https://www.instagram.com/aa_memory_?igsh=MWgyNXVhMWRoN3Jwag== Најдов страна на инста, јас уште не сум направила мече
Да напишам нешто да ми олесни малце, осеќам како да ми тежи. Имам детенце година и седум месеци, од пред неколку месеци почна прво тој да си го мава главчето без никаква причина, сега скоро прекина со тоа почна нас да не удира. Значи ми ја откорна косат, кога ќе се налути за нешто, ќе му кажиме не можи тоа одма се лути удира, греби, се треска од земја. Имав една недела одмор и ајде од сабајле шетаме во парк мажот ми не носи со кола, а пешки јас го носев в раце нејќише да оди, ама ајде барем малце да излезиме да прошетаме, цела зима дома го помина и на секое влегување дома со плачки со трескање од земја, со тегнење дека неможам да го додржам за тој да ѕвони на ѕвончето. Последниот ден веќе толку не можев да се контролирам му свикав и тоа многу. Од после ми беше многу мака, ама веќе некогаш не можам да слушам и гледам кај по се трескат од земја за секоја ситница кога ќе му кажиме дека не можи тоа да го прави. Иначе многу ми е убав многу го сакам, најмногу ❤️
Тато и бебо спијат, мама прави ручек и го демнее букинг. Здравје во план сме на одмор да одеме крај на август, бебе тогаш здравје би имал скоро 7 месеци. Мене повеќе ме влечи планина и чист воздух, маж вели на море. Во план сум да си купам нова пегла, давајте предлози. На оваа душата и ја извадив и некако почна да ме зафркава на моменти. Пеглање мразам, ама морам. Немам сушара и на бебе алиштата не сум му ги облекла без да ги испеглам, страв ми е, мал е уште и мноооогу нежна кожичка има. Бебево ми порасна. Секој ден гледам слики и видеа кога беше новороденче. Тој период ми е како во магла дека депресијата си го направи своето, ама сега дури сфаќам кога викаат дека времето лета. Иако е тешко кога по цели денови сум сама со него, гледам да уживам во секој момент со него, дека никогаш повеќе нема да ми биди вака малецок. Веќе за месец/месец ипол ќе почнуваме во вкусови. Ќе ручка. Кадеее леташ времееее?! Ајде да прекинам додека не сум се расплакала хахахах. Ве гушкам.
Сабајлево ми излезе реклама на инста баш со оваа страна. Ама не знам од кај се, секако не се од МК. Има еден профил medo_memmo, жената што ги изработува е од Хрватска, и испраќа насегде низ балканов, ја контактирав пред 3 дена, ми се нафати, и еве оттогаш ја чекам да ми испрати податоци за испраќање. И пишувам не ги отвара поракиве, се надевам не се премисли, ептен ми се убави нејзините изработки.
Вчера се вративме од камп, и еве не цел ден затворени дома, се криеме од жешкото. Ај бар не сме во Скопје, ќе излеземе во двор попосле. Едвај чекам да дојде вторник, пак да одиме - овој пат со баба, дедо, и бато што многу не обожава, ќе и се качи на глава, ама убаво ќе и биде Синоќа наместо во 8 да заспие дека ни се врати саатот еден саат назад, она во 10 заспа, сабајле стана во 7и20, не сум научена, пред 8 не стануваме Ама затоа во 8ипол си легнав и јас со неа, 2ипол саати сме хрчеле (добро, се презаспивавме и цицавме во меѓувреме, ама пак се одморивме) 4ипол месеци станавме, лета време. Успеав да си земам уште 2 месеци неплатен, ама нареден месец сигурно ќе мора да се вратам, ама се надевам со скратено Завчера се свртивме прв пат од грб на меше на лева страна и сеа само сака да се вртка, ама смотла е кога ќе се сврти одма почнува да ја лока подлогата мора нешто да се јаде/лока цело време, да има нешто во уста, што дете ќе беше ... Се трудам да ја учам да заспиваме легнати на кревет, не дека многу ми смета да ја нишкам, ама многу е топло, дур да заспие препотена е и она и јас. Ако имате некој совет како кажувајте. И давам едно меченце да го гушка зошто многу сака нешто да има во раце, па планирам да го користам тоа само за заспивање, да и биде асоцијација за што е време, па ќе видиме како ќе оди Имам уште многу да си кажам, ама ај овој пат доста е Се надевам сите имате убаво лето
Да, кај нас стварно нема никој (освен ти што се понуди), или барем јас не успеав да најдам. Има рачна изработка на играчки, ама најчесто плетени, или некои куклички кои се сепак многу различни од ова. Ако си имаш дарба да создаваш вакви работи, почни си.
Земи си од парните генератори на Philips, погледни на страната на Нептун, имаш различни модели и зависи нели колку пари сакаш да одвоиш. Убаво се пегла со нив, не подесуваш температура и не се секираш дали нешто ќе упропастиш. Поедноставно нешто за користење нема.
Читајќи постови како на @Yowannty , @QweenSM и други сфаќам колку многу пропуштив првите месеци од мајчинството. Фактички бев 24/7 со бебе физички, а психички растргната на милион страни. Да погодам се, да погодам на сите, да сум тука за себе, да направам не знам што. Конечно тек сега после 2+ години можам да речам дека стварно уживам со дете. И во игри, и во шетање, и конечно се разбираме кој што сака, што треба и кога треба. И конечно имам и време за себе лично да откраднам и покрај дете што е пак со мене. Не дека некогаш било детето во втор план или запуштено или не знам што ама сите фази јас ги доживував која од која потешка. И бременост со многу стравови. И после пораѓај, 300 чуда. Па чекај грчеви да поминат, па чекај заби да излезат, па да седне, па да лази, па да прооди. Па да прозборува. Измеѓу градинка, болести, ненаспаност и сето тоа. Тек сега веќе мислам сме на прав пат со сите мои замисли.
@Miss_S Од збор до збор мајка. Многу пати пишував ама кога се отвори тема пак ќе напишам. Единец сум и цел живот сама. Мама и тато на работа, баба и дедо земјоделие и од многу мала сум сама. Да имам дете ми беше нешто најпосакувано на свет. Уште од мала се замислував дека сум мајка. Си имав една кукла која ми се викаше Кристина и секогаш си мислев дека е мое бебе. Сакав да сум мајка повеќе од сѐ на светот, ама за мајчинството имав сосема друга замисла. Дојде денот и станав мајка. Јас буквално се изгубив во улогата. Не ми беше верно дека цело слободно време кое го имав, сега го немам и морам да се грижам за едно мало човече 24/7. Во почетокот наместо да уживам со моето новороденче, јас плачев секој ден, одев на психолог, тагував за мојата слобода, буквално. Наместо да се радувам дека го добив тоа што сум го сакала уште од мала, јас паднав под страшна депресија од која што едвај излегов, благодарение на антидепресиви. Тагував дека неможев веќе да јадам на раат, да се избањам, да отидам до продавница. Тагував дека морав да брзам и да трчам цело време за сѐ. И многу ми е криво дека така сум размислувала во тој момент. Не ми е ни сега мед и млеко, имам на моменти пак такви мисли ама на сосема друго место сум психички. Може и повеќе сум уморна откако што бев кога се роди, ама сега веќе си зацртав во глава дека тоа е, такво е мајчинството и нема назад. Едноставно јас го донесов на овој свет и морам да си ставам во глава дека слободното време ќе го имам пак понатака, ама сега за сега не. И покрај сите тешкотии, за моето бебенце би поминала и уште 100 депресии, само да знам дека пак ќе си го имам него за син.
На профилот mamas.macedonia на инстаграм во highlights имаат објавено вакви мечиња, немаше мн друго инфо освен сликите, ама можеш да провериш да прашаш.
мене ме асоцира дека на праг се крај на скокови и почеток на тантруми. Не знам,и јас имав такво бебе пред 11тина год. Абе да се дрецка од вриштење од тегнење ни да излеземе ни нешто да направиме. Како сум се снашла да го издржам тој период само Господ знае.
Ај да си ја олеснам душичката тука. Откако се роди бебка се осеќам изгубено, планирано бебе ни беше. Се надевам до кај 2 години ќе се пронајдам повторно... Жени толку се осеќам запуштено и несредено, што не е типично за мене. Многу лошо се осеќам во сопствена кожа. Кажете како да си помогнам. Мм си ги врши сите должности како сопруг и татко, се сами правиме, после бебка малку и финансиски сме кнап и не можам да си дозволам ништо за себе. Не очекував дека ќе помислам што ми требаше ова, и се лутам сама на себе што помислувам. Ми треба и друштво од тазе мајки...другиве само префрлаат дека се жалам.
Тоа што ми помага мене и кога сме имале лоша ноќ а не кошта пари е секое утро туш, миење лице, крем, коса врзување/чешлање/плетење, чиста средена облека и стартување на денот. Како да се спремаш за негде ама само одиш во дневна. Вака се осеќам како човек. На секое миење коса ја фенирам како и пред бебе, 20минути е цела процедура ама многу ми значи. Мене па не ми треба друштво од тазе мајки. Дали јас сум налетала на такви ама многу сакаат да се споредуваат. Кога заспива, како го хранам, кога го бањам, од кај купувам облека/опрема, се врти ли, фаќа ли играчки и слични прашања ме вадат од такт. Секој да си прави со своето бебе како смета дека е правилно. Попрво ми се седнува со другарки без деца/израснати деца да кажат некоја дешавка од надворешниот свет
Добра идеја, ќе почнам тоа да практикувам. Најверојатно мене другиве без деца не ми се погодиле, и јас сакам за нешто друго да се зборува освен за деца, но сами прашуваат и потоа кога ќе им кажам, коментарот е : еее па и ти бебе е, само се жалиш.
Баш ова тргнав да ти го пишам. Ми требаа точно две години да си дојдам на она што бев претходно. Секако не можеш скроз, ама најприближно. Детево престана да ме бара само мене, почна со татко му да оди во парк, да играат, го одбив од цицање, почнав сама да излегувам, да одам со другарки, на концерти, свадби, викенд со мм, семинари.. До тогаш сегде морав да одам со него, на фризер, лекар, дури еднаш и на работа кратко. Ама и покрај тоа што детево беше две години само со мене и го имав изгубено идентитетот скроз, се решив за второ релативно брзо, со тоа ти праќам порака дека не постои поубава улога на светов од улогата Мајка и дека кога би бирала пак бирам да сум до нив и со нив. Брзо растат, уживај во секој момент, година две летаат ко ништо. Буквално се се надокнадува освен деновите кога биле мали.
Ова и мене ме спаси. Јас го правев наутро во дремката на бебе периодот. Се спремав како да ќе одам некаде а уствари само кафе правев и искачав на тераса, со моите цвеќиња опкружена, со многу воља за денот, книга, музика, телефон, што те прави среќен и задоволен и едно кафе раат наутро. Потоа прошетка, вежбање, туш и обавезно една дремка со бебе. Готвев попладне најчесто или кога е топло за да не губам време од периодите кога е бебе будно да искористам за прошетка или играње. Мене книгите и сериите ме одржаа во живот, да не мислам на глупости.
Како читаш книга жено… желна сум една книга да прочитам… жими се ко да знае дека фаќам кафе или книга или серија… одма филџани очи или почнува драми да прави..
Од човек што чита секојдневно дали 4-5 книги имам прочитано во овие 2,5 години. И тоа симнав и еден куп на телефон демек пред спиење да не вртам безвеза содржини, да си читам. Тек сега некако фаќам ред, да изгледам филм, серии не сум почнала и тоа мислев на телефон да ставам Нетфликс акаунт само да за видам нешто. Или јас не знам да се организирам или стварно немам сили и време. Во 17:00 се прибирам и додека да заспие ќерка јас сум преморена и побрзо од неа заспана.