@Зеленоокатаа моето бебе не е толку големо, 10++ е. Ама точно знам како се чувствуваш. Моето бебе додека не почна да седи само и да фаќа играчки, некаде околу 5ипол месеци (што е релативно рано), ништо не можев да завршам од почеток до крај. Ни мислите не ми течеа нормално. После знаеше да се заигра (читај 10-15 минути) и некаков ред да си воспоставам, да се соземам. Бидејќи подолго од 40 мин не спиеше од кои првите 10 цицање и заспивање, јас навечер пред да го заспијам, го оставав со сопругот, да се истуширам и средам. Што вика @Noemi да се исфенирам како пред бебето. Чиста и измиена. Си купив убави хеланки и блуза за шетање кои секогаш ми беа спремни ако излегуваме од дома, да не мислам што ке облечам, зошто ништо не ме собираше. Се си цел да се осеќам добро кога ке излезам од дома. Пред да дојде некој да го види бебето, јас се мијам и облекувам чисто, за да не бидам ко од поплава исфрлена. Кога се ставив и себе си во приоритетите, подобро се чувствував. А кога добив 9 месеци по породување, уште подобро. И мене другите мајки ме напнуваа. Сакав некој од друг свет да ми прави муабет.
Исто се осеќав со двете деца кога се родија иако со првото не толку. Со второто знам дека месец дена ич не функционирав. Не знам кога заспивав кога станував кога работев што работев обавези ово оно.... после се стабилизирав ама време за себе човече јок. Времето кое малку го имав ми беше избор,дали да го искористам за кафе и релаксација дали за спиење и одмор дали да присработам дома. Децата ќе пораснат ние ќе имаме многу време за себе и ќе бидеме средени и расположени ама времето поминато со нив ќе се намали и ќе патиме за тие денови. Затоа чувствувајте се убаво и уживајте со дечките какви и да сте зашто ќе пораснат.
Нешто ќе страда, не може се да е потаман. Од дупла девица со осд се научив да пикам по плакари за да е средено и да затварам се за да не се гледа. Се навикнав на хаос и така функционирам. 9г се во прашање, тренинг. А да, си купив и ламбичка за ноќно читање. Давам ќеса макарони да ниже на конец, коцки, пуштам цртан и то се тоа, нешто ќе упали.
Не да сум желна... Душата ми плаче за книгичка. На одмор како си го однесов Киндл-от, така и си го вратив... А синоним за одмор ми беше киндл во рака цел ден, и барем 4-5 книги прочитани на одмор. Кој знае кога ќе биде следно тоа реалност.
Да ви кажам мајки, каков попуст на детска облека има во Н&М, чудесен. За девојчиња има боли глава. Купив подарок за роденден за 780ден, 2 сетчиња шорц со кроп топ и капче.
Не беше лошо, најдов преубав елек за големиот за 400ден, таквите во сезона по 1800 се. За мајка нацки, ама мајка купи катаљон книги минатиот месец па нема.
Еве сум Таман ќе се решам да пишам на некоја тема, ми се затвараат очите или пишти некое дете Денеска lazy saturday, со маж ми сме пружени еден на двосед, еден на тросед, стануваме само ако се степаат или за пелена Ни ручек, нарачка денеска. Уморни сме многу, не од деца туку од работа и домашни обврски. И пак е хаос, џабе сум на нога 15 саати. Баш гледав видеа пред некој ден колку ни било чисто додека идеа двајцата во градинка, сега со бебе дома пак е хаос. Ве читам за депре фазата, новороденче. Јас па најмногу време за себе имав додека беа бебиња, книги, серии, шетање. Сега немам време ама ич. За да си направам време за себе после ме чекаат милион останати обврски и се каам. И me time веќе не сакам, порано седев до касно откако ќе заспијат ама сега сум кома заедно со нив. Не ми требаа две години да се пронајдам пак, на година ги пратив во градинка и брзо после тоа се враќав во нормала ама таман ќе застанам на нозе пак останував трудна И така еве 6та година во зачаран круг трудноча, грчеви, заби, тантруми…Само чекам октомври да го пратам и третово во градинка и да ставам некој ред на се. А тие стресови после пораѓај си ги правиме самите, барем од денешен аспект тоа можам да го кажам. Читаме по интернет, се спремаме да бидеме супер мами, посветуваме премногу внимание на толку небитни работи, а единствена задача ни е да бидеме до бебето и да уживаме. Се надевам дека по оние темите за бременост ги нема веќе дежурните осудувачи, со првото кога бев бремена стално читав некои правила од остварени мајки што и како е ‘правилно’, па така и јас многу си го отежнав веќе тешкиот живот во корона. Среќа што маж ми ме истрпе и ми беше поддршка, па може и на време се свестив и поминав без некоја посериозна депресија. Барем можам да кажам дека со сите три деца поминав сериозно квалитетно време, може и премногу. Само опуштено. Нафрлав теми што ве читав претходните недели, може е сакам кажам не знам речам ама толку ми работи мозокот И дајте бе мајки кажете ако ве има тука што сте излезени од сабајле до вечер. Кога постигнувате, како? Кога перете, чистење, ручек, деца по активности? Како стигате, кај грешам? Два саати ќе излеземе и како денот да ми завршил, немам време за ништо, јадеме дури во 17-18h, на децата се им е поместено и не можам до касно да ги заспијам. Или може моето опкружување е такво, абе од сабајле до вечер буквално се излезени со децата. Се чудам.
@Skyler , какво излегување, каков живот. Во 17:00 влегувам дома и што побрзо. Гледам викендашки да спремам повеќе храна, па само да јадеме или одмрзнеме и притоплиме. Веќе и детево знае да помине со ѓеврек за вечера или да искористам излегување ем во парк, ем од нога да каснеме кроасан нешто такво. Ни стасувам, ни ништо. Еднаш во месец праќам дете целодневно на поседок кај баба и фатам се како што треба. Машини пуштам во викенд или навечер, кој ќе стаса става на балкон за сушење, дали под ред или по криво, по лево, се сушат. Пеглам по потреба само. Излегување пишав ми е со дете или по маркети да испазариме, или во игротека со другарки, ем деца да играат, ем мајкиве да пиеме кафе. Или во парк сега летово. Почнав и цртани на попладне по пола час да пуштам за да стасам нешто. Чистење низ дома преку неделата како мачка со опаш да поминала, бар и за дете купивме сет за чистење, да се влечка по мене демек ми помага. По генералното е во недела или маж шета дете јас чистам или обратно. Се научив да живеам со хаосот. Некогаш си мислам со повеќе деца може е полесно, бар едно со друго да се занимаваат.
Ми фалат алишта особено некои летни што ќе можам и надвор да ги носам и да ја дојам малава па се мислам деновиве да видам во city mall ама морам и бебка секако со мене. Има ли соба за доење во city mall? А за пресоблекување во детско wc претпоставувам има некоја маса? Глупи прашања малце знам ама паничам дека нема да се снајдам со бебка не сум ја носела се уште во mall. Патем од каде наоѓате асални алишта за доилки - маици, фустани? Сакам да се осеќам поубаво кога ќе излезам од дома со неа а не ко бездомник
Не сум од Ск и не знам за тоа ама во градов кај мене, нема ни трговски ни ништо. Кога сум била со количка излезена ако имало потреба менував памперс во количка. Под услов ова со количка да одиш. За јадење исто кај мене со Ад дека, се што правеше, правеше во количка.
Има и во сити и ист гејт, солидни се, со фотеља, маса за пресоблекување, чешма за раце да измиеш. За таква облека најдобро Ваикики ама прошетај може и нешто друго ќе најдеш. Со бебе најдобро порано да одиш, покасно едвај се доаѓа до лифт, деца пиштат, нема да ти спие раат да шеташ.
Си купив во вајкики маици широки со дизни, и имаше убави сиви како хеланка звонарка фини мн и лесни. и кратки шорцеви две бои и менувам со маиците. Мн се осеќам големо во фустан моментално. Друго не ме собира од алишта. Денеска бев х&м ништо не ми стои убаво.. или не сум навикната да се гледам вака. Влегувам пробувам и се пцуам и излегувам па мм кога ќе ми рече и ништо не земаш . Ја пресоблакам на брза рака на ќош кај зегин и таму ја ранам со шише а и би ја доела со една тетра. Гнасни се вц и мирисаат не би влегла искрено. Еднаш затргнав и се вратив. Денеска исто во парк, набрзина менувам пеленка спремна сум хаха ја усовршив, имам најлончиња од дм, дезинфицирам раце со спрејче менувам бришам ставам кремче веледа и затварам. Купив ромпери полно од вајкики, х&м и тоа и е облека и чорапчиња обавезно хаха мм викаа како чизми и се од зара ги зедов на попуст кога беа.
Јадат надвор, купечко или некој помага, нема друго. И јас исто сум се прашувала, имам колешка што дома не е влезена, ама маж и пржи и јадат суво, мајка и што ќе и подаде или нешто такво. Децата и спијат по коли зошто има релација за возење и дома се прибираат касно. Затоа дома секогаш и е чисто, не седат дома. Зиме лете е така. Е за сметка на тоа сите се плус сајз ама дебело плус сајз.