 6 дена по 5 комплети за навечер имаат децата, а јас и мм по 3 комплети. Од обувки само пандофли и патики, со едните веќе сме облечени дури патуваме. Торбата за на плажа таа е посебно спакувана со купачите и крпите за на плажа. Стерилизатори никогаш не сум носела. Рачно со сунѓер и сјај сум ги минала шишињата. Блендер носев само првата година со првото(готвев во апп да биде пресно) . После тоа кога дојде второто (6м беше на одмор) јадеше готови каши на хип и холе
Ние земавме поголема кола, затоа што тројца не не собираше, а сепак ќе земаме и туле (планираме да изнајмиме, се надевам следна година нема да ни треба па затоа) Со мало бебе не треба многу, ама затоа големово... мора различна книга за секој ден, играчки, 3 вида кофи, гуми, мускули, неколку пара наочари што мора со купачите да одговараат, патики, сандали. Па мора и некоја друштвена игра за во случај да и се здосадело. А да и столче специјално за плажа (ова брат мк ме зафркна и купи, па леле он кога ќе им деца ) Е јас не можам со туѓи пешкири да се бришам, па една торбица имам со пешкири и постелнини. А каква подвижна аптека сум да не ви кажувам. Од тие најголемите торби од дм едвај ми собира. Ама трауми имам со ова мое дете, секоја година ми прави опструкции од влажноста на море и секоја година се тешам дека сега ќе е подобро. Па и инхалатор си влечкаме и се по ред.
Гледаш што фино си се местат коцките. Хахахаха, леле и маж ми тоа вика. Ја за на одмор една маица и шорцеви за бањање, за тебе и ќере цела кола.
Исто, еве за викенд од три дена што ќе одиме крца колата, набутано е нема место игла да фрлиш. Транспортно не носам, ќе си спие на тоа во хотел со нејзини постелнини. Не знам како ќе биде на одмор кога ќе одиме, кај ќе ставам се.
Женски да не имате искуство со Киндер парк? Да ми кажете како се движат цените и дали е добро? Ќе правиме крштевка и барам некое место што ќе биде добро и за деца. Не знам ниедно така да секој предлог е добредојден.
Ние до сега 2 пати сме биле некаде (кај моите) и претходниот пат седевме 20 дена, сега ќе седиме цел јуни, плус ќе идеме и на море. Колата крца, голем багажник имаме ама таков што е дел од внатрешноста на колата и го товариме до најгоре, кога возам нема гледање на среден ретровизор плус предното седиште исто до горе полно. Завчера кога се пакував се изнервирав зошто не ми е јасно шо толку многу носиме, ама најмногу од се едвај чекам да порасне беба за да шетаме со летна количка зошто реално количката е пола багажник. Ама пак за неа носам цел куфер работи зошто уште не знам да проценам што колку ќе ми треба Здравје во јули ќе одиме само на една недела па се надевам нема да е до горе полно
Изгледа само ние не земавме поголема кола . Ке рентаме туле за одмор, зошто ако купиме можеме само на плафон да го чуваме, зошто нашето е паркинг место, не е гаража. Btw ме нервираат новиве станови. Кај моите имавме стан со двор, гаража и поткровје. Сега само стан и паркинг простор и станата сум минималист и што се однесува до гардероба и др работи. Инаку еве одиме 3ца возрасни со бебе на пат, не собра багажникот и нешто храна/играчки за по пат. Сево ова зашто си го отупев мозоков од понеделник што ке ми треба, за да бидам оптимална. Одиме градска дестинација, шетање и до сега се што јадеше требаше да се приготви нешто. Сега одам со план за минимално спремање оброци, зошто планот е да шетаме. Си сакаме ние скитање и бебето. Барем до сега. Но финални впечатоци во среда
Имаме џип, со багажник од 620 л. За една недела, место во колата нема. Маж ми вози, јас со бебе назад. Предно совозачко до горе фул, меѓу мене и бебе две торби има, долу под седиштето на бебе на земја торба. Багажникот крцка до горе. Хаха купивме и ние џип нов кога се роди бебе. Другата ми е хеџбек, со туле одевме на одмор. Ама џабе, и со џип начукани сме. За следниот месец тулето ќе ги ставиме на џипот, бар во кола кај што седеме да биде растеретено. Се гушам кога има толку ствари околу мене. Од Полска се земени и носачите и тулето, пред три години некаде. Појма неам колку беа, ама знам дека беа поефтини од тука. Знам отидовме од тука начукани, и таму ги купивме па се возевме како луѓе. Само тулето го вадевме, носачите ги остававме на кола. Ама ако ти стои на сонце колата а не во гаража, тогаш вадете ги и носачите. На другар му се отвори куферот на автопат пред Белград, возејќи 160, од што цело време ги чуваше носачите и куферот на сонце. Насекаде беа по автопат алиштата на бебенцето. Собираа ствари по автопат, претрчуваа.
Ние скоро секој викенд одиме кај нашите. Некогаш и 4-5 дена остануваме. Истренирана сум за пакување за во Македонија хаха. Ама кај моите има кревет, постелнини, пелени, влажни, нешто од алишта. И не зимам толку работи.. Ама дега прв пат надвор, и не знам времево сега и топло и ладно. Алишта имам од најжешко до најладно. Хахха и јас имам во вреќи нешто ставено. Купив торба како со вреќа за вакумирање вградена, баш заради вакви работи. Купив и пренослива машина за перење. Секоја година најомразен дел од денот ми е перењето. А морам се добро да исперам преку ден што се носило, и крпи, бидејќи не можам да гледам нешто нечисто.
Јас за бебо си земам секогаш, има куфер негов од најмалите крца за него алишта. Сеа за на одмор му ставив 2 пара тренерки во куфер и едни ма него покрај сите шорцеви, комплети и партали и секако 6 ПАРА КУПАЌИ 6. Јас има 3 он има 6. Јас и мм у еден сме спаковани најголем плус пешкирите се кај нас у куфер. *ништо не ми се спаковано само нафрлано над куфер, вечер ке диплам.