Што удривте на тема чистење и готвење? Кај си @Tea SK дај некои сексови/мексови, некоја смешка. Што е ова само озбилно да се зборело. @LiquidLuna и ти се навлече на темава чистење
Да бе стварно, Луна шо ти е За смешка слушај ја Луна пред некој ден. Праам бебе ко демек, ама поднапиени т.е. одлешени од пиење и испаничив зашо си заврши работа И ме глеа таков уште да ме утепа ПА НЕЛИ САКАШЕ, НЕЛИ СЕ ДОГОВОРИВМЕ. Ауч, да бе
Полошо сестро, имам маж што за се вика, не е за фрлање, ќе го сошиеме. Не можам ни чорапи, ни ништо да му фрлам, во негово присуство де тоа. Во отсуство е друга приказна.
Double checking - Њама. Или у земја пропаднале или никогаш не сум ни имала зашо не памтам дека некогаш имам сошиено нешто
Ако нешто најмногу ми е криво со првото дете е што чистев параноично. И цело време собирав играчки по неа. Да не спомињам колку пати чистев под и пребришував балконски врати оти оставаше отисоци од прсти и носиња насекаде.. а бога ми и од јазик. Евентуално, се опуштив. Сега имаат нивна соба и сите играчки им се таму. Се собира навечер пред спиење. Преку ден ги оставам да уживаат во нивниот мал рајски хаос. Ама навечер мора се да се собере. Овие неколку денови бебе е закачено за мене како коала беар. Не можам цицка во прслук да си соберам, а да не се разбуди и се ново на ново. Вчера капнав и решив и дење да го заспивам легнати на спална и ни тоа не ми успева овие 3 дена. По цел ден сум на моб и не пропуштив ниедно стори да видам, а претходно неколку дена пропуштив битни датуми оти не доаѓав до мобилниот. Знам дека ќе има вакви денови, ама тешко ми паѓа што не можам да ги намирам другите две соодветно и во моментот кога сакаат и како што сакам јас. Да беше едно ќе лежев со него по цел ден… ама го немам тој луксуз сега. Сосем наивно овој пат верував дека ќе добијам бајче. Онакво што само цица и спие. Убедена бев дека ова бебе ќе ми биде награда што ги преживеав другите двајца. Ама не, сега преживувам тројца. Не дај боже да се изнервира. Па тоа урлање и кревање куќава во вис. Цело време читав низ форумов како викаат првото лошо, ама како второто и 5 би родиле или обратно. И си велев.. две се терсене, ова мора да се погоди. Аха да. Сега ми преостанува само да се тешам дека раѓам деца со карактер за да не полудам целосно дур се вака мали и талибанци не им се рамни кога ќе решат да не тортурираат дома. Бар бебе спие најдобро од сите тројца. Се буди 3 пати ноќе ама тоа ич не ми паѓа тешко, другите двајца знаеле и на 45 минути. Ноќеска секако не спиев. Ем беше топло, ем маж ми кога се прибра во спална накај 9 ми кажа дека претходно дур туширал деца, по ногата забележал крлеж. Не можел да го утепа го пуштил низ лавабото во тоалет. И ми текна дека ја така кога ќе пуштам пајаче шат пат оно ќе се враќа назад низ цефка се дур не го смачкам. И се врати истураше киселина некоја ама 2 саати подоцна… крки можеше да е било каде низ дома. И така си преседав цела ноќ будна од језа дека негде дома ми шета крлеж. Во поинакви услови, утрово ќе претресев се, ќе усисав и ќе мавнев мини генералка. А вака бебе не дремнува без мене и не можам ништо од тоа. 736382 обид да станам без да ме осети, да си го наполнам стенлито со вода и да исечкам јаболче за средниот џамбаз. Поише од тоа нема да издржи сам. Сакав да прашам, какви долгометражни цртани гледаат вашите 5-6-7 годишни? Немам до сега дадено, генерално многу малку гледаат тв. А мислам дека ќе биде заинтересирана да изгледа нешто.
Ама знаете кога да ме свикате другарки, на боловање сум од денес. Ме викнаа од градинка да си приберам дете, жолто му течело од окце. Ама ќе си одмориме дома до петок и мајка да земе душа, последниве 2 недели турбо бев. 2 нед прекувремено на работа, спремање прв роденден, справување со 2 деца секојдневно, мајка се разболе. И така болна си одев на работа, со грло фатено и нос растечен де, не со нешто страшно, спремајќи се за денешниов ден....очекувањето кое секогаш си стои, отворање боловање за дете. Што сте се фатиле за играчките на децата тоа не е растурено. Кај мене стално има низ цел стан. Јас кога викам се пофаќам мислам на се чисто ама играчки хаос сегде. Имам протокол, кога пуштам робот сите четворица застануваме во дневна и ги фрламе во детска, фемили бондинг тајм. А детска, баш ми е гајле што е растурена, што сакаат нека праат таму. Него за сексот дојдов јас, да не забегавам со домаќински муабети. Секс немало недела ипол, со надеж за имање викендов. Преку недела кога сум на работа Бред Пит не ме станува за секс навечер, а маж знае ич да не се труди. Значиии едвај чекам на одмор да идеме и таму да немаме секс 10 дена, зашто сме сите 4ца во една соба . Среќа во август идеме па ќе ни се посреќи до тогаш уште едно 5 пати по дома сигурно. Дете спие 2 саати, не знам што со себе, ми фали она кога имаше 5 6 мес, па дремките му беа по 20 мин.....лажам, ич не ми фали
Ви фали свекрва по дома Ако прочепкам низ нејзини работи (жива е мојава) и конци за везење и по некој гоблен ќе излезе за доработка. Друг муабет, една недела ми требаше да сфатам дека ќерка веќе почна да кажува кога е покакана и се држи за пелена. Неколку пати трча дете по мене и вика кака, кака и нормално јас не перцепирам што сака да каже. Ај да видиме деновиве да не и текни дека не сака памперс да носи повеќе.
Ааа јас синоќа имав се*с, не било лошо Мм малце ми се налути пред некој ден оти стварно ич не му посветувам внимание, па синоќа му реков дека ако добијам масажа за предигра може и ќе добијам желба. Обична и еротска масажа заврши работа, ако на некоја ви треба совет како да добиете желба за такви возрасни работи
Мене масажа ми треба. Ама маж ми толку не го бива за масирање и никогаш не ме одбива, ама кога и да му речам дај малце замасирај ме овде, после ме боли уште поише.
Јас се вратив на работа до 6 и не можам да се навикнам. На Бред и онака нема да му се соблечам ама да дојде пример овој од спојлеров Спојлер: Џеки Тебе ако ти треба 4то дете, барај масажа
Јас сум олд скул сестро, Бред, Џорџ Клуни, Лео ди Каприо.....и од нашиве Никола Димитров, бившиот министер
Не ми се добри горенаведениве у денешно време да ти кажам право, за мој вкус Џеки ми остана симпатија за век и веков Како старее се посекси е
Види ја бе за шо се фана Наметка за криење на алатка е Дај бе не ме терај да се враќам да го гледам, ќе го урамам у дневна до после