Пишав јас во последно мир најдов во тоа да пратам дете со маж на прошетка или со баби и дедовци и да исчистам на раат. Си го гледам домот цели 10 минути чист додека пијам кафе. Е после моето "торнадо" се враќа дома и почнуваме со нов круг на растурање.
Тоа што ти се случува е кластер фидинг нормален дел од доењето, давањето АД нема да го реши проблемот затоа што тоа цицање не е од глад. Освен ако скрос не сакаш да се префрлиш на АД. Ако сакаш да продолжиш да доиш треба да го издржиш периодов затоа што бебето моментално стимулира -ствара побарувачка за телото да произведе толку млеко утредента. Спиј кога спие она, кога цица намести се удобно, гледај серии, многу тежок период е ама е период, нема некоја што не била на раб да се откаже мислејќи дека бебето дреме на града пошо нема млеко итн.
Другарки, со живо здраво дете никогаш нема да ви биде чисто дома. И тоа е сосема ок се додека мравки не шетаат. Мада јас пајаче најдов па ми текна дека неам фатено пајажини 2 месеци
Јас со 7 месечно бебе, наиграно, на јадено и средено, секогаш се под конец и ручек спремен. Фативме мравки од терасата ...Ама за да биде се под конец последици си имам јас. Се трудам да не се оптеретувам да биде секогаш се средено, но јаче е од мене. Сакам и јас малку да здивнам.
Назад ти е зимата сестре Земи олабави се оти од ко ќе напраи година конецот нема да знаеш кај ти е Сеа ми текна дека треба да шијам уво на Стич. А не знам конци и игли кај имам. Ќе ме задави ко ќе се врати од градинка и Стич уште ќе е глув на едно уво
Со едно дете т.е бебе се постигнува се' ,ама со две,три мали деца тешко да се постигне се' ,па и октопод да е мајката,пак не бива,нешто мора да "трпи".
Делфи, за овоа едното шо го иам 3 октопода ќе си посвоам за да ми завршат работа, 2-3 робот правосмукалки со џогер обавезно и еден кловн да и прае забава 24/7 И па нема да биде завршена работата
Па и треба веќе, ќе ми пројде живото во нервоза за чистење и се да биде по правила. Што е Стич? ахахаха
Ете овоа смешното @DELFINA81 Мамето ми го расплака со овој Стич Фустани, пантолони, блузи, САМО СТИЧ ДА Е
Дајте рецепт за постигнување се со едно дете. За другарка прашувам Горда сум си кога успеам ручек да направам и кујна да средам, на другото мижам и чекам магично да се среди само.
Го имаме истото плишано,кога и беше ново цела недела во градинка со него одеше. Секаде го мкнеше со неа. Е сега сакала и столче во форма на стич и да му седела на мешето на стич.
Го има оперирано Вчера беше паника мадафака МАМАААААА УВОТО УВОТО МАМА УВОТО ПАДНА Се гледаме бледо со маж, мислев нејзиното уво и отишло некаде ХАХАХАХАХХАХААХ ме прочита погоре дека пајажина неам средено? Монтесори може од мене да учи Заборавив... И саат купивме со Стич. Будилник таков, со стрелки. Небитно шо појма нема од саат и стрелки. Битно Мамаааа Стич саатот е многу убав
Типс & трикс - од кога стана свесно ова чудово по дома што го имам дека нешто е скинато, одлепено, скршено чувам во кујна кутија со селотејпи, па течен лепак, па конци и игли. Одма како прва помош тука. Е сега се си бара да лепиме ама ќе помине де.
Леле за мравките, внук ми 3ипол откако почна да јаде им се појавија мравки дома во зграда, господинов го фатиле како им рони бисквити по ќошиња на мравките пред некој ден, да не биле гладни додека е на градинка