Кај ѕверка во група има деца скоро 4 години што немаат мрп. Сите се тргнати од јасли и никој после тоа не ги проверил картоните. Кога беше паниката за пертусис ги враќаа тие што немаа ДТП. Јас жива радосна тогаш викам сега ќе ги стегнат и за мрп. Јок бе сестро. Еве ги уште невакцинирани се на 4 год. Се молам за денот кога ќе им ги вратат децата од градинка што 3 години каснат со вакцинација. Се надевам ќе дочекаме.
Не се надевај многу. Мене без срам ми побараа картонот од моето бебе даа го сликам. За да фалсификува дека бебето и е вакцинирано за да се запише во градинка. Ниту една вакцина примена, 3 деца. Значи претходните две деца веќе така ги пратила. И тие се сега 4 и 9 години.
Јас бев сведок како за 4годишно дете побарале од градинка да се вакцинира и родителиве врски бараа некој да им потпише дека е вакцинирано. Никој не им се нафати и го вакцинираа детето.
Молам?????? Јас па се чудев зошто не ми примаа слика од книшка во градинка и ме тераат да земам препис од картон од Букурешт со печат Очигледно си ги знаат градинкиве финтиве на акнати родители.
За жал и јас познавам деца без ни една вакцина едното веќе трето одделение другото градинка. Со фалсификати наводно дека се вакцинирани во соседството. Коса ми се ежи од муабетов.
Јас да си кажам дека многу ми е криво оти и ова лето детево наше нема море да види, одмор ме следува дури во октомври…знам дека има места што тогаш се топли ама не знам некако ми е многу далеку за одмор. Ниту викенд не можеме дека работам секоја сабота втора смена…не знам што да кажам освен дека се осеќам како тотален фејл ради ова, а зошто ете и сама не знам. Сакав да го израдувам со вода и море, стварно многу сакам. Најверојатно место на одмор ќе идеме на гости кај тетка му ви Белгија, не дека е лошо и тоа ама не ми е филмот. Така само да си поплачам и да си манифестирам пак една лото добивка за да не морам вака да работам.
Па директорот мој ми се јавува знае тетками во вакцинација работеше во др град не ск тоа време сега е во пензија, и за пријател во аеродром не му го примале детето во градинка а тоа више 3-4 год и да му издаде потврда дека примил све... Нормално му кажав дека тетками неможе тоа да го направи, за другарчето директор затоа што она работела 35 год таму и нема на крај од работен век да се бламира за такви луѓе. Не му беше сеедно ама тоа е.
Мама купи му едно базенче во дворче, секој ден ќе биде на одмор. Јас верувам дека децата толку мали се радуваат на одмор поради тоа што добиваат цел ден внимание од нас, немаме дома садови за миење и алишта за спростирање него сме тука со нив. Морето е бонус за нас да сме порасположени Дете не му значи дали е на карибите или во дворот, се додека си тука до него и правите нешто забавно. Спојлер: спојлер Зборам како дете што вкупно 2 пати било на одмор со родители преокупирани со работа, немале и не можеле повеќ и тоа е сосема ок, ама и не седнале да ме видат надвор од одморот. Фала богу сега јас имам и ја носиме ќере на разни места, ама не гледам дека она повеќе ужива ако е на некое посебно место. И на балкон сме си поминувале преубаво.
И ние ќе одиме дури септември, ама базенчето веќе е на тераса и секој ден се бања, малку им треба на нив да се радуваат. Стави базенче со играчки, пушти некоја музика beach vibes, едно ладно кафе и уживајте, каков фејл. Не се секирај, следната година здравје. Исто и јас сакам една лото добивка, колку поубаво ми е кога сум дома со него.. следната недела имам стар одмор, ќе се изнашетаме и изнаиграме и ќе одморам зашто периодов се преморив.
Е секако дека имаме базен, по цел ден е во него и со цревото во двор се шлака, ама ете филм ми беше и на море да оди…може ќе имаме за некоја тропска локација каде што ќе е топло и во октомври здравје.
Другари лани беа средина на октомври во камп во Грција и топ им било, зависи времето ама ете како идеја може да ви послужи. Децава се толку мали што кај и да ги однесеме ќе им биде убаво, ние си го ствараме тој родителски притисок. Ако имате базен во градот или во околните градови и тоа е супер еднодневна опција.
Да си кажам: убаво ми е на душичката...или не? Во Белград сме, шетаме како туристи и си видовме фамилија и од моја страна и од страната на маж ми. Детево нема на некој да не му се насмеа. На непознати луѓе на улица, едвај чека муабет да му направат. Една жена утрово застана да му прозбори и на крај вика и го разубавил денот. Јас ко мајка стопена ко путер. Една екскурзија деиј од 7-8 години поминуваат сите му мафтаат и тој им мафта. Мнг сака деца. А тој простотилакот во мене ми вика "абе дали е океј што дететво вака со сите слатко се смее". Не можеш подалеку од себе, ама пак убаво ми е. Расне малиот.
Овде ли се правеше муабет за пакување? Ја цел шкаф и го собрав за две ноќевања, кога ќе одиме на одмор што ќе правам не знам. А знаев дека ќе сум ваква, па и јас за мене и на месец да одам и на два дена да одам јас се пакувам исто, се што имам земам. Будала жена. Маж ми зема вчера со бебево во раце за 2 минути си се спреми бре жени, со се козметика со сè. Јас се туфкав цел ден и пак не сум спремна, ни јас ни бебе. Сите 4 јакни и ги земав, сите хеланки по долги хахаха ама па знае да се искака одма да и пропушти, што да правам. Во моја одбрана, не сум била во Берово од дете и не знам каква е климата, па за секој случај сѐ собрав, нормално едвај чекам да тргнеме, многу ми фали патување макар и тука во Македонија, да олабавам мозок малце. А може и на бебка ќе и дојде убаво воздух чист па да не почасти со спиење цела ноќ Малку фантазија не е на одмет
Леп провод мајка.. Берово е преубаво во лето..одиме секое лето,ќе одиме и ова. Вие кај ќе бидете сместени?