Колку месеци си во рабптен однос веќе? Законски за секој обработен месец ти следуваат два дена слободни додека немаш право на одмор. Ако бидеш 3,4 месеца до август, побарај им да искористиш 7,8 дена за на одмор.
Вистина ова? Мене ми рекоа дека ме следува ама дека мора да имаш 6м за да ги искористиш. Инаку 6 ќе имам до 15 септември. Ама после 15ти ќе користи прво колегата дека е пред мене, летото не можеме да користиме одмор зошто сме туристичк агенција и летото е период кога се работи турбо. Е сеа замислете туристички агент без одмор Секој ден гледам луѓе што резервираат одмори, а јас не
Да, ти следи по 2 дена пропорционално од секој одработен месец, после кога ќе стекнеш право на годишен одмор после 6 месеци ако си искористила денови ти се минусираат од вкупните денови што ги имаш по решение (мин. 20).
На мм му ги дадоа заедно со одморот. Да кажеме ако имал 15 дена одмор, плус тие денови му беа. Е сега и од фирма до фирма зависи, дали го почитува тој закон или не.
Да. Прочитај го законот за работни односи. Ако пример до август има 4 месеци како работиш. Искрено не знам кога си почнала со работа. Значи во август ќе можеш 8 дена да користиш. За секој обработен месец 2 дена слободни. Едит: сега видов во септември 6. Значи во август 5 би имала. После 15 ти август значи можеш да си користиш 10 дена. Барај им ги ако не 10 барем 5,7 колку и да ти дозволат. После 6 месеци веќе ти следува цел одмор. Овде ме станува збор за тоа.
Јас колку што знам тие два дена во месецот мора да се искористат во тековниот месец, а не да се спојат пример 4 дена од два месеци. Ако се искористат тогаш се одземаат од вкупните денови, ако не се искористат тогаш си остануваат да се искористат заедно (или како ти одговара) после 6 месеци
Се е со договор мене ми ги дадоа споени ама така се договорив. Директорката сама ми даде избор сакам по 2 секој месец или сакам одеднаш неколку во текот на летото. Прашај си во фирма @1209 Инаку и ние годинава домче ќе си седиме ,мојата разбира и веќе прашува кога на одмор и објаснувам дека оваа година само базенче бидејќи мало ќе ни биде бебето,можеби ќе скокнам до Преспа или Струга ама ќе видиме се зависи какво ќе биде бебето Ако е плачка најарно дома ни е
Ќере шо море со очи нема видено, а ни на слика колку шо знам 3 дена по ред ме прашува Кога на море? Како да и кажам дека ни јас неам отидено на море На нас ни е план во Бугарија да одиме да запознаеме дел од фамилијата на мм па може ќе и го покажам морето таму од далеку да го види
Не си по пливањето? Може да се спојат и да се користат. Ќе си поднесе барање до човечки ресурси бидејќи летово не и следува одмор. И по правило треба да и одобрат. Ама зависи фирмата.
На базен или на езеро неколку дена, да се залажат хехе Луѓе дај кажете нешто ефикасно против комарци, за возрасни ама безбедно и за мали деца. Страшно ме чеша, во спиење ме направиле лом. Среќа ќере не.
Мустикер Се колнам во тоа 3та година веќе, и за дете и за возрасни Гадно мириса ама одбива комарци на км
Одамна се мислев дали да се запишам во теретана или не. Пред бременост вежбав цела година и преубаво ми беше, многу бев дисциплинирана и го засакав како хоби заедно со јогата. Во бременост не ми беше дозволено за жал и тука заврши моето патување. Откако се породив 100 пати се ставив на мисла дали вреди да платам, дали ќе имам време да одам и слично. И денес се одлучив и отидов запишав 2 месеци наеднаш. Ќе се снајдам за време, теретаната ми е на 3 минути пешки, барем 4 пати неделно ќе одам, 2 преку неделата и 2 за викендот. Маж ми беше најголем иницијатор, тој ме убеди. Доста беше самосожалување за изглед, за немање хоби освен мајчинството, од утре идеме јако.
Sto im zboruvate na vasite decinja od 1.5 god veke mislam deka zboram na prazno nisto ne go interesira
Браво мајка! Само напред! Мене теретаната ми во зградата, одма до влез. Ама уште не добив ваква мотивација. Пиши по некое време некое искуственце Пред бременост вежбав баш, некогаш по три часа. Мнг ми беше убаво, сега ич. Ај ке дојде на ред и тоа.
Како навиена и зборував се што правиме - сега мама облекува чевли - Х облекува јакна Одевме по улица и си кажував - одиме во продавница, еве едно камче, еве ограда, еве куче, маче, види ги облаците. Буквално што ќе ми паднеше на памет да опишувам од околината и настаните што го правевме.
до 6 месеци немаш право на одмор но како што кажаа погоре имаш право на 2 дена слободни. Ама секако после тие 6 месеци тие 2 дена ќе ти бидат одземени од одморот. Јас кога се вработов (беше фебруари месец) дури во август имав право на одмор но дотогаш имав користено така денови за потреба и место 20 дена после август имав 12 дена (пошто нели сум искористила платени денови од одмор)